1 Дела 16,1; Рим 1,1; Ефес 3,1; Фил 1,7.13-17 Павле, затвореник за Исус Христос, и братот Тимотеј, до нашиот возљубен сотрудник Филимон
2Рим 16,5; 1 Кор 16,19; Кол 4,15-17; 2 Тим 2,3и до возљубената Апфија, и до Архип, нашиот соборец, и до твојата домашна црква.
3Рим 1,7; Гал 1,3; Фил 1,2Благодат и мир вам од Бога, нашиот Отец, и од Господ Исус Христос!
4Рим 1,8-9; Ефес 1,15-16; Кол 1,3-4.9Му благодарам на мојот Бог, спомнувајќи те секогаш во своите молитви,
5бидејќи слушам за твојата љубов и вера, која ја имаш кон Господ Исус и кон сите светии.
6Гал 3,28; 5,6; Фил 1,9; Кол 1,9Учеството на твојата вера нека се покаже делотворно во познанието на секое добро што е во нас во Христос Исус.
72 Кор 7,4; 2 Јн 1,4-6Зашто твојата љубов ни причинува голема радост и утеха, бидејќи преку тебе, брате, се успокоија срцата на светиите.
8Затоа, иако имам во Христос голема смелост да ти заповедам што треба да правиш,
9Ефес 3,1; 4,1сепак, од љубов кон тебе, те молам. Да, јас, каков што сум, старецот Павле, а сега и затвореник за Исус Христос,
101 Кор 4,15; Гал 4,19; Кол 4,9 те молам за моето чедо Онисим, што го родив во своите окови:
11тој некогаш ти беше непотребен, а сега ни е потребен и тебе и мене, па ти го праќам назад,
12а ти прими го како да е моето срце.
13Фил 2,30Јас сакав да го задржам со мене, за да ми служи место тебе во оковите што ги носам за благовестието.
142 Кор 9,7; 1 Птр 5,2Но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за твојата добрина да не биде како од принуда, туку доброволна.
15Зашто тој можеби затоа накратко се одвои од тебе, за да го придобиеш засекогаш,
161 Кор 7,2 веќе не како роб, туку како повеќе од роб, како возљубен брат, особено за мене, и уште повеќе за тебе – и по тело, и во Господа.
17И така, ако ме сметаш за содружник, прими го како да си ме примил мене.
18Ако, пак, во нешто ти згрешил, или ти е должен, префрли го тоа на моја сметка.
19Гал 6,11; Кол 4,18Јас, Павле, своерачно потпишувам: јас ќе платам, за да не ти речам дека ти и за самиот себе си ми должен.
20Да, брате, би сакал да видам од тебе полза во Господа; успокој го моето срце во Господа.
21Убеден во твојата послушност, ти пишувам, знаејќи дека ќе направиш и повеќе отколку што ти велам.
22А воедно приготви ми и сместување, зашто се надевам дека преку вашите молитви ќе ви бидам даруван.
23Кол 1,7; 4,12Те поздравува Епафрас, кој е со мене затвореник за Христос Исус,
24Дела 12,12.25; 13,13; 15,37-39; 19,29; Кол 4,10.14; 2 Тим 4,10-11како и моите сотрудници Марко, Аристарх, Димас и Лука.
25Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со вашиот дух. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.