Римјаните 12 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Нов живот во Христос

1 6,11.13.19; 15,16; 1 Птр 2,5 Браќа, во името на Божјото милосрдие, ве молам, да ги принесете вашите тела во жртва жива, света и благоугодна на Бога, како ваше словесно служење.

2Ефес 4,23; 5,10.17; Фил 1,10; 1 Птр 1,14Не сообразувајте се со овој свет, туку преобразете се преку обновување на вашиот ум, за да можете да осознавате што е волјата Божја, што е добро, благоугодно и совршено.

31 Кор 12,1-12; 2 Кор 10,13; Ефес 4,7; Фил 2,3Зашто, преку благодатта што ми е дадена, секому од вас му ка­жу­вам да не се вообразува во мислите повеќе одошто е потребно, туку нека размислува скромно, според мерката на верата што Бог секому му ја доделил.

4Бидејќи, како што во едно тело имаме многу органи, но сите органи немаат иста улога,

51 Кор 10,17; Ефес 4,4.25; 5,30така и ние мнозината, сме едно тело во Христос, а секој поединечно сме органи еден на друг.

61 Кор 12,4-11; 1 Птр 4,10-11А имаме различни дарови според благодатта што ни е дадена: ако е пророкување, нека е сразмерно на верата;

7ако е служење – нека служи; ако е учителствување – нека поучува;

82 Кор 9,7; Тит 1,5.7ако е утешување – нека уте­шу­ва; кој дарува – нека дарува штедро; кој управува – нека управува со усрдност; кој прави милосрдие – нека го врши тоа со радост.

9Амос 5,15; 1 Тим 1,5; 1 Птр 1,22Љубовта нека биде нелицемерна; гнасете се од злото, прилепувајте се кон доброто.

10Фил 2,3Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг.

11Во усрдноста не бидете немарни; бидете со огнен дух; служете Му на Господ;

12Дела 1,14; Кол 4,2; 1 Сол 5,17радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата – постојани;

13Евр 13,2-3помагајте им на светиите во нив­ни­те потреби; трудете се да бидете гостопримливи;

14Мт 5,38-48; Лк 6,28благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги про­колнувајте.

15Сир 7,34; 1 Кор 12,26Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат!

1615,5; Ис 5,21; Изреки 3,7; Фил 2,2Меѓу себе бидете едномислени; не бидете надмени во мислите, туку нека ве водат скромните нешта; не сметајте се себеси за мудри.

17Изреки 3,4; 20,22; 2 Кор 8,21; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9Никому не враќајте зло за зло; грижете се да го правите тоа што е добро пред сите луѓе.

1814,19; Мк 9,50; Евр 12,14Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе.

193 Мојс 19,18; 5 Мојс 32,35; Евр 10,30Самите не се одмаздувајте, возљубени, туку оставете му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатам – вели Господ.“

20Изреки 25,21-22; Мт 5,44Туку: „Ако твојот непријател е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на неговата глава“.

21Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help