1 Гал 1,11 Ви напоменувам, браќа, за благовестието што ви го проповедав, а кое вие го примивте и во кое стоите.
2Преку него и се спасувате, ако го држите дословно како што ви го проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.
3Ис 53,5-6; 53,8-9.12; 1 Птр 3,18Зашто, најнапред ви го предадов она што го бев и примил: дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата;
4Ос 6,2; Јона 2,1; Мт 16,21дека беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,
5Лк 24,34; Јн 21,15и дека му се јави на Кифа и потем на Дванаесетте;
6Лк 24,36; Јн 20,19.26; 21,1.12потоа им се јави на повеќе од петстотини браќа одеднаш, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;
7после му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,
8Дела 9,3-7а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,
9Дела 8,3; Гал 1,13; Ефес 3,8; Фил 3,6; 1 Тим 1,13зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата Црква.
102 Кор 11,5; Гал 1,15Но, со Божјата благодат сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не беше напразна, туку се потрудив повеќе од сите нив; но не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.
11И така, било јас или тие, така проповедаме, и вие така поверувавте.
Воскресението на мртвите12Но, ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш некои меѓу вас велат дека нема воскресение на мртвите?
13Мт 22,23; Дела 4,2; 17,32А ако нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал;
14ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, напразна е и вашата вера.
15Притоа, би се покажале и како лажни Божји сведоци, бидејќи сведочевме против Бога, велејќи дека Го воскреснал Христос, Кого Тој не Го воскреснал, ако мртвите навистина не воскреснуваат.
16Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, ни Христос не воскреснал;
17ако, пак, Христос не воскреснал, залудна е вашата вера; вие сте уште во своите гревови;
18тогаш и оние, што починале во Христос, загинале.
19И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, ние сме најбедни од сите луѓе.
201 Сол 4,14Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првиот плод за починатите.
21Рим 5,12.18Бидејќи, како што преку човек дојде смртта, така преку Човек дојде и воскресението од мртвите.
22Рим 8,11И како што во Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани;
23Кол 3,4; 1 Сол 4,15но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови.
24Дан 2,44; Рим 8,38; Ефес 1,21; Фил 2,9А потоа ќе настапи крајот, кога ќе Му го предаде царството на Бога и Отецот, кога ќе го уништи секое началство и секоја власт и сила.
25Пс 109,1; Мт 22,44; Лк 19,27Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги положи сите непријатели под Своите нозе“.
26Откр 20,14; 21,4Последен непријател што ќе биде уништен е смртта,
27Пс 8,6; Евр 2,8зашто Бог „сѐ потчинил под Неговите нозе“; а кога се вели: „Сѐ Му е Нему потчинето“, јасно е дека тоа сѐ не се однесува на Оној што Му потчини сѐ.
28Кол 3,11Кога, пак, ќе Му биде потчинето сѐ, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини сѐ, за да биде Бог сѐ во сѐ.
29Инаку, што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите воопшто не воскреснуваат, зошто тие се крштеваат за нив?
30Зошто и ние секој час се изложуваме на опасност?
314,9; Рим 8,36; 2 Кор 4,11Умирам секојдневно – се колнам во вашата пофалба, што ја имам во Христос Исус, нашиот Господ.
32Ис 22,13Каква е мојата полза ако во Ефес, како човек, се борев со ѕверови, штом мртвите не воскреснуваат? Ако мртвите не воскреснуваат – „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!“
33Не лажете се: „Лошите дружби ги расипуваат добрите обичаи!“
34Отрезнете се еднаш како што треба, и не грешете! Зашто некои од вас не знаат ништо за Бога – за ваш срам го велам ова.
Телата на воскреснатите35Но, некој ќе рече: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?
36Јн 12,24Безумниче, тоа што го сееш ти, не оживува, ако не умре.
37А кога сееш, не го сееш телото што ќе настане, туку голо зрно, било да е пченично или некое друго;
381 Мојс 1,11-12но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело.
391 Мојс 1,24Не секое тело е исто тело: едно е телото на човек, а друго е телото на животно, друго на риба и друго на птица.
4015,49Има небесни тела и земни тела, но еден е сјајот на небесните, а друг на земните;
41еден е сјајот на сонцето; друг е сјајот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по сјајот се разликува.
42Така е и со воскресението на мртвите: се сее распадливо – воскреснува нераспадливо;
43Фил 3,21се сее во бесчестие – воскреснува во слава; се сее во немоќ – воскреснува во сила;
442,14се сее тело душевно – воскреснува тело духовно. Постои душевно тело, постои и духовно тело.
451 Мојс 2,7; Јн 6,63; Рим 8,11Така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа“, а последниот Адам – животворен дух.
46Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното.
471 Мојс 2,7; Јн 3,13.31Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.
48Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните;
491 Мојс 5,3; Рим 8,29; 2 Кор 3,18и како што го носевме образот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
506,9; Јн 3,5-6А ова ви го велам, браќа: телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливото наследува нераспадливост.
511 Сол 4,15-17Еве, тајна ви кажувам; нема да умереме сите, но сите ќе се измениме,
52одеднаш, дури да трепнеш, при последната труба. Зашто таа ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;
532 Кор 5,4зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното – да се облече во бесмртност.
54Ис 25,8А кога ова, распадливото, ќе се облече во нераспадливост, и она, смртното, во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното слово: „Победата ја проголта смртта.“
55Ос 13,14; Евр 2,14„О, аду, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“
56Рим 7,13Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот.
571 Јн 5,4Но, да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.
582 Лет 15,7; Ис 65,23; Кол 1,23И така, браќа мои возљубени, бидете цврсти, непоколебливи и секогаш богати во Господовото дело, знаејќи дека вашиот труд во Господа не е напразен.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.