1 или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни сѐ!
193 Мојс 19,15; Јк 2,10И така, оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно, а оној што ќе ги исполни и така ќе ги научи луѓето, тој ќе се нарече велик во царството небесно.
2018,3; 1 Мојс 15,6; Пс 68,27; Јн 3,5; Рим 10,3; Фил 3,9Зашто ви велам, ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и на фарисеите, нема да влезете во царството небесно!
За гневот и помирувањето(Мк 11,25; Лк 12,57-59)21 2 Мојс 20,13; 3 Мојс 24,17; 4 Мојс 35,16-18.21; 5 Мојс 5,17; Јк 2,11 Сте слушале дека на старите им било речено: ’Не убивај! А кој убие, ќе одговара пред судот.‘
2210,28; 18,9; Ер 7,31; 2 Лет 28,3; 33,6; Ефес 4,26; 1 Јн 3,15Јас, пак, ви велам дека секој што се гневи на својот брат без причина, ќе одговара пред судот; а оној што ќе го нарече својот брат ’празноглав‘, ќе одговара пред Синедрионот; оној, пак, што ќе му рече: ’Будала‘, ќе одговара во огнениот пекол.
23Мк 11,25; Лк 12,5И така, ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека твојот брат има нешто против тебе,
24остави го дарот таму, пред жртвеникот, па оди и најнапред помири се со својот брат, а потоа дојди и принеси го својот дар.
25Лк 12,58-59Измири се брзо со твојот противник, уште додека си на пат со него, за да не те предаде противникот на судијата, а судијата – на судскиот поданик, и да бидеш фрлен в затвор;
2618,34вистина ти велам: нема да излезеш оттаму, додека не го дадеш и последниот кодрант.
За прељубата и соблазната(Мт 18,8-9; Мк 9,43.47-48)27 19,18; 2 Мојс 20,14; 5 Мојс 5,18; Мал 2,14-16; Рим 13,9; Јк 2,11 Сте слушале дека е речено: ’Не прави прељуба!‘
28А Јас ви велам дека секој што погледнува на жена со похота кон неа, тој веќе извршил прељуба со неа во своето срце.
2918,6-9; Пс 123,7; Рим 9,33; 1 Птр 2,8Ако те соблазнува десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро е за тебе да погине еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.
30Мк 9,42И ако твојата десна рака те соблазнува, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да погине еден дел од твоето тело, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
За разводот(Мт 19,9; Мк 10,11-12; Лк 16,18)31 19,3-9; 5 Мојс 24,1; Мк 10,4 Уште било речено: ’Ако некој ја остави својата жена, нека ѝ даде разводно писмо.‘
32Мк 10,11; Дела 15,20.29; 1 Кор 7,10-11А Јас ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја наведува да прави прељуба; и ако некој се ожени со така оставена, тој прави прељуба.
За заклетвите33 2 Мојс 20,7; 3 Мојс 19,12; 4 Мојс 30,3; 5 Мојс 23,22 Сте слушале и дека на старите им било речено – ’Не колни се лажно, туку исполнувај ги своите заклетви пред Господа.‘
34Ис 66,1; Дела 7,49
Јк 5,1223,22А Јас ви велам: не колнете се воопшто – ниту во небото, зашто е Божји престол;35Пс 47,1-2ниту во земјата, зашто е подножје на Неговите нозе; ниту во Ерусалим, зашто е град на великиот Цар.
36Не колни се ниту во својата глава, зашто не можеш ниту едно влакно да направиш бело или црно.
372 Кор 1,17-20Вашиот збор да биде: ’Да, да‘, или ’не, не‘, а сѐ што е повеќе од тоа, од злиот е.
За одмаздувањето(Лк 6,29-30)38 2 Мојс 21,24; 3 Мојс 24,20; 5 Мојс 19,21 Сте слушале дека е речено: ’Око за око и заб за заб.‘
39Лк 6,29
2 Мојс 21,25; Плач 3,30; Рим 12,19.21А Јас ви велам: не противете му се на злиот. Ако некој те удри по десниот образ, заврти му го и другиот.40А на оној што сака да се суди со тебе и да ти ја земе туниката, дај му ја и наметката.
41И ако некој те натера да одиш со него една милја, оди со него две.
425 Мојс 15,8; Лк 6,30На оној што бара од тебе, дај му, и не одбивај го оној што сака да позајми од тебе.
Љубов кон непријателите(Лк 6,27-28.32-36)43 10,22; 19,19; 3 Мојс 19,18; Пс 138,21; Лк 10,27; Јк 2,8 Сте слушале дека е речено: ’Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател.‘
442 Мојс 23,4-5; Изреки 25,21; Лк 6,27-28.35; Дела 7,60; 1 Кор 4,12А јас ви велам: љубете ги своите непријатели, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и гонат,
45за да бидете синови на вашиот Отец, Кој е на небесата; зашто Тој прави Неговото сонце да изгрева и врз лошите и врз добрите, и им праќа дожд и на праведните и на неправедните.
4610,41-42; Лк 6,32Зашто ако ги љубите оние што вас ве љубат, каква ќе ви биде наградата? Не го прават ли истото и даночниците?
47И, ако ги поздравувате само своите браќа, што особено правите? Не постапуваат ли така и незнабошците?
483 Мојс 11,44-45; 19,2; 1 Птр 1,16; Јк 1,4 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.