1 27,61; Дела 20,7 Кога измина саботата, на осамнување во првиот ден од седмицата, Марија Магдалина и другата Марија дојдоа да го видат гробот.
21,20; 2 Мојс 19,18; Дела 16,26И ете, настана голем потрес, зашто ангел Господов слезе од небото, пристапи, го отстрани каменот од гробната врата и седна на него.
317,2; Лк 9,29; Дела 1,10Изгледот му беше како молња, а облеката – бела како снег.
417,6А стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви.
514,27; 1 Мојс 15,1; Ер 30,10; Откр 1,17Ангелот им се обрати на жените и им рече: „Не плашете се; знам дека Го барате Исус распнатиот;
616,21; Дела 2,24не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ,
726,32; Мк 14,28па отидете бргу и кажете им на Неговите ученици дека воскресна од мртвите. И ете, оди пред вас во Галилеја; таму ќе Го видите. Ете, ви кажав.“
8Мк 16,8И излегоа брзо од гробот, со страв и голема радост и отрчаа да им соопштат на Неговите ученици.
92,2.8.11; 8,2; 14,33; 15,25; 28,17Кога одеа да ги известат Неговите ученици, ете, Исус ги пресретна, велејќи им: „Радувајте се!“ А тие се приближија, Му ги прегрнаа нозете и паднаа ничкум пред Него.
10Јн 20,17Тогаш Исус им кажа: „Не плашете се; одете и соопштете им на Моите браќа да отидат во Галилеја, и таму ќе Ме видат.“
11Кога тие заминуваа, ете, некои од стражарите, влегувајќи в град, им кажаа на првосвештениците за сето она што беше станало.
1212,14И тие, откако се собраа со старешините и се посоветуваа, им дадоа многу пари на војниците,
1327,64велејќи: „Кажете: ’Неговите ученици дојдоа ноќе и Го украдоа додека ние спиевме;‘
14и, ако за тоа чуе управникот, ние ќе го убедиме и вас ќе ве ослободиме од грижа.“
15А тие ги зедоа парите и направија како што беа научени. И тој глас се пренесува меѓу Јудејците и до денес.
Исус им се јавува на Своите ученици(Мк 16,14-18; Лк 24,36-49; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)16 26,32 А единаесеттемина ученици отидоа во Галилеја, на гората, каде што им беше заповедал Исус;
17па, штом Го видоа, паднаа ничкум пред Него; а некои се посомневаа.
184,9-10; 11,27; Дан 7,14; Јн 3,35; Ефес 1,20-22; Фил 2,9-11А Исус, пристапувајќи им, проговори и рече: „Ми се даде секаква власт на небото и на земјата.
1910,6; 24,9.14; Ис 42,6; 49,6; Лк 24,47; Дела 1,8; 2,38; 19,5; Рим 6,3; Гал 3,27; Ефес 4,5Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух,
201,23; 18,20; 1 Мојс 28,15; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ис 41,10; 43,5; Ер 1,8; Агеј 1,13; Дан 7,13-14; Јн 14,18-21и учејќи ги да пазат сѐ што сум ви заповедал. И ете, Јас сум со вас преку сите денови до крајот на светот.“ Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.