1Во тој ден, Исус излезе од куќата и седна покрај морето.
2Лк 5,1-3И се собра околу Него многу народ, така што Тој влезе во кораб и седна, а сиот народ стоеше на брегот.
Парабола за сејачот(Мк 4,2-9; Лк 8,5-8)3 Мк 4,2-3 И им говореше многу во параболи, велејќи: „Ете, излезе сејач да сее;
4и додека сееше, едни зрна паднаа покрај патот, па долетаа птици и ги исколваа.
5Други, пак, паднаа на каменито место, каде што немаше многу земја, и набргу никнаа, зашто земјата не беше длабока.
6Јк 1,11Но, штом изгреа сонцето, тие свенаа, па, бидејќи немаа корен, се исушија.
7Некои паднаа во трње; и трњата израснаа и ги задушија.
8Јн 15,8.16Други, пак, паднаа на добра земја и дадоа добар плод; едно сто, друго шеесет, а трето триесет.
9Кој има уши да слуша, нека чуе.“
Целта на параболите(Мк 4,10-12; Лк 8,9-10)10И учениците пристапија до Него и Му рекоа: „Зошто им зборуваш во параболи?“
111 Кор 2,10; Ефес 3,3-4А Тој им одговори и рече: „Затоа што вам ви е дадено да ги знаете тајните на царството небесно, а ним не им е дадено.
1225,29; Мк 4,25; Лк 8,18; 19,26Бидејќи, на оној што има ќе му се даде и ќе му се преумножи; а на оној што нема, ќе му се земе и она што го има.
13Ер 5,21; Лк 8,10Затоа им зборувам во параболи, зашто гледаат и не можат да видат; слушаат и не можат да чујат, ниту пак, разбираат;
14Ис 6,9-10; Мк 4,12; Дела 28,26-27и над нив се исполнува пророштвото на Исаија, кој вели:
’Со уши ќе слушате и нема да разберете,
со очи ќе гледате и нема да видите;
15 Јн 12,40 зашто срцето на овие луѓе закоравело
и со ушите тешко слушаат;
и ги затвориле своите очи
за да не би некогаш со очите да видат
и со ушите да чујат
и со срцето да разберат,
та да се преобратат
и да ги исцелам.‘
16 Лк 10,23 А вашите очи се блажени зашто гледаат и вашите уши – зашто слушаат;
17Лк 10,24; Јн 8,56; Ефес 3,5; 1 Птр 1,10-12бидејќи вистина ви велам: многу пророци и праведници сакаа да го видат она што го гледате вие, и не го видоа; и да го чујат она што го слушате вие, и не го чуја.“
Објаснување на параболата за сејачот(Мк 4,13-20; Лк 8,11-15)18„Вие, пак, чујте ја параболата за сејачот.
19Кај секого, што го слуша словото за царството и не го разбира, доаѓа злиот и го граба посеаното во неговото срце; тоа е посеаното покрај патот.
20Дела 17,11; 1 Сол 1,6А посеаното на каменито место е оној што го слуша словото и веднаш со радост го прима;
21но нема во себе корен и е непостојан: дојде ли мака или гонење заради словото, веднаш се соблазнува.
226,24; Мк 4,19; 1 Тим 6,6-9Посеаното, пак, во трње е оној што го слуша словото, но грижата од овој свет и примамливоста на богатството го задушуваат словото и тоа станува бесплодно.
23Јн 15,8.16; Гал 5,22А посеаното на добра земја е оној што го слуша словото и го разбира, и кој дава род, па донесува: еден сто, друг шеесет, а трет триесет.“
Парабола за каколот24 Мк 4,26 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на човек што посеал добро семе на својата нива.
25Но, додека луѓето спиеја, дојде неговиот непријател и посеа какол меѓу житото, па си отиде.
26А кога израсна растението и донесе род, тогаш се појави и каколот.
