Лука 4 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исусовото искушување(Мт 4,1-11; Мк 1,12-13)

1 5 Мојс 9,9; 3 Цар 19,8 Исполнет со Светиот Дух, Исус се врати од Јордан, и беше одведен од Духот во пустината.

2Евр 4,15Четириесет дена беше искушуван од ѓаволот. Во тие денови не ја­деше ништо, а кога изминаа тие, најпос­ле огладне.

33,22Тогаш ѓаволот Му рече: „Ако си Син Божји, кажи му на овој камен да стане леб.“

45 Мојс 8,3А Исус му одговори и рече: „Напи­шано е: ’Човек нема да живее само од леб, туку и од секој Божји збор.‘“

5Потоа ѓаволот Го одведе на една ви­сока гора и му ги покажа за миг сите царства во светот.

6Мт 28,18; 1 Јн 5,19; Откр 13,2.4И Му рече ѓаволот: „Ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и ја давам кому што сакам.

7Ер 27,5Ако се поклониш пред Мене сето тоа ќе би­де Твое.“

85 Мојс 6,13; 10,20Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ’На Господ, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!‘“

9Ез 8,3И Го одведе во Ерусалим, и Го пос­тави на стреата од храмот, па Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се одовде до­лу!

10Пс 90,11-12Зашто е напишано: ’На Своите ангели ќе им заповеда за Тебе да Те за­чу­ваат;

11и на раце ќе Те кренат, да не си ја сопнеш ногата од камен.‘“

125 Мојс 6,16А Исус му одговори и рече: „Кажа­но е: ’Не искушувај Го Господ, твојот Бог!‘“

1322,3.53; Јн 13,2.27; Евр 4,15Па откако ѓаволот заврши со сите искушенија, се оддалечи од Него за некое време.

Исус го започнува Своето дејствување во Галилеја(Мт 4,12-17; Мк 1,14-15)

14 Мт 3,16; 4,12 А Исус во си­лата на Духот се врати во Галилеја; и се разнесе глас за Него по целиот тој крај.

15Мт 4,23; 9,35А Тој поучуваше во нивните синагоги, и сите Го прославуваа.

Исус е отфрлен во Назарет(Мт 13,54-58; Мк 6,1-6)

16 2,39.51; Мт 13,54; Дела 17,1-2 И дојде во Назарет, каде што беше пораснал, и по Својот обичај влезе еден саботен ден во синагогата и стана да чита.

17Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; па ја отвори и го најде местото каде што беше напишано:

18Ис 61,1-2

Ис 58,6„Духот Господов е врз Мене; зашто Ме помаза да им благовестам на сиромашните; Ме прати да ги исцелам оние со скрушено срце, да им проповедам осло­бо­дување на заробените и прогледување на слепите, да ги пуштам на слобода напате­ни­те;

193 Мојс 25,10-13да ја проповедам благопријатната Господова година!“

20Дела 6,15Потоа ја затвори книгата, му ја даде на прислужникот и седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него.

212,11И почна да им говори: „Денес се исполни ова писмо што го чувте.“

222,47; 4,15; Мт 13,55; Јн 7,46И сите Му посведочија и се восхитуваа на благодатните зборови што излегуваа од Неговата уста и ве­леа: „Зар не е Овој синот на Јосиф?“

234,31-41; Мк 1,21А Тој им рече: „Сигурно ќе Ми ја кажете оваа изрека: ’Лекаре, излекувај се Сам! Направи го и овде, во Твојот роден крај, она што чувме дека се случило во Капернаум.‘“

24Мк 6,4; Јн 4,44Па им рече: „Вистина ви велам: ни­еден пророк не е прифатен во својот роден крај.

253 Цар 17,1; 18,1; Јк 5,17Навистина ви велам: имаше многу вдовици во Израил во времето на Илија, кога се затвори небото три години и шест месеци и настана голем глад по целата земја;

263 Цар 17,8-16 и кај ниедна од нив не беше пратен Илија, а само кај една жена вдовица во Сарепта Сидонска;

274 Цар 5,1-14и имаше мнозина лепрозни во Из­раил во времето на пророкот Елисеј, но ниеден од нив не се очисти, освен Сири­ецот Нееман.“

28Дела 7,57А кога го слушнаа тоа, сите во си­на­гогата се исполнија со гнев;

294 Мојс 15,35; Дела 7,58па станаа, Го истераа надвор од гра­дот и Го одведоа на сртот од една гора, врз којашто беше соѕидан нивниот град, за да Го турнат одозгора.

30Јн 8,59; 10,39Но Тој помина меѓу нив и си отиде.

Исус во Капернаум. Силата на Неговиот збор(Мт 7,28-29; Мк 1,21-28)

31 Мт 4,13 И слезе во галилејскиот град Капернаум и ги поучуваше во саботи­те.

32Мт 7,28-29; Мк 11,18И се чудеа на Неговата наука, заш­то Неговото слово имаше власт.

33Мк 5,2.7Во синагогата имаше еден чо­век, обземен од дух на нечист демон, и тој извика со силен глас:

34Мт 8,29; Јн 6,69; Дела 3,14„Еј, што имаш со нас Ти, Исусе На­за­реецу? Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си. Ти си Божјиот Светец.“

35А Исус го прекори, говорејќи: „Замолкни и излези од него!“ Па откако го фрли насреде, демонот излезе од него, воопшто не наштетувајќи му.

36Сите ги обзеде восхит, па си зборуваа меѓу себе: „Какво ли е ова слово што со власт и сила им заповеда на не­чис­ти­те духови и тие излегуваат!?“

374,14; Мт 9,26Па се разнесе глас за Него по сите околни места.

Исус оздравува многумина болни(Мт 8,14-17; Мк 1,29-34)

38 Јн 4,52; Дела 28,8 Мт 4,18 Штом излезе од синагогата, влезе во куќата на Симон; а тештата на Си­мон имаше силна треска, и Го помолија за неа.

39И застанувајќи над неа, Тој ја пре­кори треската, и таа ја остави; и жената веднаш стана и им служеше.

4013,13; 1 Тим 4,14И на зајдисонце, сите кои имаа болни од разни болести ги доведуваа кај Него; а Тој, положувајќи раце над секого од нив, ги лечеше.

413,15; Мт 14,33; 16,13.16; 22,41-42; Мк 3,11; Јн 1,20.41; 7,26-27.41-42; 11,27; 20,31; Дела 4,26; 17,3; Рим 9,5; 1 Јн 2,22Од мнозина излегуваа и демони со ви­кање, и велеа: „Ти си Христос, Синот Божји.“ А Тој ги прекоруваше и не им доз­волуваше да кажуваат оти знаат дека Тој е Христос.

Исус проповеда во Јудеја(Мт 4,23; Мк 1,35-39)

42 Мк 1,35.37 Кога се раздени, Тој излезе и отиде на пусто место, а луѓето Го бараа па, кога дојдоа кај Него, Го задржуваа да не си оди откај нив.

43Мт 9,35; 24,14; Мк 1,14-15А Тој им рече: „И на другите гра­дови треба да им благовестам за царството Божјо, зашто за тоа сум пратен.“

44Мт 4,23И проповедаше по га­ли­лејските синагоги.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help