1 ноќеска;
24и пригответе добиток, за да го качат Павле и безбедно да го одведат до управникот Феликс!“
25Напиша и писмо со оваа содржина:
26„Клавдиј Лисиј испраќа поздрав до многупочитуваниот управник Феликс.
27Овој човек го беа фатиле Јудејците и сакаа да го убијат; јас пристигнав со војска и го избавив, бидејќи разбрав дека е римски граѓанин.
28И сакајќи да ја дознаам причината, поради која го обвинуваат, го изведов пред нивниот Синедрион,
2918,15; 25,18-19и дознав дека го обвинуваат по прашања од нивниот Закон, но дека нема никаква вина, поради која би заслужил смрт или окови.
3028,18; Лк 23,15А кога ми беше дојавено дека ќе има заговор од Јудејците против човекот, јас веднаш го пратив кај тебе, порачувајќи им и на обвинителите да кажат пред тебе што имаат против него. Остани со здравје!“
31И така, војниците, според дадената им заповед, го зедоа Павле, и го одведоа ноќе во Антипатрида.
32Утредента тие се вратија во тврдината, а коњаниците ги оставија да одат со него.
33Тие, штом влегоа во Кесарија и му го предадоа писмото на управникот, му го претставија и Павле.
34Лк 23,6Намесникот го прочита писмото и праша од која област е, и откако разбра дека е од Киликија, рече:
35„Ќе те сослушам, кога ќе дојдат и твоите обвинители.“ И заповеда да го чуваат во Иродовиот дворец.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.