1 Дела 12,17; Јк 1,1 Јуда, слуга на Исус Христос, и брат на Јаков – до повиканите, осветени во Бога Отецот и зачувани за Исус Христос:
22 Птр 1,2да ви се умножат милоста, мирот и љубовта!
Лажни учења(2 Птр 2,1-17)3 Дела 9,13; Гал 2,4; 1 Птр 2,11; 2 Птр 2,21 Возљубени, грижејќи се постојано да ви пишувам за нашето општо спасение, сметав дека е неопходно да ви напишам и да ве замолам да се борите за верата што им е дадена на светиите еднаш засекогаш,
4Гал 5,13; 1 Птр 2,16; 2 Птр 2,1; 1 Јн 4,1; 2 Јн 1,10зашто се провлекоа некои луѓе, што одамна беа предназначени за оваа осуда, нечестиви, кои благодатта на нашиот Бог ја извртуваат во разврат и се одрекуваат од Единиот Владика Бог и Господ наш Исус Христос.
54 Мојс 14,35; 1 Кор 10,5; 2 Птр 1,12Но сакам да ви напомнам вам, кои ова еднаш го знаевте, дека Господ, откако го спаси народот од египетската земја, ги погуби потоа оние што не веруваа;
61 Мојс 6,1-2; 2 Птр 2,4ангелите, пак, што не го запазија своето достоинство, туку го напуштија своето живеалиште, ги стави во вечни окови, во мрак, за судот на великиот ден;
71 Мојс 19; Мт 10,15; 2 Птр 2,6-9како што Содом и Гомор и околните градови, на сличен начин блудничеа и одеа по друго тело, станаа пример со тоа што беа накажани со вечен оган.
82 Птр 2,10Така исто и овие сонувачи го осквернуваат телото, ја презираат власта и хулат на Славата.
9Зах 3,2; Дан 10,13.21; 12,1; Откр 12,7А архангелот Михаил, кога се препираше со ѓаволот за Мојсеевото тело, не се осмели да изрече хулна пресуда, туку рече: „Господ да те спречи!“
102 Птр 2,12А овие хулат на она што не го знаат, а во она што природно го знаат, како неразумните животни, во тоа се распаѓаат.
111 Мојс 4,8; 4 Мојс 22,2; 31,16; Неем 13,2; 2 Птр 2,15; 1 Јн 3,12; Откр 2,14Тешко ним, зашто тргнаа по Каиновиот пат, се фрлија во заблудата на Валаам заради печалба и загинаа во бунтот Кореев.
12Ис 34,8; Изреки 25,14; 2 Птр 2,13.17Тоа се оние што ги поганат вашите трпези на љубовта, јадејќи со вас без страв и напасувајќи се само себеси. Тие се безводни облаци, пренесувани од ветровите, есенски неплодни дрвја, двапати исушени и искорнати;
13Ис 57,20; 2 Птр 2,17свирепи морски бранови, што како пена ги испуштаат своите срамни дела; ѕвезди лажни, за кои за навек се чува мрачната темнина.
14Зах 14,5; Дан 7,10А за овие пророкуваше и Енох, седмиот од Адам, велејќи: „Ете, доаѓа Господ со илјадници Свои светии,
15за да изврши суд над сите и за да ги разобличи сите безбожници за сите нивни нечестиви дела, што ги беа направиле со своето беззаконие, и за сите лоши зборови, што ги изрекле за Него безбожните грешници.“
163 Мојс 19,15; Дан 7,8.20; 2 Птр 2,18Тие се незадоволни роптачи, кои живеат според своите желби, а нивната уста произнесува горди зборови, восхитувајќи ги луѓето заради корист.
Обраќање и препораки17 2 Птр 3,2 Но вие, возљубени, спомнете си ги зборовите што ги кажаа апостолите на нашиот Господ Исус Христос.
181 Тим 4,1; 2 Птр 3,3Тие ви зборуваа дека во последно време ќе се појават подигрувачи, кои ќе постапуваат според своите безбожнички желби.
191 Кор 2,14Тоа се оние што прават раздори; тие се телесни – и немаат Дух.
201 Кор 3,9-17; 14,15-16; Ефес 2,20-22; 6,18; Кол 2,7А вие, возљубени, изградувајќи се во пресветата ваша вера и молејќи се преку Светиот Дух,
212 Кор 13,13; 2 Тим 1,18запазете се во Божјата љубов, очекувајќи милост од нашиот Господ Исус Христос, за вечен живот.
22Јк 5,19И така разликувајќи ги, едни милувајте,
23Амос 4,11; Зах 3,1а други со страв спасувајте, истргнувајќи ги од оган, и гнасејќи се од облеката, испоганета од телото.
Завршен збор24 Фил 1,10; 1 Сол 5,23; 2 Птр 3,14 А на Оној што може да ве запази да не паднете и да ве претстави непорочни пред Својата слава во радост –
25Рим 16,24; Откр 5,13на Единствениот Мудар Бог, нашиот Спасител, слава и величие, сила и власт, и сега и во сите векови. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.