1 Рим 12,7; 1 Кор 12,28-29; Ефес 4,11 Браќа мои, не станувајте мнозина учители, зашто знаете дека ќе добиеме поголемо осудување.
21,4Сите ние многу грешиме. А ако некој во зборови не греши, тој е совршен маж, способен да го заузда и целото тело.
3Пс 31,9Ете, кога на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно тело.
4Па, ете, и корабите, иако се навистина големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака.
5Па така, и јазикот е мал орган, но се фали со големи работи. Ете, мал оган, а колку голема шума запалува;
6Мт 5,22; 12,36-37; 15,11.18-19и јазикот – светот на неправдата – е оган; јазикот е така поставен меѓу нашите органи, што го осквернува целото тело и го разгорува течението на животот, а тој самиот, пак, е запален од пеколот.
7Секаков вид ѕверови и птици, влекачи и морски животни, се скротува и се припитомува од човечкиот род,
8Пс 139,3; Рим 3,13но јазикот, тоа зло што не мирува, полно со смртоносен отров, никој од луѓето не може да го скроти.
91 Мојс 1,26-27; 5,1; 1 Кор 11,7Со него Го благословуваме Бога и Отецот и со него ги колнеме луѓето создадени според Божјото подобие.
10Од истата уста излегува и благослов и клетва. Не треба, браќа мои, тоа така да биде.
11Испушта ли изворот од истиот отвор слатка и горчлива вода?
12Може ли, браќа мои, смоквата да раѓа маслинки, или лозата смокви? Така, од ниеден извор не извира и солена и слатка вода.
Мудроста озгора и земната мудрост13Кој е меѓу вас мудар и разумен? Преку доброто однесување нека ги покаже своите дела во кротоста на мудроста.
14Но, ако во своите срца имате горчлива завист и себичност, не фалете се и не лажете против вистината:
151,5.17; 1 Кор 2,14тоа не е мудрост која слегува одозгора, туку земна, душевна, демонска;
16бидејќи, каде што има завист и себичност, таму има безредие и сѐ е лошо.
172,13; Мт 5,7.9; Гал 5,22-25; Евр 12,11; 1 Птр 3,4; 3,10-11.16А мудроста што е озгора, најнапред е чиста, а потоа мирна, кротка, спремна да послуша, полна со милост и добри плодови, непристрасна и нелицемерна.
18Ис 32,17; Мт 5,9; Евр 12,11Плодот, пак, на правдата во мир се сее од миротворците.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.