Јаков 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Верата е непристрасна

1 2,9; 5 Мојс 1,17; Јов 34,19; Дела 10,34 Браќа мои, држете се за верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата, без да бидете пристрасни.

2Зашто, ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен и раскошни алишта, а влезе и сиромав во валкани алишта,

3па се загледате во оној што носи раскошни алишта и му речете: „Ти седни овде на убаво место!“, а на сиромашниот му ре­чете: „Ти стој таму!“, или: „Седни овде, крај моето подножје!“,

4зарем со тоа не правите разлика помеѓу нив и не станувате ли пристрасни судии?

5Мт 25,34; 1 Кор 1,26-28; 6,9-10; Гал 5,21Слушнете, возљубени мои браќа: не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет за да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат?

6А вие го посрамивте сиромавиот! Нели богатите ве угнетуваат и ве влечат по судови?

7Дела 2,38; 10,48Нели тие хулат на вашето добро име, со кое се нарекувате?

81,25; 3 Мојс 19,18; Мт 19,19; 22,39; Мк 12,31; Лк 10,27; Јн 13,34-35; Рим 13,9Ако го исполнувате царскиот закон според Писмото: „Возљуби го ближниот како себеси“ – добро правите.

95 Мојс 1,17Но, ако сте пристрасни, пра­вите грев и Законот ве осудува како прес­тапници.

105 Мојс 27,26; Мт 5,19; Гал 3,10Зашто оној што го запазил целиот Закон, а згрешил само во едно, бидува виновен за сѐ.

112 Мојс 20,13-14; 5 Мојс 5,17-18; Мт 5,21.27; 19,18; Мк 10,19; Лк 18,20; Рим 13,9Бидејќи Оној што рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако, пак, не вршиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на Законот.

121,25Така зборувајте и така постапувајте, како луѓе што ќе бидат судени според за­ко­нот на слободата.

13Мт 5,7; 18,32-35Зашто судот ќе биде безмилосен кон оној кој не покажува милост. Милоста торжествува над судот.

Без дела верата е мртва

14 1,25; 3,13; Мт 5,16.20; 7,21.26; Рим 2,6.15-16; 3,28; Гал 2,16; 5,6; Ефес 2,8-10; Кол 1,10; 1 Сол 1,3; 2 Сол 1,11 Каква е ползата, браќа мои, ако некој рече дека има вера, а нема дела? Може ли таквата вера да го спаси?

15Ако некој брат или некоја сестра се голи и секој ден страдаат за храна,

16па некој од вас им рече: „Одете си со мир, згрејте се и наситете се!“, а не им го даде она што е потребно за телото – каква е ползата од тоа?

172,20.26Така е и со верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.

18Но може некој да рече: „Ти имаш вера, а јас имам дела“. Покажи ми ја својата вера без дела, а јас преку моите дела ќе ти ја покажам мојата вера.

19Мт 8,29; Мк 1,24; 5,7; Лк 4,34Ти веруваш дека Бог е еден – добро правиш; но и демоните веруваат и треперат.

20Дали сакаш да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?

211 Мојс 22,9.12; Ис 51,2; Мт 3,9Нели со дела беше оправдан нашиот татко Авра­ам, откако врз жрт­веникот го положи својот син Исак?

22Јн 8,39.53; Гал 3,6-9; Евр 11,17Гледаш ли дека неговата вера содејствуваше заедно со неговите дела, и дека преку делата, верата се усовршуваше?

231 Мојс 15,6; Ис 41,8; 2 Лет 20,7; 1 Мак 2,52; Сир 44,20; Рим 4,3.9.22; Гал 3,6И се исполни Писмото, кое вели: „Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се на­рече Божји пријател.

24Гледате дека човекот се оправдува со дела, а не само со вера.

25Ис.Н. 2,4.15; 6,17; Евр 11,31Исто така, зарем со дела не се оправда и блудницата Раав, кога ги прими из­ви­дувачите и ги изведе по друг пат?

262,17.20Бидејќи, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help