1 Коринтјаните 6 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

За споровите пред суд

1Би се осмелил ли некој од вас, кога има спор со друг, да излезе на суд пред неправедните, наместо пред светиите?

2Дан 7,22; Мт 19,28; Откр 3,21; 20,4Зар не знаете дека светиите ќе го су­дат светот? Па, штом вие ќе го судите светот, зарем сте недостојни да судите за ситници?

32 Птр 2,4Зар не знаете дека ангели ќе судиме, а не, пак, она што е од овој свет?

4Ако, пак, имате спор за овоземни нешта, тогаш земете си ги за судии токму оние најпрезрените во црквата!

5Лк 12,57За ваш срам ви велам: толку ли не се најде ниту еден мудар меѓу вас, кој може да пресуди меѓу своите браќа?

62 Кор 6,15Туку брат со брат се суди, и тоа пред неверници!

7Мт 5,39-42; 1 Сол 5,15; 1 Птр 3,9За вас е веќе неуспех и самото тоа што имате спорови меѓу себе. Нели е подобро да ја понесете неправдата? Нели е подобро да ја претрпите штетата?

8Туку, напротив, вие правите неправда и штета, и тоа на браќата.

915,50; Рим 1,29-31; 13,13; Гал 5,19-21; Ефес 5,5Зар не знаете дека неправедните нема да го наследат Божјото царство? Не лажете се: ниту блудниците, ниту идоло­поклониците, ниту прељубниците, ниту ма­жите што легнуваат со мажи,

10ниту ненаситниците, ниту крадците, ниту пијаниците, ниту клеветниците, ниту раз­бојниците нема да го наследат царството Божјо.

11Дела 22,16; Ефес 5,26; 2 Сол 2,13; 1 Јн 2,12А такви беа и некои од вас; но се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на Господ Исус Христос и преку Духот на нашиот Бог.

Прославете Го Бога во своето тело

12 7,35; 10,23 Сѐ ми е допуштено! Но не е сѐ по­лезно. Сѐ ми е допуштено! Но ништо не сакам да завладее над мене.

131 Сол 4,3-5Храната е за стомакот, а стомакот за храната; но Бог ќе ги уништи и неа и него. Телото, пак, не е за блуд, туку за Господ, а Господ е за телото.

1415,15.20; Рим 8,11; 2 Кор 4,14; 13,4А Бог Го воскресна и Господ, и нас ќе нѐ воскресне преку Својата сила.

1512,12-27; Рим 12,4-5Зар не знаете дека вашите тела се делови од Христос? И така, ќе ги земам ли де­ловите од Христос за да ги направам де­лови на блудница? Никако!

161 Мојс 2,24; Мт 19,5Или не знаете дека оној што се соединува со блудница, станува едно те­ло со неа? Зашто е речено: „Обата ќе бидат едно тело.“

17Јн 17,21-23; Рим 8,9-11; 2 Кор 3,17-18А кој се соединува со Господ, еден дух е со Него.

1810,8.14; 1 Тим 6,11Бегајте од блудот! Секој друг грев што го прави човекот е надвор од телото, а блудникот греши против своето тело.

193,16; Јн 2,21Зар не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас и Кој ви е даден од Бога, и дека не си при­па­ѓа­те само на себе?

207,23; Фил 1,20; 1 Птр 1,18-19Зашто скапо сте платени. Затоа прославете Го Бога во вашето тело и во вашиот дух, кои се Божји.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help