1 1,19; 22,6; Дан 2,28-29 Откровение на Исус Христос, што Му го даде Бог, за да им го покаже на Своите слуги она што треба да се случи скоро; а Тој го објави тоа испраќајќи го преку Својот ангел на Својот слуга Јован,
21,9; 6,9; 19,10; 20,4кој го посведочи словото Божјо и сведоштвото на Исус Христос, и сѐ што виде.
322,7.10; 2 Кор 6,2Блажен е оној што ги чита и оние што ги слушаат зборовите на ова пророштво и пазат на напишаното во него; зашто времето е блиску.
Поздрав до седумте цркви4 4,5.8; 11,17; 16,5; 2 Мојс 3,14; Ис 11,2 Јован – до седумте цркви, што се во Азија: благодат и мир вам од Бога, Кој е, и Кој бил, и Кој доаѓа, и од седумте духови кои се пред Неговиот престол,
53,14; Ис 55,4; Пс 88,26-27.37; Кол 1,18и од Исус Христос, верниот сведок, првородниот од мртвите и началникот на земните цареви. На Оној што нѐ возљуби и нѐ изми од нашите гревови во Својата крв
62 Мојс 19,6; Ис 61,6; 1 Птр 2,5.9и нѐ направи царство од свештеници на Својот Бог и Отец, Нему слава и власт во вечни векови. Амин!
714,14; Зах 12,10; Дан 7,13; Мт 24,30; Мк 13,26; Лк 21,27; Јн 19,37Ете, доаѓа со облаците, и Него ќе го види секое око, и оние што Го прободоа; и ќе се расплачат пред Него сите племиња на земјата. Да. Амин!
81,4; 4,8; 11,17; 15,3; 16,7.14; 19,6.15; 21,22; 22,13; 2 Мојс 3,14Јас сум Алфа и Омега – вели Господ Бог, Кој е, Кој беше, и Кој доаѓа, Седржителот.
Визија за Исус9 2 Тим 2,12 Јас, Јован, вашиот брат и соучесник во жалоста и царството и трпението во Исус Христос, бев на островот, наречен Патмос, заради словото Божјо и заради сведоштвото на Исус Христос.
10Дела 20,7Во денот Господов бев обземен од Духот и зад себе чув силен глас како од труба,
11што велеше: „Тоа што го гледаш, запиши го во книга и испрати го до седумте цркви: во Ефес и во Смирна, во Пергам и во Тиатир, во Сард, во Филаделфија и во Лаодикија!“
12И се свртев за да го видам гласот што зборуваше со мене; и штом се свртев, видов седум златни светилника,
1314,14; Дан 7,9.13; 10,5-6
Ез 9,2.11; Мт 8,20а сред седумте светилника Еден, како Синот Човечки, облечен во долга облека и препашан околу градите со златен појас;142,18главата и косата Му беа бели како бела волна, како снег, а Неговите очи – како огнен пламен;
1514,2; Ез 1,24; 43,2Неговите нозе – слични на бронза усвитена во печка, а Неговиот глас – како шум од многу води.
161,20; 3,1; 2 Мојс 34,29; Ис 49,2; Евр 4,12Во Својата десна рака Тој држеше седум ѕвезди, а од Неговата уста излегуваше меч со две острици; Неговото лице светеше како што сонцето сјае во својата сила.
171,8; 2,8; 22,13; Ис 44,6; 48,12; Ез 1,28; Дан 8,18; 10,15.19Штом Го видов, паднав пред Неговите нозе како мртов, а Тој ја стави Својата десна рака врз мене и ми рече: „Не плаши се! Јас сум Првиот и Последниот
182,8; Јн 5,26-28; 11,25-26; Евр 7,25и Живиот. Бев мртов, и ете, жив сум за вечни векови и ги имам клучевите од смртта и од адот.
191,1И така напиши што виде, што е и што ќе се случи по ова.
20Ова е тајната на седумте ѕвезди што ги виде во Мојата десница, и на седумте златни светилника: седумте ѕвезди се ангелите на седумте цркви – а седумте светилника, што ги виде, тоа се седумте цркви.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.