1Во Иконија тие заедно влегоа во јудејската синагога, и зборуваа така што големо мноштво Јудејци и Елини поверуваа.
2А Јудејците, што не поверуваа, ги побунија и раздразнија душите на незнабошците против браќата.
33,12; 19,11Но тие сепак останаа тука доста време и смело говореа за Господ, Кој сведочеше за словото на Својата благодат, давајќи преку нивните раце да се случуваат знаци и чуда.
4А народот во градот се раздели: едни беа со Јудејците, а други со апостолите.
5И кога незнабошците и Јудејците, со своите началници се подготвуваа дрско да ги навредуваат и да ги каменуваат,
6тие, штом разбраа, се засолнија во ликаонските градови Листра и Дерва и во нивната околина;
7и таму благовестеа.
Исцелувањето на куциот човек. Беседата на Павле во Листра8Во Листра седеше еден човек, немоќен во нозете, куц од мајчината утроба, кој никогаш не можел да оди.
93,4Тој слушаше додека Павле зборуваше; а Павле, го впери погледот во него и виде дека тој има вера за да оздрави,
10па му рече со силен глас: „Исправи се на своите нозе!“ И тој скокна и почна да оди.
11А кога народот виде што направи Павле, го подигна гласот и извика на ликаонски: „Боговите слегле кај нас во човечки лик!“
12И Варнава го нарекоа Зевс, а Павле Хермес, бидејќи тој го водеше зборот.
13Жрецот, пак, на Зевс, чиј кип се наоѓаше пред нивниот град, доведе јунци и донесе венци пред портата, и сакаше заедно со народот да принесе жртва.
14Мт 26,65Но кога апостолите Варнава и Павле слушнаа за тоа, ги раскинаа своите облеки и се втурнаа меѓу народот, гласно викајќи:
153,12; 4,24; 10,26; 17,24; 2 Мојс 20,11; Пс 145,6; 1 Сол 1,9„Луѓе, зошто го правите ова? И ние сме смртни луѓе како и вие, но ви благовестиме за да се одвратите од овие празноверија кон живиот Бог, Кој ги создаде небото и земјата, морето и сѐ што е во нив;
1617,30Кој во минатите поколенија ги остави сите народи да одат по своите патишта,
17Пс 144,16; Пс 145,8па сепак не се остави Себеси непосведочен, правејќи добро, давајќи ви дождови од небото и плодоносни времиња и исполнувајќи ги нашите срца со храна и веселба.“
18И зборувајќи за ова, одвај го убедија народот да не им принесува жртва.
192 Кор 11,25Тогаш, од Антиохија и од Иконија пристигнаа некои Јудејци. И кога го придобија народот, го каменуваа Павле, па го извлекоа надвор од градот, мислејќи дека е мртов.
20Кога учениците се собраа околу него, тој стана и се врати во градот. Утредента со Варнава заминаа за Дерва.
Враќање од мисионерското патување во Сирија и Антиохија21И, откако го проповедаа благовестието во тој град и придобија мнозина ученици, се вратија во Листра, Иконија и Антиохија.
2211,23; 13,43Тие ги зацврстуваа душите на учениците и, храбрејќи ги да бидат истрајни во верата, ги учеа дека во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки.
231 Тим 3,3Па, откако им ракоположија презвитери за секоја црква, се помолија со пост, и ги предадоа на Господ, во Кого беа поверувале.
24А потоа минаа низ Писидија, и дојдоа во Памфилија;
25и, откако го проповедаа словото во Перга, слегоа во Аталија,
2613,2; 15,40а оттаму отпловија за Антиохија, од каде што беа предадени на Божјата благодат за делото што го завршија.
27По нивното пристигнување тие ја собраа црквата, и соопштија за сѐ, што направи Бог со нив и како Тој ја отвори вратата на верата и за незнабошците.
28И таму поминаа доста време со учениците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.