1 9,1 И видов како од небото слегува ангел кој го имаше клучот од бездната и голем синџир во својата рака.
212,7.9; Мт 12,28-29И го фати змејот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната, заблудувачот на целата вселена, и го врза за илјада години;
3и го фрли во бездната и го заклучи и стави печат врз него за да не ги заведува веќе народите, додека не се навршат илјада години; по ова тој треба да биде пуштен за малку време.
41,2; 5,10; 6,9; 19,20; Дан 7,9.22.27; Мт 19,28; Лк 22,30; 1 Кор 6,2И видов престоли и седнати на нив, на коишто им беше дадено да судат, а и душите на обезглавените заради Исусовото сведоштво и словото Божјо, а и оние што не се поклонија на ѕверот ниту на неговиот образ, и не примија белег на своето чело и на својата рака и оживеаја и царуваа со Христос илјада години.
5Останатите, пак, од умрените не оживеаја додека не се навршија илјада години. Ова е првото воскресение.
61,6; 2,11; 5,10; 2 Мојс 19,6; Ис 61,6Блажен и свет е оној што учествува во првото воскресение; над таквите втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и на Христос и ќе царуваат со Него илјада години.
Поразот на сатаната7А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од својот затвор,
87,1; Ез 7,2и ќе излезе да ги заведува народите по четирите краишта на земјата, и Гог и Магог, да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок.
92 Цар 1,10.12; Ез 38,22; Пс 77,68; 86,2; Лк 21,24Тие се искачија по земјината површина и го опколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; но слезе оган откај небото од Бога и ги проголта.
1019,20; 21,8; 1 Мојс 19,24; Ис 30,33А ѓаволот, што ги заведуваше, беше фрлен во езеро од оган и сулфур, каде што се ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во вечни векови.
Конечниот Суд11 Дан 7,9-10; Мт 25,31-46 Пс 113,3.7; 2 Птр 3,7.10.12 И видов голем бел престол и Оној што седи на него, од Чиешто лице побегнаа земјата и небото, и за нив не се најде место.
123,5; 13,8; 17,8; 20,15; 21,27; 2 Мојс 32,32-33; Ис 59,18; Пс 27,4; 68,28; Изреки 24,12; Дан 12,1; Рим 2,6; 1 Кор 3,8; 2 Кор 11,15; Фил 4,3; 2 Тим 4,14Потоа ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот; се отворија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и мртвите беа судени според запишаното во книгите, според нивните дела.
13Морето ги предаде мртвите, кои беа во него; и смртта и адот ги предадоа мртвите, кои беа во нив; и секој прими суд според своите дела.
1421,4А смртта и адот беа фрлени во огненото езеро. Ова е втората смрт.
153,5; 13,8; Дан 12,1И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.