Јован 16 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1„Ова ви го кажав за да не се соблазните.

29,22; Ис 66,5; Мт 5,11; 10,17; 24,9Ќе ве истеруваат од синагогите, па дури ќе настапи и време кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека на Бога Му принесува служба.

38,19; 15,21А тоа ќе го прават зашто не Го познаа ниту Отецот, ниту Мене.

42,22; 14,29; 16,25; Мк 13,23; Дела 8,1Но ова ви го зборував, та кога ќе дојде времето, да се сетите дека Јас сум ви го кажал; а од почетокот не ви го зборував ова, зашто бев со вас.“

Задачите на Светиот Дух

5 7,33; 13,36 „А сега одам кај Оној што Ме ис­пра­ти, и никој од вас не Ме праша: ’Каде одиш?‘

616,22Но затоа што ви го кажав ова, срцето ви се исполни со тага.

714,16.26; 15,26Но Јас вистината ви ја кажувам: по­добро за вас е Јас да отидам, зашто ако не отидам Јас, Утешителот нема да дојде кај вас; ако, пак, заминам, ќе Го пратам кај вас.

810,25; Дела 24,25И Тој, кога ќе дојде, ќе го разобличи светот за грев, и за правда и за суд:

95,38; 6,36.64; 8,21-24; 12,37за грев – зашто не веруваат во Мене;

107,34; 13,1.33; 14,12.19.28; 20,17; Дела 7,52за правда – зашто одам кај Својот Отец и веќе нема да Ме видите;

1112,31; 14,30а за суд – зашто кнезот на овој свет е осуден.

121 Кор 3,1-2Имам уште многу да ви кажувам, но сега не можете да носите.

1314,17.26; 15,26; 1 Јн 2,27А кога ќе дојде Тој, Духот на Вис­тината, ќе ве упати во сета вистина; но нема да зборува од Себе, туку ќе го говори она што ќе го чуе и ќе ве извести за она што доаѓа.

147,39Тој Мене ќе Ме прослави, зашто од Моето ќе земе и ќе ви објави.

1517,10; Лк 15,31Сѐ што има Отецот, Мое е; затоа и ви реков дека од Моето ќе земе и ќе ви објави.“

Тага и радост

16 7,33; 14,19; Дела 1,3 „Уште малку и нема да Ме гледате, и повторно уште малку и ќе Ме видите, зашто одам кај Отецот.“

17Тогаш некои од Неговите ученици си рекоа меѓу себе: „Што е тоа што ни ве­ли: ’Уште малку и нема да Ме гледате, и повторно уште малку и ќе Ме видите?‘ и ’Јас си одам кај Отецот?‘“

18И зборуваа: „Што е тоа, што ве­ли: ’Уште малку?‘ Не знаеме што зборува.“

19Лк 9,45Тогаш Исус разбра дека сакаат да Го пра­шаат, и им рече: „Затоа ли се пра­шу­ва­те меѓу себе, зашто реков: ’Уште малку, и нема да Ме гледате и повторно уште малку, и ќе Ме видите?‘

20Мк 16,10; Лк 5,35; 23,27; Откр 11,10Вистина, вистина ви велам дека вие ќе заплачете и ќе заридате, а светот ќе се радува; вие, пак, ќе бидете нажалени, но вашата жалост ќе се претвори во радост.

21Ис 13,8; 26,17-18; Ос 13,13; Мих 4,9; Мк 13,8; Рим 8,22; 1 Сол 5,3; Откр 12,2Кога раѓа, жената има болки, зашто ѝ дошло нејзиното време; но штом ќе го роди детето, не ја помни маката, поради радоста што се родил човек на светот.

2214,19; 15,11; 20,20; Ис 66,14; Мт 28,8; Лк 24,41; Дела 2,46; 2 Кор 4,17Па така и вие сега имате болки; но повторно ќе ве видам, и ќе се зарадува вашето срце и вашата радост никој нема да ви ја одземе;

2315,16; 1 Јн 5,14-15и во тој ден нема ништо да Ме прашувате. Вистина, вистина ви велам: што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви даде.

2415,11; Мт 7,7-8.11; 18,19; 1 Јн 1,4Досега ништо не сте барале во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде потполна вашата радост.“

Победа над светот

25 10,6; 12,16; Мт 13,34-35 „Ова во параболи ви го кажав; но доаѓа час кога веќе нема во параболи да ви зборувам, туку отворено ќе ве известам за Отецот.

26Во тој ден ќе побарате во Мое име, и не ви велам дека Јас ќе Го замолам Отецот за вас;

278,42; 14,21.23; 21,15-17бидејќи Отецот Самиот ве љуби, зашто вие Ме возљубивте и поверувавте дека Јас излегов од Бога.

281,1; 13,3Излегов од Отецот и дојдов во светот; сега повторно го оставам светот и одам кај Отецот.“

29Неговите ученици Му рекоа: „Еве, сега отворено зборуваш и никаква па­рабола не кажуваш.

302,25; 16,19Сега знаеме дека знаеш сѐ и немаш потреба никој да Те прашува. Поради тоа веруваме дека од Бога си излегол.“

31Исус им одговори: „Сега ли верувате?

328,29; Зах 13,7; Мт 26,31.56Ете, доаѓа часот, и веќе дојде, да се разбегате секој кај своите, а Мене сам да Ме оставите; но не сум сам, бидејќи Отецот е со Мене.

3312,31; 13,19; 14,27.30; 15,18; Рим 8,37; 1 Кор 15,57; 2 Кор 1,8; 2 Тим 3,12; 1 Јн 5,5; Откр 5,5Ова ви го реков за да имате мир во Мене. Во светот ќе имате маки; но бидете смели, зашто Јас го победив светот.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help