1 9,10 Секако дека и во првиот завет имаше уредби за богослужение и земно светилиште;
22 Мојс 25,8-9; 25,23-39зашто скинијата беше направена вака: во првиот дел се наоѓаа светилникот, трпезата и приложените лебови; тој дел е наречен „Светиња.“
32 Мојс 26,31-33А зад втората завеса од скинијата беше делот, наречен „Светиња на светињите“;
42 Мојс 16,32-34; 25,10-15; 30,1-6; 32,15-16; 4 Мојс 17,8-10во неа се наоѓаа златната кадилница и ковчегот на заветот, од сите страни опкован со злато, во кој стоеја златниот сад кој содржел мана и расцутениот жезол на Арон, како и плочите на заветот,
52 Мојс 25,17-22; 26,34а над него, пак, херувими на славата, кои го осенуваа местото за очистување; за ова сега нема потреба да се зборува во подробности.
64 Мојс 18,3При ваков распоред, во првиот дел од скинијата секогаш влегуваа свештениците за да го извршуваат богослужението;
75,3; 9,17-18; 2 Мојс 30,10; 3 Мојс 16,2-34а во вториот дел влегуваше само првосвештеникот, еднаш годишно, и тоа не без крв, што ја принесуваше како жртва за себе и за гревовите на народот, направени во незнаење.
810,19-20; Јн 14,6Со ова Светиот Дух ни покажува дека сѐ уште не е отворен патот за светилиштето сѐ додека стои првата скинија,
97,19; 10,1-4.11која е симбол на сегашното време, во кое се принесуваат дарови и жртви кои не можат да го направат совршен по совеста оној што богослужи,
1013,9; 3 Мојс 11,2; 15,18; 4 Мојс 6,3; 19,13; Кол 2,16 бидејќи се состојат само од јадења, пиења и разни миења – телесни прописи, востановени до времето кога сето ова ќе се исправи.
Христовото жртвопринесување11 4,14; 8,2; 9,24; 2 Кор 5,1 Но кога Христос дојде како Првосвештеник на идните добра, Тој влезе низ поголема и посовршена скинија, неракотворена, односно не онаква каква што се прави на земјата,
125,9; 7,27; 9,19.24-26; 10,4.10.14; 13,12; Мт 26,28; Рим 3,15и не со јарешка и телешка крв, туку со Својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп.
133 Мојс 16,14-16; 17,11; 4 Мојс 19,9.17Зашто, ако крвта од јунци и јарци, и пепелта од јуница преку попрскување ги осветуваат осквернетите за очистување на телото,
146,1; 10,10; Пс 50,3; Зах 13,1; Јн 10,18; 1 Тим 3,9; Тит 2,14; 1 Птр 1,19; 3,18; 1 Јн 1,7тогаш, колку ли повеќе крвта на Христос, Кој преку Светиот Дух се принесе Себеси непорочен на Бога, ќе ја очисти вашата совест од мртви дела за да Му служиме на живиот Бог!
Завет запечатен со крв15 7,22 Затоа Тој е посредник на нов завет, та по Неговата смрт, која стана за откуп на престапите од времето на првиот завет, повиканите да го добијат ветеното вечно наследство.
16Зашто, каде што има завет, таму е неопходно да следува смртта на заветувачот,
17бидејќи заветот стапува на сила само по смртта; тој нема никаква сила додека заветувачот е жив.
18Затоа ни првиот завет не беше утврден без крв.
192 Мојс 24,3-8; 3 Мојс 14,4-7; 4 Мојс 19,6Зашто, откако Мојсеј ги изговори сите заповеди од Законот пред сиот народ, зеде телешка и јарешка крв со вода, со црвена волна и со исоп, па ги пороси и самата книга и сиот народ,
202 Мојс 24,8велејќи: „Ова е крвта на заветот што ви го одреди Бог.“
21Исто така со крв ги попрска и скинијата и сите богослужбени садови.
223 Мојс 17,11; Ефес 1,7И речиси сѐ според Законот се очистува со крв, и без пролевање крв нема простување.
238,5И така, беше неопходно сликите на небесните нешта да се очистат на таков начин, а самите небесни нешта со подобри жртви од овие.
Христовата жртва го отстранува гревот24 4,14; 8,2; Рим 8,34 Зашто Христос не влезе во ракотворено светилиште, кое е само образец на вистинското, туку во самото небо, за да се јави сега пред лицето на Бога за нас;
259,7и не за да се принесува Себеси многупати, како што првосвештеникот влегува во светилиштето секоја година со туѓа крв.
267,27; 9,12.28; 10,2; 12,26; 1 Кор 10,11; Гал 4,4; 1 Птр 1,19-20; 3,18; 1 Јн 3,5Инаку Тој би требало многупати да пострада од создавањето на светот. А сега еднаш засекогаш, до крајот на вековите, се јави за да го отстрани гревот, откако се принесе Сам Себе како жртва.
271 Мојс 3,19; Рим 2,5-10; Откр 20,11-15И како што им е на луѓето определено да умрат еднаш, а потоа – суд,
2810,10; Ис 53,12; Фил 3,20; 1 Сол 1,10; 1 Птр 2,24така и Христос, откако еднаш се принесе, за да ги понесе гревовите на мнозина, вторпат ќе се јави не веќе како жртва за грев на оние што Го очекуваат, туку за нивно спасение.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.