Римјаните 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1Каква предност имаат Јудејците, или каква е ползата од обрезанието?

29,4-5; 5 Мојс 4,6-8; Пс 102,7; 147,8-9; Јн 4,22Голема, на секој начин. Најнапред, зашто навистина ним им беа доверени Божјите слова.

3Пс 88,30-37; 2 Тим 2,13Па што, ако некои не поверувале? Дали нивната неверност ќе ја уништи Божјата верност?

4Пс 50,4; 115,2Никако! Нека се признае дека Бог е вистинит, а секој човек лажлив, како што е напишано: „За да се покажеш праведен во Своите зборови, и да по­бедиш кога ќе си на суд.“

51,18; 1 Кор 9,8; Гал 3,15Ако, пак, нашата неправедност ја истакнува Божјата справедливост, тогаш што да речеме? Да не е Бог несправедлив, кога се гневи? Говорам како човек.

6Никако! Инаку, како тогаш Бог ќе му суди на светот?

7Зашто, ако преку мојата лага Божјата вистина се покаже уште повозвишена, за Негова слава, тогаш зошто и јас сѐ уште сум суден како грешник?

86,1.15И не би требало ли – како што некои луѓе хулат на нас и велат дека така учиме – да пра­ви­ме зло, за да излезе добро? Впрочем така и хулат некои луѓе на нас и велат дека така учиме. Тие се справедливо осудени.

Никој не е праведен

9 1,18–2,29; 3,23; 11,32 И што тогаш, во предност ли сме? Ни најмалку, зашто веќе ги обвинивме, како Јудејците така и Елините, дека сите тие се под грев,

10Пс 13,1-3; 52,1-4како што е напишано: „Нема праведен ниту еден,

11нема разумен, нема кој да Го бара Бога;

12Проп 7,20сите се отклонија, заедно станаа бескорисни; нема кој да прави добро, нема ниту еден.“

13Пс 5,10; 139,3„Нивното грло е отворен гроб; со своите ја­зици мамат; под нивните усни – змиски отров,

14Пс 10,7устата им е полна со клетва и горчина.

15Ис 59,7-8

Изреки 1,16Нозете им се брзи за крвопролевање;

16пустош и мака по нивните па­тишта;

17тие не го познаа патот на мирот.

18Пс 35,1Страв Божји нема пред нив­ните очи.“

19А знаеме дека сѐ што Законот вели, го вели за оние што се под Законот, за да се затвори секоја ус­та и целиот свет да одговара пред Бога,

207,7; Пс 142,2; Гал 2,16зашто преку делата на Законот пред Него нема да се оправда никој; бидејќи преку Законот се осознава гре­вот.

Праведноста се добива преку вера

21 1,16-17 А сега независно од Законот се јави Божјата праведност, посведочена од За­конот и од Пророците.

221,17; Гал 2,16Божјата праведност преку верата во Исус Христос е во сите и врз сите што веруваат. Бидејќи нема разлика,

233,9; Ефес 2,4-10зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава.

24Ефес 2,8; Тит 3,7Но оправдувањето им е дарувано, со Неговата благодат, преку откупот во Христос Исус,

253 Мојс 16,12-16; Дела 17,30; Ефес 1,7; Евр 9,5.15; 1 Јн 2,2; 4,10Кого Бог Го постави со Својата крв да биде жртва за помирување преку ве­рата, за да ја покаже Својата праведност преку простување на поранешните гревови, во времето на Божјото долготрпение,

262 Мојс 34,6-7; Ис 48,9; 53,11та да ја покаже Својата праведност во сегашново време, за Самиот да биде праведен и да го оправда оној што верува во Исус.

272,17; 1 Кор 1,31; Гал 6,13-14; Ефес 2,9Тогаш, каде е пофалбата? Таа е ис­клучена. Според кој закон? Оној на делата ли? Не, туку според законот на верата.

285,1; Дела 13,39; Гал 2,16; Ефес 2,9Така, ние сметаме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.

29Или Бог е само на Ју­дејците, а не и на незнабошците? Да, и на незнабошците е.

304,11-12.16Бидејќи еден е Бог, Кој ќе го оправда обрезанието од вера и необрезанието преку верата.

31Мт 5,17-19Значи, дали го укинуваме Законот преку верата? Никако! Напротив, ние го утврдуваме Законот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help