27И дојдоа слугите на домаќинот и му рекоа: ’Господаре, нели добро семе посеа на својата нива? Од каде, пак, сега има какол?‘
28А тој им рече: ’Непријателот го направи тоа!‘ Слугите, пак, му рекоа: ’Сакаш ли да одиме и да го исплевиме?‘
29Но тој им рече: ’Не, за да не се случи, корнејќи го каколот, заедно со него да го искорнете житото;
303,12; Јн 15,6оставете нека растат и едното и другото, заедно до жетвата; а за време на жетвата ќе им кажам на жетварите: соберете го најнапред каколот и врзете го во снопови, за да изгори; а житото приберете го во мојот амбар.‘“
Парабола за синаповото зрно(Мк 4,30-32; Лк 13,18-19)31 17,20; Лк 17,6 И друга парабола им кажа, велејќи: „Царството небесно прилега на синапово зрно, што човек го зел и го посеал на својата нива.
32Ез 17,23; 31,6; Пс 103,12; Дан 4,9.18Тоа е најмало од сите семиња, но кога ќе израсне, поголемо е од сите зеленчуци, па станува дури и дрво, така што небесните птици долетуваат и се вгнездуваат на неговите гранки.“
Парабола за квасот(Лк 13,20-21)33 Лк 13,21; 1 Кор 5,6; Гал 5,9 И друга парабола им кажа: „Небесното царство прилега на квас, што го зела жена и го ставила во три мери брашно, додека целото да скисне.“
Зошто Исус зборува во параболи(Мк 4,33-34)34Сето ова Исус му го зборуваше на народот во параболи и без параболи не им говореше ништо;
35Пс 78,2за да се исполни реченото преку пророкот, кој вели:
„Со параболи ќе ја отворам Својата уста;
ќе ги искажам тајните од создавањето на светот.“
Значењето на параболата за каколот36 15,15; Мк 4,10; 7,17 Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците Му пристапија и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!“
371 Кор 3,9
8,20А Тој им одговори и рече: „Сејачот на доброто семе е Синот Човечки.381 Јн 3,10Нивата е светот; доброто семе се синовите на царството, а каколот – синовите на лукавиот.
393,12; Јоил 3,13; Откр 14,15-16Непријателот, пак, што го посеа, е ѓаволот; жетвата е крајот на светот, а жетварите се ангелите.
403,10; Мк 13,27; Јн 15,6Па така, како што се собира каколот и се гори во оган, така ќе биде и на крајот на овој свет.
41Соф 1,3; Откр 21,8Синот Човечки ќе ги испрати Своите ангели и ќе ги соберат од Неговото царство сите соблазни и сите оние што вршат беззаконие,
428,12; Дан 3,6; Откр 20,15и ќе ги фрлат во вжарена печка; таму ќе биде плач и крцкање со заби.
4311,15; Суд 5,31; Дан 12,3Тогаш праведниците ќе заблескаат како сонцето во царството на нивниот Отец. Кој има уши да слуша, нека чуе!“
Парабола за сокриеното богатство44 19,21; Изреки 4,7 „Царството небесно прилега и на богатство сокриено во нива, што го нашол човек и сокрил, па, од радост за него, оди и продава сѐ што има, и ја купува таа нива.“
Парабола за бисерот45„Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери;
46па, штом најде еден скапоцен бисер, оди и продава сѐ што има и го купува.“
Парабола за мрежата47„Царството небесно прилега уште и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби;
48и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат надвор.
4913,40-41; 25,32Така ќе биде и при крајот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните
5013,42и ќе ги фрлат во огнена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.“
Заклучок51 15,10 Исус ги праша: „Дали го разбравте сето ова?“ Тие Му рекоа: „Да, Господи!“
525,17А Тој им рече: „Затоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на човек домаќин што од својата ризница изнесува и ново и старо.“
Исус се враќа во Назарет(Мк 6,1-6; Лк 4,16-30)53И, откако ги заврши овие параболи, Исус си замина оттаму.
542,23; Лк 4,16; Јн 7,15А штом дојде во Својот роден крај, ги поучуваше во нивната синагога така што сите се чудеа и велеа: „Од каде кај Него ваква мудрост и моќ?
5512,46; 27,56; Лк 3,23; Јн 1,45; 6,42Нели е Овој син на дрводелецот? Нели мајка Му се вика Марија, а Неговите браќа – Јаков и Јосија, Симон и Јуда?
56И нели сите Негови сестри се меѓу нас? Од каде, пак, сето тоа кај Него?“
5716,14; Јн 4,44И се соблазнуваа поради Него. А Исус им рече: „Ниеден пророк не е без чест, освен во својот роден крај и во својот дом.“
588,10; 17,19 И не направи таму многу чуда поради нивното неверие.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.