Дела 22 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1„Луѓе, браќа и татковци! Послушајте ја сега мојата одбрана пред вас.“

2А кога слушнаа дека им зборува на еврејски јазик, уште повеќе замолкнаа. Тогаш тој рече:

31 Лет 28,9; Гал 1,14; Фил 3,6„Јас сум Јудеец, родум од Тарс Киликиски, но воспитан во овој град при нозете на Гамалиил, поучен точно спо­ред Законот на татковците и ревнител за Бога, како што сте и сите вие денес.

48,3; 9,1-2; 1 Кор 15,9; Гал 1,13.23Јас до смрт ги гонев приврзаниците на тоа учење, врзувајќи и предавајќи во затвор и мажи и жени.

526,9-11За тоа можат да посведочат прво­свеш­теникот и целото старешинство. Од нив примав и писма за браќата во Да­маск, каде одев за да ги доведам врзани во Ерусалим и оние кои беа таму, за да бидат каз­не­ти.

Павле раскажува за своето обраќање(Дела 9,1-19; 26,12-18)

6Но, кога бев на пат и наближив кон Дамаск, околу пладне, одеднаш од не­бото ме осветли силна светлина.

7Јас паднав на земја и слушнав глас, кој ми зборуваше: ’Савле, Савле, зошто Ме гониш?‘

82,22Јас, пак, одговорив: ’Кој си Ти, Гос­поди?‘ А Тој ми рече: ’Јас сум Исус Назареецот, Кого ти Го гониш.‘

9Оние, кои беа со мене, ја видоа свет­лината и се уплашија; но гласот на Оној, Кој ми зборуваше, не го слушнаа.

10Тогаш реков: ’Што да правам, Гос­поди?‘, А Господ ми рече: ’Стани и оди во Дамаск, и таму ќе ти биде кажано сѐ, што ти е одредено да правиш.‘

11И бидејќи од блесокот на таа свет­лина го изгубив видот, моите придружници ме поведоа за рака, и така ме одведоа во Дамаск.

12А некој Ананија, бла­го­чес­тив човек според Законот, докажан меѓу сите Јудејци во Дамаск,

13дојде кај мене, застана и ми рече: ’Брате Савле, прогледај!‘ И јас во истиот миг прогледав и го видов него.

143,14; 7,52; Гал 1,15 Тој ми рече: ’Бог на нашите татковци те определил да ја познаеш Неговата волја, да Го видиш Праведникот и да слушнеш глас од Неговата уста,

15зашто ќе Му бидеш сведок пред си­те луѓе за она што си видел и слушнал.

16И сега, што одолговлекуваш? Ста­ни, крсти се и измиј ги своите гревови, повикувајќи го името на Господ.‘

Павле раскажува како бил испратен кај незнабошците

17А кога се вратив во Ерусалим и се молев во храмот, токму кога бев во занес,

18Го видов како ми вели: ’Побрзај, из­лези од Ерусалим поскоро, зашто нема да го прифатат твоето сведоштво за Ме­не!‘

19Јас, пак, одговорив: ’Господи, тие знаат дека јас ги затворав и претепував по си­на­гогите оние што веруваа во Тебе;

207,58и кога се пролеваше крвта на Сте­фан, Твојот сведок, таму стоев и јас и го одобрував неговото убиство, пазејќи ги алиштата на оние што го убиваа.‘

21Ер 1,5И ми рече: ’Оди! Бидејќи Јас те праќам да­леку – кај незнабошците.‘“

Павле и римскиот заповедник

22 21,36; 25,24 И сѐ до овој збор тие го слушаа, но потоа извикаа со силен глас: „Тргни го таквиот од земјата! Тој не треба да живее!“

23И бидејќи тие викаа, мавтаа со своите алишта, та креваа прав во воздухот,

24заповедникот нареди да го водат во тврдината и порача да го испитуваат со камшикување, за да дознае зошто така викаат против него.

2516,37Но, кога го растегнаа со ремења за да го камшикуваат, Павле му рече на стотникот, кој стоеше таму: „Зар ви е дозволено да камшикувате римски гра­ѓанин, и тоа без пресуда?“

26Кога го слушна тоа стотникот, оти­де да го извести заповедникот, па му ре­че: „Што мислиш да правиш? Овој чо­век е римски граѓанин!“

27Тогаш заповедникот се приближи до него и рече: „Кажи ми, римски гра­ѓанин ли си?“ Тој одговори: „Да.“

28А заповедникот рече: „Тоа гра­ѓан­ско право јас сум го стекнал за многу големи пари.“ Павле, пак, рече: „А јас сум се родил како таков.“

29И оние што сакаа да го испитуваат, веднаш отстапија од него. А заповед­ни­кот, кога дозна дека тој е римски гра­ѓанин, се уплаши зашто го беше врзал.

Павле пред врховниот суд

30Утредента, кога сакаше да дознае за што всушност го обвинуваат Ју­дејците, го ослободи од оковите и запо­веда да дојдат првосвештениците и це­лиот нивен Синедрион, па го доведе Павле долу и го постави пред нив.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help