Лука 13 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Повик за покајување

1 Дела 5,37 Во истото време дојдоа и некои и Го известија за Гали­лејците, чија крв Пи­лат ја беше смешал со нивните жртви.

2Јн 9,2-3Исус им одговори и рече: „Зар мислите дека тие Галилејци беа најголемите грешници од сите Галилејци, па затоа така пострадаа?

3Пс 7,11-12Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете!

4Или мислите дека оние осумнаесетмина, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа највиновни од си­те други што живеат во Ерусалим?

5Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“

Парабола за неплодната смоква

6 6,43-44; Мт 21,19 И ја кажа оваа парабола: „Некој чо­век имаше смоква посадена во своето лозје, па дојде да бара род на неа, но не најде.

7Мт 3,10; 7,19Тогаш му рече на лозарот: ’Ете, три години доаѓам, барајќи род на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?.‘

82 Птр 3,9.15А тој му одговори и рече: ’Гос­по­да­ре, остави ја и оваа година, додека да ја опкопам и наѓубрам;

9па, можеби ќе даде род; а ако не даде, то­гаш ќе ја пресечеш.‘“

Исцелувањето на згрчената жена

10 6,6 Една сабота Тој по­у­чу­ва­ше во една од синагогите.

11Мт 8,29.31И ете, таму беше една жена која имаше дух кој осумнаесет години ја држеше немоќна. Таа беше згрчена и никако не можеше да се исправи;

12штом ја виде Исус, ја повика и ѝ ре­че: „Жено, ослободена си од твојата немоќ.“

134,40; Мт 9,18И ги стави Своите раце врз неа; и таа веднаш се исправи и Го славеше Бога.

146,7; 2 Мојс 20,9-10; 5 Мојс 5,13-14; Мт 12,1; Јн 5,16; 7,23; 9,14.16А старешината на синагогата, негодувајќи што Исус ја излекува во саботен ден, проговори и му рече на народот: „Има шест дена во кои треба да се работи; то­гаш доаѓајте и лекувајте се, а не во са­бо­та!“

1514,5; Мт 12,11Но Господ му одговори и рече: „Ли­цемере, не го одврзува ли секој својот вол или магаре од јаслите во саботен ден и не го води ли да го напои?

16А оваа ќерка на Авраам, што ја вр­зал сатаната еве веќе осумнаесет години, зар не требаше да се ослободи од тие окови во сабота?“

174,15И штом го рече ова, сите што беа против Него се засрамија; и целиот на­род се радуваше за сите славни дела из­вршени од Него.

Парабола за синаповото зрно(Мт 13,31-32; Мк 4,30-32)

18 Мт 3,2; 6,10 А Тој рече: „На што прилега царството Божјо и со што да го споредам?

19Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е како синапово зрно, што го зема човек, и го сее во својата градина и тоа расте и станува го­лемо дрво; па и небесните птици се вгнездуваат на неговите гранки.“

Споредба со квасецот(Мт 13,33)

20 1 Кор 5,6; Гал 5,9 Повторно рече: „Со што да го споредам царството Божјо?

21Тоа прилега на квас што го зема жена, та го става во три мери браш­но, додека целото да скисне.“

Тесната врата(Мт 7,13-14.21-23)

22 9,51; 17,11; 19,28 И по патот за Ерусалим минуваше низ градови и села и поучуваше.

23Некој, пак, Му рече: „Господи, мал­кумина ли се оние што ќе бидат спасени?“ А Тој им рече:

2416,16; Мк 10,25„Потрудете се да влезете низ тесната врата; зашто, ви велам: мнозина ќе сакат да влезат и не ќе можат.

25Мт 25,10-12Кога ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата на куќата, а вие, сто­ејќи однадвор, ќе почнете да чукате и да викате: ’Господи, Господи, отвори ни!‘ Тој ќе ви одговори и ќе ви рече: ’Не ве познавам од каде сте!‘

26Тогаш ќе почнете да зборувате: ’Ние јадевме пред Тебе и пиевме; и по нашите улици Ти поучуваше.‘

27Пс 6,10; 1 Мак 3,6А Тој ќе рече: ’Ви велам: не ве познавам од каде сте; отстапете од Мене сите што вршите неправда!‘

2816,22; Мт 8,11-12Таму ќе биде плач и крцкање со заби, кога Авраам, Исак и Јаков и сите пророци ќе ги видите во царството Божјо, а себеси – истерани надвор.

2914,15-24; 22,16.18.30; Ис 2,2-5; 25,6-8; 66,18-21; Пс 106,3И ќе дојдат од исток и од запад, од се­вер и од југ, и ќе седнат на трпезата во царството Божјо.

30Мт 19,30; 20,16; Мк 10,31И така, има последни што ќе бидат први, а има и први што ќе бидат последни.“

Исус и Ерусалим(Мт 23,37-39)

31 14,1 Во тој ден пристапија некои фа­рисеи и Му рекоа: „Излези и оди си одовде, зашто Ирод сака да Те убие!“

32И им рече: „Одете и кажете ѝ на таа лисица: ете, истерувам демони и ис­целувам денес и утре – а на трети­от ден ќе завршам;

332,38; Мт 16,14но Јас треба да одам денес, утре и задутре, бидејќи не може пророк да загине надвор од Ерусалим.

34Ерусалиме, Ерусалиме, ти што ги убиваш пророците и ги каменуваш пратените кај тебе, колку­пати сакав да ги соберам твоите чеда како што квачка ги собира своите пилиња под крилјата, но не сакавте.

3519,38; 21,6; Ер 7,1-15.26; 12,7; 22,5; Ез 8–11; Мих 3,12; Пс 68,25; 117,26; Мт 21,9И ете, ви се остава пуст вашиот дом. А Јас ви велам дека нема да Ме ви­дите сѐ додека не дојде времето да ка­жете: ’Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!‘“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help