1 час и виде други како стојат на пазариштето без работа,
4 час и направи исто.
6А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: ’Зошто стоите тука цел ден без работа?‘
7Тие му рекоа: ’Бидејќи никој не нѐ најми.‘ А тој им рече: ’Отидете и вие во лозјето и што е право ќе добиете.‘
83 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15А приквечер, господарот на лозјето му рече на својот настојник: ’Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните па до првите.‘
9И дојдените околу единаесеттиот час добија по динариј.
10А кога дојдоа првите, помислија дека ќе добијат повеќе; но и тие добија по динариј;
11и штом добија, негодуваа против господарот,
12и велеа: ’Овие последниве работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тежината на денот и жегата.‘
13А тој му одговори на еден од нив: ’Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за динариј?
14Земи си го своето и оди си; и на овој последниов, сакам да му дадам колку и тебе.
156,23; Мк 7,22; Рим 9,19-21Зар немам право да правам со своето што сакам? Или окото ти е завидливо, зашто сум добар?‘
1619,30; Мк 10,31; Лк 13,30Така последните ќе бидат први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, но малкумина избрани.“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и воскресение(Мк 10,32-34; Лк 18,31-34)17И кога Исус се искачуваше кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесеттемина ученици и по патот им рече:
187,22-23; 16,21„Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе им биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт,
1926,2; Лк 24,7.46; Дела 10,40; 1 Кор 15,4и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан, и камшикуван, и распнат; и на третиот ден ќе воскресне.“
Честољубие и вистинско служење(Мк 10,33-45; Лк 22,25-27)20 27,56 Тогаш Му пристапи мајката на Зеведеевите синови, заедно со своите синови и, поклонувајќи Му се ничкум, Го молеше нешто.
2119,28А Тој ѝ рече: „Што сакаш?“ Таа Му одговори: „Заповедај овие мои два сина да седнат до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево во Твоето царство!“
2226,39.42; Ис 51,17-23; Ер 25,15-29; Јн 18,11А Исус, одговарајќи, рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштевањето со кое се крштевам Јас?“ Тие Му одговорија: „Можеме.“
2324,36; 26,39И Тој им рече: „Мојата чаша ќе ја пиете и со крштевањето, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите, но да се седи од Мојата десна или лева страна не е на Мене да дадам, туку тоа е за оние за кои е подготвено од Мојот Отец.“
24И десетте, штом го чуја тоа, негодуваа против двајцата браќа.
25Лк 22,24-27Но Исус ги повика и им рече: „Знаете дека кнезовите на народите господарат над нив и дека големците владеат над нив.
26Мк 10,43-44Но меѓу вас нека не биде така; туку кој сака да биде големец меѓу вас, нека ви биде служител;
27Мк 9,35; Јн 13,4-15и кој сака да биде прв меѓу вас, нека ви биде слуга;
288,20; Ис 53,10; Мк 10,45; Рим 5,6; 1 Тим 2,6како што и Синот Човечки не дојде за да Му служат, туку да служи и да го даде Својот живот за откуп на мнозина.“
Излекувањето на двајцата слепи од Ерихон(Мк 10,46-52; Лк 18,35-43)29И кога тие излегуваа од Ерихон, по Него врвеше многу народ.
309,27И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“
31А народот ги укоруваше да молчат; но тие уште посилно викаа: „Смилувај ни се, Господи, Сине Давидов!“
32А Исус застана, ги повика и рече: „Што сакате да сторам за вас?“
3311,5Тие Му одговорија: „Да ни се отворат очите, Господи.“
348,3; 9,29-30; Лк 10,33И Исус се смилува и им ги допре очите, и тие веднаш прогледаа и тргнаа по Него.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.