1 Петар 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

1 Јк 1,21 Така, откако ќе отфрлите од себеси секаква злоба и секаква измама, и сите лице­мер­ства, завидувања и клеветења,

2Мк 10,15; 1 Кор 3,2како новородени деца бидете желни за чистото словесно млеко, та преку него да пораснете за спасение,

3Пс 34,9бидејќи вкусивте дека Господ е добар.

Основање и мисија на црквата

4 2 Мојс 19,23; Мт 21,42; Дела 4,11 Пристапувајќи кон Него, живиот камен, од луѓето отфрлен, но од Бога избран, драгоцен,

5Рим 12,1; 1 Кор 3,16; Ефес 2,20-22; Евр 13,15и самите вие, како живи камења, се вгра­дувате во духовен дом, за да станете свето свештенство, за да принесете духовни жртви, благопријатни на Бога преку Исус Христос.

6Ис 28,16; Рим 9,33; 10,11Зашто во Писмото е напишано: „Еве, на Сион поставувам аголен камен, избран и драгоцен; и оној кој верува во Него, нема да се посрами!“

7Пс 117,22; Мт 21,42Така за вас, кои верувате, Тој е скапоценост, а за неверниците – „Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник“,

8Ис 8,14; Рим 9,33и камен од кој тие се препнуваат и карпа на соблазната, на која се сопнуваат зашто се непокорни на словото, за што и беа од­ре­дени.

92 Мојс 19,5-6; Ис 43,20-21; Мал 3,17; Дела 26,18; Рим 3,24; 2 Кор 4,6; Ефес 1,14; 5,8; Кол 1,12-13; 3,12; 1 Сол 5,4; Откр 1,6Но вие сте избран род, царско свеш­тенство, свет народ, луѓе придобиени за да ги возвестите совршенствата на Оној Кој ве повикал од темнина во Својата чудесна светлина;

10Ос 1,6.9; 2,1.23; Рим 9,25-26вие, кои некогаш не бевте народ, а сега сте народ Божји; кои не бевте по­милувани, а сега сте помилувани.

За однесувањето на христијаните меѓу незнабошците

11 1 Мојс 23,4; Пс 38,12; Гал 5,17.24; Евр 11,13; Јк 4,1 Возљубени, ве молам, како туѓинци и придојдени, да се воздржувате од телесните похоти кои војуваат против душата.

123,16; Ис 10,3; Мт 5,16Однесувајте се добро меѓу нез­на­бошците, та тие, за тоа за што ве клеветат како злотворци, штом ќе ги видат вашите добри дела, да Го прослават Бога во денот на Неговата посета.

Должноста на христијаните кон оние кои се на власт

13Така, заради Господ, покорувајте се на секоја човечка власт: било на царот, како на врховна власт,

14било на управниците како на испратени од него за да ги казнат злосторниците, а да ги пофалат добротворците!

153,16Зашто, ова е волјата Божја: со добротворство да го замолкнуваме незнаењето на безумните луѓе,

16Гал 5,13; Јуда 1,4како слободни, но не како такви што ја употребуваат слободата како покривка за злото, туку како Божји слуги.

17Изреки 24,21; Мт 22,21Почитувајте го секого, браќата љубете ги, бојте се од Бога, царот почитувајте го!

Должноста на слугите кон своите господари

18 Ефес 6,5; 1 Тим 6,1; Тит 2,9 Слуги, покорувајте им се на своите господари со сета стравопочит, не само на добрите и крот­ките, туку и на суровите!

193,14; 4,14; Јк 5,7-11Зашто ова е благоугодно – ако некој, заради свесноста за Бога, ги поднесува жалостите, страдајќи неправедно.

203,14.17; 4,14Зашто, каква ли е пофалбата, ако трпеливо поднесувате кога ве тепаат поради вашите престапи? Но, ако правите добро и трпеливо страдате, тоа е угодно пред Бога.

21Мт 16,24; Јн 13,15Зашто за тоа сте повикани, бидејќи и Христос пострада за вас, оста­вајќи ви пример за да врвите по Не­го­вите стапки:

22Ис 53,9; Јн 8,46; 2 Кор 5,21; 1 Јн 3,5.9Тој не направи грев, ниту, пак, во Неговата уста се најде измама;

23Мт 5,39; 26,62; Рим 12,19кога Го навредуваа, Тој не им од­враќаше со навреди; кога страдаше, не се закануваше, туку се препушташе на Оној што суди праведно.

24Ис 53,4.5.12; Рим 6,11.18; Евр 9,28Тој Самиот во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та умирајќи за гревовите да живееме за правдата. Преку Неговите рани се исцелив­те.

25Ис 53,6; Ез 34,5-6; Мт 9,36Зашто бевте како изгубени овци, но сега се вративте кон Пастирот и Пазителот на вашите души.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help