1 1,5; 2,18; 4,4; 2 Кор 13,11; 1 Сол 5,16 И така, браќа мои, радувајте се во Господа! Мене не ми е мачно да ви пишувам исти нешта, а вам тоа ви е за утврдување.
2Пс 21,16; 2 Кор 11,13; Гал 5,12Чувајте се од кучињата, чувајте се од лошите работници, чувајте се од лажно обрезание,
35 Мојс 10,16; Ер 4,4; Рим 1,9; 2,29; Гал 6,14-15; Кол 2,11зашто вистинското обрезание сме ние, кои со Духот Му служиме на Бога и се фалиме со Христос Исус, и не се надеваме на телото,
4Рим 7,5; 2 Кор 11,18иако јас можам да се надевам и на телото. Ако некој друг мисли дека може да се надева на телото, уште повеќе можам јас,
51 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Мт 3,7; Лк 1,59; 2,21; Дела 23,6; 26,5; 2 Кор 11,22кој сум обрезан во осмиот ден, од Израилевиот род, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по Законот фарисеј,
6Дела 8,3; 22,4; 26,9-11; 1 Кор 15,9; Гал 1,13; 1 Тим 1,13-14по ревност – гонител на Црквата, според правдата на Законот – беспрекорен.
7Мт 13,44.46Но тоа што за мене беше придобивка, заради Христос го сметав за загуба.
8Ос 2,20; Јн 10,14; 17,3; Ефес 3,19; 4,13Та дури и сметам дека сѐ друго е загуба спрема возвишеноста на познанието на Христос Исус, мојот Господ, поради Кого изгубив сѐ, и сѐ сметам за отпад, само за да Го придобијам Христос,
9Мт 5,20; Рим 3,21-22; 10,3; Гал 2,16; 3,21-22и да се најдам во Него, не со својата праведност која доаѓа од Законот, туку со онаа која доаѓа преку верата во Христос, односно со праведноста од Бога, која доаѓа преку верата;
10Јн 11,24-26; 1 Кор 6,14; Гал 6,17за да Го познаам Него, и силата на Неговото воскресение, и учеството во Неговите страдања, сообразувајќи се со Неговата смрт,
11Дела 4,2; Откр 20,5-6та некако да го достигнам воскресението на мртвите.
Трчање кон целта12 Мт 5,48; Дела 9,5-6; 1 Кор 8,3; Гал 4,9; Кол 1,28; 1 Тим 6,12; 1 Јн 4,10 Не дека веќе сум го достигнал тоа, или веќе сум се усовршил, туку се стремам да го досегнам, како што и самиот бев досегнат од Христос.
13Лк 9,62Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене,
142,16; 1 Кор 9,24трчам кон целта – по наградата на Божјиот призив одозгора во Христос Исус.
15Мт 5,48; 1 Кор 2,6Сите, ние, пак, кои сме совршени, да го мислиме ова; а Бог и вам ќе ви го открие истото, дури и ако мислите нешто друго.
16Гал 6,16Впрочем, да живееме според она кое го достигнавме и така да мислиме.
171 Кор 4,16; 11,1; 1 Сол 1,7; 1 Птр 5,3Подражавајте ме мене, браќа, и внимателно гледајте на оние што постапуваат на истиот начин, имајќи нѐ нас како образец.
181 Кор 1,17-18.23; Гал 5,11Зашто мнозина, за кои често сум ви зборувал, а сега дури и со солзи говорам, постапуваат како непријатели на Христовиот крст;
19Мт 6,19; Јн 3,12; Рим 16,18; Кол 3,2нивниот крај е погибел, нивниот бог – стомакот, а славата – во нивниот срам; тие мислат само за земното.
201 Кор 1,7; Ефес 2,6.19; Кол 3,1-4; Тит 2,13; Евр 12,22; 13,14А нашето жителство е на небесата, од каде што Го очекуваме и Спасителот, Господ Исус Христос.
21Рим 8,29; 1 Кор 15,27.43-49.53; Ефес 1,19; 3,7; Кол 3,4; Евр 2,8Тој ќе го преобрази нашето понижено тело, за тоа да стане подобно на Неговото славно тело, со силата преку која Тој може да потчини сѐ под Себе.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.