1 ;
1911,45; Јов 2,11и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија за да ги утешат за нивниот брат.
20Ез 8,14Кога чу Марта дека доаѓа Исус, излезе да Го пресретне; а Марија седеше дома.
2111,32Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, да беше тука, брат ми немаше да умре.
22Но и сега знам дека што и да посакаш од Бога, Бог ќе Ти даде.“
23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе воскресне!“
245,28-29; 6,39-40; Дан 12,2; 2 Мак 12,44; Дела 24,15Марта Му рече: „Знам дека ќе воскресне при воскресението, во последниот ден.“
251,4; 20,31; Кол 3,4; Откр 1,18А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресението и животот. Оној што верува во Мене, и да умре, ќе живее.
265,24; 8,51; Мт 22,23И секој што живее и верува во Мене, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“
276,14.69Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека Ти си Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“
Исус просолзува28Штом го рече тоа, отиде и тајно ја повика својата сестра Марија, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“
29Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него;
30зашто Исус уште не беше дошол во селото, туку беше на местото каде што Го пресретна Марта.
31А Јудејците, што беа со неа дома и ја тешеа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот за таму да плаче.
3211,21 Марија, пак, кога дојде каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред Неговите нозе, велејќи Му: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми!“
3312,27; Мк 3,5Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи во духот и се вознемири,
34па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“
35Лк 19,41Исус просолзи.
36Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го љубел!“
379,6-7А некои од нив, велеа: „Не можеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“
Воскреснувањето на Лазар38 20,1; Мт 27,60; Лк 23,53; 24,2 А Исус, сѐ уште нажален во Себе, дојде до гробот; тоа беше пештера и камен навален на неа.
39Исус рече: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“
401,14; 2,11Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека ако веруваш, ќе ја видиш Божјата слава?“
4117,1; Мт 14,19; Мк 6,41; Лк 18,13; Дела 7,55Тогаш го кренаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Оче, Ти благодарам што Ме послуша.
426,29; 12,30; 17,8.21; 3 Цар 18,36-37; 1 Јн 5,14-15Јас знаев дека Ти секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“
43Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“
4419,40; 20,6-7Умрениот излезе, обвиткан со погребни повои по нозете и по рацете; а лицето завиено со крпа. Исус им рече: „Разврзете го и оставете го да оди!“
Заговор против Исус(Мт 26,1-5; Мк 14,1-2; Лк 22,1-2)45 7,31; 8,30; 12,11.42 Тогаш мнозина од Јудејците, што беа дошле кај Марија и видоа што направи Исус, поверуваа во Него.
465,15А некои од нив отидоа кај фарисеите и им кажаа што направи Исус.
47Мт 26,3-5Тогаш првосвештениците и фарисеите го собраа Синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда.
48Дела 4,16Ако Го оставиме така, сите ќе поверуваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ги одземат и земјата и народот.“
4918,13; Лк 3,2Еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете,
5018,14; 2 Кор 5,14ниту разбирате дека за нас е подобро еден човек да умре за народот, отколку сиот народ да пропадне.“
511 Мојс 50,20; 4 Мојс 27,21Но ова не го рече сам од себе, туку, бидејќи беше првосвештеник таа година, прорече дека Исус ќе умре за народот;
5210,16; 1 Јн 2,2и не само за народот, туку и за да ги соедини растурените Божји чеда.
535,18; 7,1.25; 8,37.40; Мт 12,14Од тој ден се согласија да Го убијат.
543,22Поради тоа Исус веќе не одеше јавно меѓу Јудејците, туку оттаму отиде во еден крај близу пустината, во градот наречен Ефрем, и таму се задржа со Своите ученици.
552,13; 13,1; 18,28; 2 Мојс 19,10-15; 4 Мојс 9,9-14; 2 Лет 30,1-3.17-20; Дела 21,24-26А се наближуваше јудејската Пасха и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасха, за да се очистат.
567,11Тогаш Го бараа Исус и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Зар нема да дојде на празникот?“
57А првосвештениците и фарисеите веќе беа издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.