1 2,13; Рим 12,1-2; 2 Сол 3,6 И така, браќа, ве молиме и ве преколнуваме во Господ Исус: како што научивте од нас како треба да живеете и да Му угодувате на Бога – сѐ повеќе во тоа да напредувате;
24,15Бидејќи знаете какви заповеди ви дадовме преку Господ Исус.
35,23; 3 Мојс 19,2; Мт 6,10; Рим 6,19; Ефес 1,4; Евр 10,10; 1 Птр 1,16Ова е волјата Божја, вашето осветување: да се воздржувате од блуд,
41 Кор 6,13.15; 7,2; 1 Птр 3,7и секој од вас да знае да го чува својот сад во светост и честитост,
5Ер 10,25; Пс 78,6а не во похотна страст, како незнабошците, кои не Го познаваат Бога,
65 Мојс 32,35; Пс 93,1; Сир 5,3не го погазува и измамува својот брат во тоа; бидејќи Господ за сето тоа се одмаздува, како што и порано ви зборувавме и сведочевме.
7Јн 17,19; 2 Сол 2,13-14; 1 Птр 1,15-16Зашто Бог не нѐ повика за нечистота, туку за светост.
8Ез 36,27; 37,14; Лк 10,16; Рим 5,5; 2 Кор 1,22; Гал 4,6; 1 Јн 3,24Оној, пак, што го отфрла тоа, не отфрла човек, туку Бога, Кој Го даде Својот Свет Дух во вас.
9Ис 54,13; Ер 31,33-34; Јн 6,45; 13,34А за братољубието нема потреба да ви пишувам, зашто вие самите сте научени од Бога да се љубите еден со друг,
103,12; 2 Сол 3,4бидејќи така и постапувате со сите браќа по цела Македонија. Но ве молиме, браќа, уште повеќе да напредувате,
11Ефес 4,28; 2 Сол 3,6-12и да се стремите да живеете мирно, да се грижите за својата работа и да работите со свои раце како што ви заповедавме;
12Мк 4,11; 1 Кор 5,12; Кол 4,5та да се однесувате пристојно кон оние кои не поверувале и да не зависите од никого.
Воскресението на мртвите и очекување на денот на Господовото доаѓање13 Ефес 2,12 Браќа, не сакаме да бидете во незнаење за оние кои се упокоени, за да не тагувате како другите, кои немаат надеж.
14Мк 9,31; Рим 14,9; 1 Кор 15,3-4; 2 Кор 4,14Бидејќи, ако веруваме дека Исус умре и воскресна, така Бог, преку Исус, ќе ги доведе со Него и упокоените.
15Мт 16,27; 1 Кор 7,10.25; 15,51Зашто ова ви го велиме преку Господовото слово, дека ние, живите, што ќе останеме до доаѓањето на Господ, нема да ги престигнеме упокоените.
161,10; Мт 24,30-31; 1 Кор 15,23.52; 2 Сол 1,7Зашто при заповед, и глас на архангел, и Божја труба, Самиот Господ ќе слезе од небото и најнапред ќе воскреснат мртвите во Христос;
17Јн 12,26; 14,2-3; 17,24; Фил 1,23а потоа ние, што сме останале живи, заедно со нив ќе бидеме грабнати во облаците, за да се сретнеме со Господ во воздухот, и така секогаш ќе бидеме со Господ.
185,11Па затоа, утешувајте се еден со друг со овие зборови.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.