1 1,5.9 Зашто и самите знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас не беше залудно;
2Дела 16,19-24; 17,1-5; Рим 1,1; Фил 1,30напротив, откако пострадавме и бевме навредувани во Филипи, како што знаете, ние се охрабривме во нашиот Бог да ви Го проповедаме Божјото благовестие со тешка борба.
3Зашто нашиот поттик не произлегува од заблуда, ниту од нечисти побуди, ниту од лукавство,
4Ер 11,20; Пс 7,9; 2 Кор 5,9; Гал 1,10; Ефес 3,7; 1 Тим 1,11туку, како што Бог нѐ испита и ни Го довери благовестието, така и зборуваме – не за да им угодуваме на луѓето, туку на Бога, Кој ги испитува нашите срца.
52,10; Дела 20,33; Рим 1,9; 2 Птр 2,3Зашто, како што знаете, никогаш не сме се послужиле со ласкави зборови; ниту со прикриена алчност; Бог е сведок!
6Јн 5,41.44И не баравме слава од луѓе – ниту од вас, ниту од други,
7Гал 4,19иако, како Христови апостоли, можевме и да се наметнеме. Но ние меѓу вас бевме така нежни, како што мајката доилка ги негува своите деца.
8Јн 15,13; Рим 9,3; 2 Кор 12,15И така, силно копнеејќи за вас, посакавме да ви го предадеме не само Божјото благовестие, туку и своите души, зашто ни станавте мили.
94,11; Дела 18,3; 20,33-35; 1 Кор 4,12Спомнете си браќа за нашиот труд и мака, зашто работејќи дење и ноќе за да не обременуваме никого од вас, ние ви Го проповедавме Божјото благовестие.
104,11; 2 Сол 3,7-9Сведоци сте и вие и Бог, дека свето, праведно и беспрекорно постапувавме пред вас, кои верувате.
111 Кор 4,15Зашто знаете дека сите вас поединечно, како татко своите чеда, ве поттикнувавме и утешувавме
12Мт 4,17; Ефес 4,1; Фил 1,27; 2 Сол 1,5; 1 Птр 5,10и ви сведочевме да живеете достојно за Бога, Кој ве повикува во Своето царство и слава.
Пофалување на верата на Солуњаните13 1,2; Мк 4,16; Дела 11,1; Рим 11,16; Гал 1,11; 2 Сол 2,13; Евр 4,12 Токму заради тоа непрестајно Му благодариме на Бога, бидејќи, откако го примивте словото Божјо што го чувте од нас, го притаивте не како човечко слово, туку – какво што навистина е – Божјо слово, кое и дејствува во вас, кои верувате.
141,6; Дела 17,5.13; Гал 1,22Вие, браќа, станавте подражатели на Божјите цркви во Христос Исус, што се во Јудеја, зашто и вие пострадавте од своите сонародници, како и тие од Јудејците
15Лк 24,20; Мк 10,34; Дела 2,23; 7,52; 13,45.50; 14,2.5.19кои ги убија Господ Исус и своите пророци, и нас нѐ избркаа, и на Бога не Му угодија, и им се противат на сите луѓе;
161,10; 1 Мојс 15,16; Мт 23,32-33; Рим 1,18тие ни забрануваат да им зборуваме на незнабошците, за да се спасат и со тоа секогаш ги дополнуваат своите гревови; но, на крајот, гневот ги достигна.
Павле посакува повторно да ги види Солуњаните17 3,10; Рим 1,10-11; 1 Кор 5,3; Кол 2,1.5 А ние, браќа, откако бевме одвоени од вас за кратко време, далеку од очи, но не и од срце, со уште поголема желба настојувавме да ве видиме.
182 Сол 2,7.9Затоа посакавме да дојдеме кај вас – барем јас, Павле, и тоа не еднаш или двапати – но нѐ попречи сатаната.
193,13; 5,23; Ез 16,12; Мт 16,27; 1 Кор 9,25; 15,23; Фил 2,16; 4,1Зашто, кој е нашата надеж или радост, или венец за пофалба? Та нели сте вие пред нашиот Господ Исус Христос при Неговото доаѓање?
202 Кор 1,14; Фил 4,1Да, вие сте нашата слава и радост!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.