Откровение 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Порака до црквата во Ефес

1 1,16 На ангелот на црквата во Ефес напиши му: вака вели Оној што ги држи седумте ѕвезди во Својата десница, Оној што оди среде седумте златни светилника:

23,1.8.15; 2 Кор 11,13.15ги знам твоите дела, твојот труд и твоето трпение, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; и си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и си открил де­ка се лажни;

3и имаш трпение, и си поднесувал заради Моето име и не си се уморил.

4Но имам нешто против тебе, бидејќи ја остави својата прва љубов.

52,16.22Сети се, значи, од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам твојот светилник од неговото место, ако не се покаеш.

6Но ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, коишто и Јас ги мразам.

713,9; 1 Мојс 2,9; 3,22.24; Мт 13,9; Јн 16,13-15.33; 1 Јн 5,4Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот кое е во Божјиот рај.

Порака до црквата во Смирна

8 1,17-18; Ис 44,6; 48,12 И на ангелот на црк­вата во Смирна напиши му: вака вели Првиот и Пос­ледниот, Кој беше мртов и ожи­веа:

93,9; Јн 4,22; 8,37-44; 2 Кор 11,14-15; Јк 2,5ги знам твоите дела, жалоста и сиромаштијата – но богат си; а ги знам и хулењата на оние што за себе велат дека се Ју­деј­ци, а не се, туку се собрание на сатаната.

103,11; 4,4.10; 12,1; Дан 1,12; 1 Кор 9,25; Јк 1,12Не плаши се воопшто од она од што наскоро ќе пострадаш. Ете, наскоро ѓаволот не­кои од вас ќе фрли в затвор за да ве ис­куша, и ќе бидете нажалени десет дена. Биди верен до смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.

1120,6.14; 21,8Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: победникот нема да биде поразен од втората смрт.

Порака до црквата во Пергам

12 1,16; 19,15; Ис 49,2; Евр 4,12 А на ангелот на Пергамската црква напиши му: вака вели Оној Кој држи меч со две острици:

13ги знам твоите дела, и каде живееш: кај престолот на сатаната; и знам дека го држиш Моето име, и дека не се одрече од Мојата вера дури и во деновите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, кадешто живее сатаната.

144 Мојс 25,1-2; 31,16; 1 Кор 8,10; 2 Птр 2,1.5; Јуда 1,11Но имам нешто малку против тебе, бидејќи таму имаш некои што го држат учењето на Валаам, кој го учеше Валак да ги наведе на грев Израилевите синови, та да јадат идолски жртви и да блудничат

152,6Така исто имаш и некои што се придржуваат до уче­њето на николаитите.

162,12; 3,11; 22,7.12.20Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот од Својата уста.

173,12; 19,12; Ис 62,2; 65,15; Пс 77,24Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што по­бе­дува ќе му дадам од сокриената мана, ќе му дадам и бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!

Порака до црквата во Тиатир

18 1,14-15; 19,12; Дан 10,6 И на ангелот на црквата во Тиатар напиши му: вака вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза:

19ги знам твоите дела, и љубовта, и верата, и служењето, и твоето трпение, и дека твоите последни дела се побројни од првите.

202,14; 4 Мојс 25,1-2; 3 Цар 16,31Но имам нешто против тебе, бидејќи ѝ допушташ на жената Језавела, која себеси се нарекува пророчица, да ги учи и заведува Моите слуги да блудничат и да ја­дат идолски жртви.

21А ѝ дадов време да се покае, но таа не сака да се покае за својот блуд.

22Ете, неа ја фрлам на постела, и оние што правеа прељуба со неа – во голема мака, доколку не се покаат за делата со неа.

2318,6; Ер 11,20; 17,10; Пс 7,9; 61,12; Изреки 24,12; Рим 2,6; 2 Тим 4,14И нејзините чеда ќе ги погубам со смрт, и сите цркви ќе дознаат дека Јас сум Оној што ги испитува внатрешностите и срцата; и секому од вас ќе му дадам според неговите дела.

24А вам, на останатите во Тиатир, што не го држите тоа учење и не ги познавте таканаречените „сатански длабочини“, ви велам: нема да ви наложам друго бреме.

253,11Но држете го само она што го има­те, додека не дојдам.

2612,5; 19,15; Пс 2,8-9На оној што победува и ги пази Моите дела до крај, нему ќе му дадам власт над незнабожците,

27и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се распрснат како земјени садови, како што и Јас примив власт од Својот Отец,

2822,16; 2 Птр 1,19и нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница.

29Кој има уво, нека чуе што им вели Духот на црквите.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help