1 1 Сол 2,19-20 Затоа, возљубени и многу посакувани мои браќа, кои сте моја радост и венец: стојте цврсто во Господа, возљубени!
22,2Ја замолувам Еводија, ја замолувам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
31,30; 2,25; Пс 68,28; Дан 12,1; Лк 10,20; Дела 3,5; 2 Кор 8,23а те молам и тебе, мој искрен сотруднику, помагај им на оние што се трудеа за благовестието заедно со мене и со Климент и со останатите мои сотрудници, чии имиња се во книгата на животот.
43,1Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!
5Вашата кротост нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!
6Мт 6,25-34; 1 Птр 5,7 Не грижете се за ништо, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,
7Ис 26,3; Јн 14,27; Кол 3,15и мирот Божји, што го надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Христос Исус.
8Рим 12,2.17; 1 Сол 4,12Понатаму, браќа, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!
9Она што го научивте, примивте, чувте и видовте во мене, тоа правете го, – и Бог на мирот ќе биде со вас!
Павле им заблагодарува на Филипјаните за нивните подароци10 2,25-30 Многу се зарадував во Господа, зашто најпосле одново процвета вашата грижа за мене – не дека не се грижевте за мене, но немавте згодна пригода.
111 Тим 6,6; Евр 13,5Ова не го велам бидејќи нешто ми недостига, зашто се научив да бидам задоволен во она во што сум.
12Знам да живеам и во скудност, знам да живеам и во изобилство; научен сум на сѐ и сешто, и сит да бидам, и да гладувам, и во изобилие да сум и во немаштија.
132 Кор 12,9-10; Кол 1,11; 2 Тим 4,17Сѐ можам преку Христос, Кој ме крепи.
14Но, добро направивте што зедовте учество во мојата мака.
15Дела 16,12-14; 2 Кор 11,9А знаете и вие, Филипјани, дека во почетокот на проповедањето на благовестието, кога отпатував од Македонија, ниту една црква не ми се придружи во однос на давањето и примањето, освен вие;
16Дела 17,1-9зашто и во Солун, еднаш, и по вторпат ми го пративте она што ми беше неопходно.
17Мт 3,8; 1 Кор 9,11Ова не го велам затоа што сакам да ми давате, туку го барам плодот кој се умножува во ваша полза.
18Добив сѐ и имам во изобилие; се преполнив со добра откако од Епафродит го примив дарот што сте ми го испратиле, кој е благопријатен мирис, жртва пријатна, благоугодна на Бог.
19Мојот Бог, по Своето богатство, ќе ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.
20Рим 16,24А на нашиот Бог и Отец, слава во вечни векови. Амин!
Последни поздрави21 Дела 9,13; Рим 1,7 Поздравете го секого од светиите во Христос Исус! Ве поздравуваат браќата што се со мене.
221,13Ве поздравуваат сите светии, а особено оние од цезаревиот дом.
23Гал 6,18; Фил 1,25Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.