Ефесјаните 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 Дела 9,13; Рим 1,1; 1 Кор 1,1; Кол 1,1-2 Павле, по Божја волја апостол на Исус Христос, до светиите и верните во Христос Исус што се во Ефес:

2благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!

Неизмерна благодат

3 1 Кор 1,3; Гал 3,14; 1 Птр 1,3 Нека е благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој во Христос нѐ благослови со секаков духовен благос­лов од небесата,

45,27; Јн 17,24; Кол 1,22; 2 Сол 2,13така што нѐ избра преку Него, уш­те пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта.

5Јн 1,12Тој нѐ предопредели за посинување за Себе преку Исус Христос, според благонаклонетоста на Својата волја,

6Кол 1,13за пофалба на славата на Него­вата благодат, со која нѐ облагодати преку Својот Возљубен Син,

72,7.13; Рим 3,24-25во Кого имаме откуп преку Негова­та крв, простување на гревовите според бо­гатството на Неговата благодат,

8Кол 1,9; 4,5што изобилно ја излеа врз нас во сета мудрост и разум,

93,3откривајќи ни ја тајната на Своја­та волја, според Својата благонаклонетост што ја беше положил во Него од порано,

10Гал 4,4за да ја оствари при исполнувањето на времињата, да возглави сѐ во Христос, и она што е на небесата, и она што е на земјата.

11Рим 8,28-29; Кол 1,12Преку Него бевме избрани за наследници, предопределени спо­ред намислата на Оној што врши сѐ спо­ред Својата волја,

121,18за да бидеме за пофалба на Неговата слава ние, кои од порано се надевавме на Христос.

134,30; 2 Кор 1,22; Кол 1,5-6Во Него и вие, откако го слушнавте словото на вистината – благовестието за вашето спасение, и откако поверувавте во Него, бевте запечатени со ветениот Свет Дух,

142 Кор 1,22Кој е залог на нашето наследство, за откупување на она што го стекна, за пофалба на Неговата слава.

Молитва за просветление

15 Рим 1,8-9; Кол 1,3-4.9; Фил 1,4-5 1 Кор 13,13 Затоа и јас, кога слушнав за ва­шата вера во Господ Исус и за вашата љубов кон сите светии,

161 Сол 1,2не престанувам да благодарам за вас, спомнувајќи ве во моите молитви,

17Ис 11,2; Мудр 7,7; 1 Кор 2,10; Кол 1,9-10; 1 Јн 5,20та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Отецот на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение за да Го познаете,

18Дела 20,32; 2 Кор 4,4; Кол 1,5.12и да ги просветли очите на вашите срца, за самите да увидите каква е на­дежта од Неговиот повик, какво е богатството на славата на Неговото наследството во светиите,

191 Кор 6,14; 2 Кор 13,4; Фил 3,10; Кол 2,12и колку е неизмерна величината на Неговата сила во нас, кои веруваме пре­ку моќното дејствување на Неговата сила,

20Пс 109,1; Кол 3,1; Евр 1,3 коешто Тој го пројави во Христос, кога Го воскресна од мртвите и Го пос­тави од Својата десна страна на небесата,

21Мк 10,30; Лк 18,30; Кол 1,15-20повисоко од секое началство, власт, сила и господство и од секое име со кое се именуваат не само во овој свет, туку и во идниот,

22Јн 1,16; Кол 1,19

4,15; Пс 8,6; 1 Кор 15,24-25и сѐ Му покори под Неговите нозе и Го постави за глава над сѐ во Црквата,

23која е Негово тело, полнота на Оној што исполнува сѐ во сѐ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help