1 Јован 2 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Христос ни доаѓа на помош

1 Јн 14,16; Дела 3,14; Рим 8,34; Евр 7,25; 8,6 Чеда мои, ова ви го пишувам за да не грешите. Но, ако некој згреши, кај Отецот имаме Застапник, Исус Хрис­тос, Праведниот;

24,10.14; Јн 4,42; Рим 3,25; Кол 1,20а Тој е жртва за измирување за на­шите гревови, и не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет.

31,3.7; 3,22-24; 4,21; 5,2-3; 2 Јн 1,6По тоа знаеме дека сме Го познале, ако ги чуваме Неговите заповеди.

44,20; Тит 1,16Оној што вели: „Го познав“, а Неговите заповеди не ги чува, лажливец е и во него нема вистина;

5Јн 14,21.23а кој го пази Неговото слово, во него Божјата љубов навистина е совршена: по тоа знаеме дека сме во Него.

63,3.16; 4,17; Јн 13,15.34; 1 Кор 11,1; Ефес 5,2; Фил 2,5; Кол 1,11; 1 Птр 2,21-25Оној што вели дека престојува во Него, дол­жен е да постапува така, како што и Самиот Тој пос­тапи.

Нова заповед

7 5 Мојс 6,5; Мт 22,37-40 Браќа, не ви пишувам нова за­повед, туку старата заповед, што ја имавте од почетокот. Старата заповед е словото, што го чувте од почетокот.

8Јн 1,5; 8,12; 13,34; 15,12-17; Рим 13,12Па сепак, нова заповед ви пишувам – нешто што е вистинито и во Него и во вас; зашто темнината одминува, а вистинската светлина веќе свети.

91,6; Изреки 4,18-19Оној што вели дека е во светлина, а го мрази својот брат, тој е сѐ уште во тем­нина.

103,18-20Кој го љуби својот брат, тој престојува во светлина и во него нема соблазна.

111,6; Јн 12,35; Мт 15,14А оној што го мрази својот брат, тој е во темнина, и во темнина оди, и не знае ни каде оди, бидејќи темнината му ги ослепила очите.

121,7; 2,2; Мт 9,2; Лк 24,47; Дела 3,16; 13,38; 1 Кор 6,11Ви пишувам, чеда, зашто гревовите ви се простени заради Не­говото име.

134,4; 5,4.5.18; Евр 8,11; 1 Птр 5,8-9Ви пишувам вам, татковци, зашто Го спознавате Оној што е од почетокот; ви пишувам, вам, момчиња, зашто го победивте лукавиот. Ви напишав вам, чеда, зашто Го познавте Отецот.

14Јн 5,38; Ефес 6,10-17; Откр 12,11 Ви напишав, вам, татковци, бидејќи Го познавте Оној што е од почетокот; ви напишав вам, момчиња зашто сте силни, и словото Божјо престојува во вас, па го победивте лукавиот.

15Јн 5,42; 17,14; Рим 12,2; Јк 4,4Не љубете го светот, ниту она што е во него. Ако некој го љуби светот, во него нема љубов од Отецот.

16Изреки 27,20; Мк 10,24; Гал 5,24; Тит 2,12; Јк 4,16; 1 Птр 2,11Зашто, сѐ што е во светот – похотата на телото, похотата на очите и горделивоста на животот – не е од Оте­цот, туку е од светот.

17Ис 40,8; Изреки 10,25; Мт 7,21; 1 Кор 7,31; 1 Птр 4,2А светот и неговите похоти се минливи, а оној што ја извршува волјата Божја, останува довека.

Христовите непријатели

18 4,3; Мт 24,5; 1 Тим 4,1; 2 Јн 1,7 Чеда, последен час е. И како што сте слушале дека антихристот доаѓа, и сега многумина станаа антихристи; по тоа знаеме дека е последниот час.

19Дела 20,30; 1 Кор 11,19; 2 Кор 6,14-18Тие излегоа од нас, но не беа наши; бидејќи ако беа од нас, ќе останеа со нас; но излегоа, за да биде јасно дека не се сите наши.

202 Кор 1,21; Јуда 1,5А вие имате помазание од Светиот, и знаете сѐ.

21Јн 8,32.44; 2 Птр 1,12; 2 Јн 1,1Не ви пишав зашто не ја знаете вис­тината, туку затоа што ја знаете и затоа што ниедна лага не доаѓа од вистината.

224,3; 2 Јн 1,7Кој е лажливец, ако не оној, што порекнува дека Исус е Христос? Анти­христ е тој што Ги порекнува Отецот и Синот.

23Мт 10,33; Јн 5,23; 2 Јн 1,7.9Секој што Го порекнува Синот, Го нема ниту Отецот.

241,3; 2,27; 3,24; Јн 15,7-10И така, она што го чувте во почетокот, тоа и нека остане во вас; ако остане во вас она што го чувте од почетокот, и вие ќе престојувате во Синот и во Отецот.

25Јн 5,24; 6,40; 17,2А ова е ветувањето што ни го даде Тој: вечниот живот.

26Тоа ви го напишав заради оние што се обидуваат да ве измамат.

272,20; Јн 6,45; Евр 8,11А што се однесува на вас, помазанието што го примив­те од Него, останува во вас, и нема потреба некој да ве поучува; но бидејќи Неговото помазание ве учи на сѐ, и е вистинито, и не е лага, затоа останете во Него онака како што ве научило тоа.

283,2; 4,17; Лк 13,27; Фил 1,20-21; 2 Сол 1,9И така, чеда, останете во Него, та, кога ќе се објави Тој, да имаме смелост и да не се посрамиме од Него при Неговото доаѓање.

293,10; 4,7; 5,1Штом знаете дека Тој е праведен, знајте го и тоа дека секој што врши правда е роден од Него.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help