1 15,6; 16,1; 17,1; 21,9 И видов друг знак на небото, голем и чудесен: седум ангела што ги држеа седумте последни казни, зашто со нив ќе се заврши Божјиот гнев.
24,6; 13,15-18И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и на стакленото море како стојат оние што го победуваат ѕверот, и неговиот образ и бројот на неговото име, имајќи Божји лири.
31,8; 2 Мојс 34,10; 5 Мојс 32,4; Ер 10,7; Амос 3,13; Пс 91,4-5; 110,2; 138,14; 144,17И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се Твоите дела, Господи Боже Седржителу! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Цару на народите!
4Ер 10,7; Мал 1,11; Пс 85,9-10; Тов 13,7.11Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и нема да го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се објавија Твоите праведни судови!“
511,19; 2 Мојс 25,22; 38,21; 40,34Потоа видов: се отвори на небото храмот на скинијата на сведоштвото.
6И седумте ангели што ги држеа седумте напасти, излегоа од храмот, облечени во чисти и светли ленени облеки и опашани преку градите со златни појаси.
7И едно од четирите суштества на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови.
82 Мојс 40,34-35; 3 Цар 8,10; Ис 6,4; Ез 44,4; 2 Лет 5,13-14И се исполни храмот со чад од славата на Бога и од Неговата сила, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте напасти на седумте ангела.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.