2 Тимотеј 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поднесувај ги страдањата како добар војник

1Ти, пак, чедо мое, зајакнувај во благодатта која е во Христос Исус,

21 Тим 4,14; 6,12и она што си го чул од мене пред многу сведоци, тоа предај им го на верни луѓе кои се способни и други да научат.

31 Тим 4,10Па така, поднесувај ги страдањата како добар војник на Исус Христос.

4Никој кој служи како војник не се вплеткува во работите на секојднев­ниот живот, и тоа го прави за да му угоди на својот војсководач.

51 Кор 9,25Но дури и некој да се натпреварува, нема да добие венец доколку не се натпреварувал според правилата.

61 Кор 3,6-9; 9,7.10Земјоделецот што се труди прв треба да вкуси од плодот.

7Размисли за ова што ти го зборувам и Господ ќе ти даде да разбереш сѐ!

Спомни си за воскреснатиот Исус

8 Мт 1,1; Дела 13,30; Рим 1,3-4; 1 Кор 15,4.20; Фил 1,12-14 Спомнувај си Го Исус Хрис­тос од Давидовото потомство, Кој вос­кресна од мртвите, според моето благовестие,

9Лк 23,32; Ефес 3,1; Фил 1,13-17за кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови.

10Кол 1,24; 1 Сол 2,12Затоа сѐ трпам заради избраните, за да го добијат и тие спасението во Христос Исус, заедно со вечната слава.

11Рим 6,5; 1 Тим 1,15; 3,1; 4,9; Тит 3,8Верно е словото: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме.

12Мт 10,33; Лк 12,9; Рим 8,17Ако истраеме, со Него и ќе царува­ме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас.

134 Мојс 23,19; Рим 3,3.4; 1 Кор 1,9; Тит 1,2; Евр 6,18Ако сме неверни, Тој останува ве­рен, бидејќи Сам Себеси не може да се од­рече.

Распространувај го правилно словото на вистината

14 1 Тим 1,4 Ова напомнувај им го, заколнувајќи ги пред Господ да не се препираат, заш­то од тоа нема никаква полза, туку са­мо штета за оние што слушаат.

151 Тим 4,6; Тит 2,7-8Погрижи се да се покажеш достоен на Бога, работник кој нема од што да се срами кога правилно раководи со словото на вистината.

161 Тим 1,4; 4,7А оттргнувај се од нечисти и празни разговори, зашто тие ги водат луѓето кон уште поголема безбожност,

171 Тим 1,20и словото на таквите ќе се распространува како жива рана. Такви се Именеј и Фи­лит,

181 Тим 6,21кои застранија од вистината, гово­рејќи дека воскресението веќе се збид­на­ло, и со тоа на некои им ја разрушуваат верата.

Темелот поставен од Бог

19 3 Мојс 24,16; 4 Мојс 16,5; 16,26; Ис 26,13; Сир 17,26; 35,3; Јн 10,14; 1 Кор 8,3; Ефес 2,20 Но Божјиот цврст темел стои непоколебливо, имајќи го овој печат: „Ги познава Господ оние кои се Негови“ и „Да отстапи од неправда секој што го изговара Господовото име!“

20Рим 9,21; 1 Кор 3,12Во голем дом нема само златни и сребрени садови, туку и дрвени и глинени; и едните се за чесна употреба, а другите за вообичаена.

213,17И така, ако некој се очисти од тоа, тој ќе биде сад за чест, осветен, корисен на господарот и приготвен за секое добро дело.

Слуга на Господ

22 Гал 5,22; 1 Тим 6,11 Одбегнувај ги мла­деш­ките похоти и стреми се кон праведност, вера, љубов, мир со оние што Го повикуваат Господа од чисто срце!

231 Тим 1,4; 4,7Оттргнувај се од глупави и празни расправии, зашто знаеш дека тие раѓаат кавги!

24Ис 42,3; Мт 12,19; 1 Тим 3,2-3; Тит 1,7А Господовиот слуга не треба да се расправа; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува, да под­не­сува зло,

25Гал 6,1; 1 Тим 2,4со кротост да ги превоспитува про­тив­ниците, та Бог некако да им да­де покајание, за да ја познаат вистината,

261 Јн 2,14и да се ослободат од стапицата на ѓа­волот кој ги уловил за да ја ис­пол­нуваат неговата волја.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help