1 Рим 7,5; Евр 10,22; 1 Птр 1,15-17; 2 Птр 1,4 И така, возљубени, имајќи вакви ветувања, да се очистиме од секоја нечистота на телото и на духот, усовршувајќи ја светоста во страв Божји.
Павловата радост2 Дела 20,33 Примете нѐ во вашите срца. Никого не онеправдуваме; никого не упропастивме, никого не искористивме.
36,11-13Ова не го зборувам за да осудувам, зашто и пред малку реков дека сте во нашите срца, за заедно да умреме и заедно да живееме.
41,4; 4,8; 12,10; Кол 1,24; 2 Сол 1,4Довербата во вас ми е голема и пофалбата за вас ми е голема. Се исполнив со утеха, преизобилувам со радост и покрај сите наши маки.
55 Мојс 32,25Зашто и кога дојдовме во Македонија, нашето тело немаше никаква оддишка, туку отсекаде бевме притеснети во маки; однадвор борби, одвнатре стравови.
62,13; Ис 49,13; Дела 28,15Но Бог, Кој ги утешува понизните, нѐ утеши со доаѓањето на Тит.
7И не само со неговото доаѓање, туку и со утехата, со која тој беше утешен поради вас, известувајќи нѐ за вашиот копнеж, за вашиот плач, за вашата ревност за мене, така што јас уште повеќе се зарадував.
8Зашто, дури и да сум ве ожалостил со посланието, не ми е жал, иако ми беше жал, бидејќи гледам дека тоа послание, макар и за час, ве нажалило.
9Сега се радувам не затоа што се ожалостивте, туку затоа што се ожалостивте за покајување; бидејќи се ожалостивте по Бога, за никаква штета да не претрпите од нас.
10Сир 30,23Бидејќи жалоста угодна на Бога, создава неколебливо покајание за спасение, а световната жалост создава смрт.
11Зашто, ете, токму тоа што се ожалостивте угодно на Бога, во вас предизвика не само загриженост, туку правдање, па огорчување, и страв, и копнеж, и ревност, и отплата за стореното! Со сѐ покажавте дека во тоа дело сте чисти.
12Така, ако и ви напишав, тоа го направив не поради тој што онеправдувал, ниту поради оној што бил онеправдан, туку за да се покаже вашата загриженост за нас пред Бога.
132,13; 1 Кор 16,18Затоа се утешивме. А покрај утехата од вас, а уште повеќе се зарадувавме поради радоста на Тит, зашто сте го успокоиле неговиот дух.
141,18-19; 8,24; 9,2Зашто, дури и да сум се пофалил со нешто за вас пред него, јас не се посрамив, туку, како што секогаш пред вас сме ја зборувале вистината, така и пофалбата пред Тит се покажа вистинита.
152,9; 10,6; 1 Кор 2,3А неговото срце е уште понаклонето кон вас, кога ќе се сети за послушноста на сите вас, како сте го примиле со трепет и страв.
16Гал 5,10Затоа, се радувам дека во сѐ можам да имам доверба во вас.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.