Ефесјаните 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Да се живее во светлина

1 Мт 5,48; 1 Кор 11,1 И така, подражавајте Го Бога, како возљубени чеда,

22 Мојс 29,18; Ез 20,41; Рим 14,15; Гал 2,20; Фил 4,18; Евр 10,10и живејте во љубов, како што и Христос нѐ возљуби и се предаде Себеси за нас како принос и жртва на Бога за благопријатен мирис.

3Кол 3,5.8А блуд и секаква нечистота или, пак, алчност, воопшто да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии,

44,29; Кол 3,15ниту, пак, гнасотија ни будалесто збо­рување, или шегување, кои се непристојни, туку само благодарност.

5Зашто ова треба да го знаете: ниеден блудник, или нечист, или ненаситник – кој е идолопоклоник, нема наследство во царството на Христос и на Бога.

64,14; Рим 1,18; Кол 2,4.8; 3,6Никој да не се мами со празни збо­ро­ви; зашто поради нив доаѓа Бож­јиот гнев врз синовите на непокорноста;

7затоа, не станувајте нивни соучесници.

82,11.13; Лк 16,8; Јн 12,36; 2 Кор 4,6; 1 Птр 2,9Зашто вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ; живејте како чеда на светлината!

9Гал 5,22Бидејќи плодот на Духот се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито –

10Рим 12,2испитувајте што Му е благоугодно на Господа,

11и не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку разобличувајте ги!

12Зашто за она што го прават скри­шум, срамно е и да се зборува.

13Јн 3,20-21А сѐ што е разобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.

14Ис 26,19; 51,17; 52,1; Рим 13,11; Евр 10,32Затоа е речено: „Стани ти што спи­еш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“

15Па така, добро внимавајте како жи­веете! Не како безумни, туку како муд­ри,

16Амос 5,13; 1 Кор 7,26.31ползувајќи го времето, зашто деновите се зли.

17Рим 12,2; Кол 1,9Затоа не бидете неразумни, туку распознајте што е волјата Гоподова!

18Изреки 23,31И не опивајте се со вино, во него има разврат, туку исполнувајте се со Духот,

19Пс 32,2-3; Кол 1,3; 3,16разговарајќи меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господ во вашите срца,

20Кол 3,17благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос.

За семејните односи

21 1 Птр 5,5 Покорувајќи се еден на друг во стра­во­почит Христова.

221 Мојс 3,16; Кол 3,18; 1 Птр 3,1Вие, жените, покорувајте им се на своите мажи, како на Господ,

231,22-23; 1 Кор 11,3зашто мажот е глава на жената, како што и Христос е глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.

24Па, како што Црквата Му се покорува на Христос, така и жените во сѐ да им се покоруваат на своите мажи.

25Евр 10,10.14; 13,12

Кол 3,19; 1 Птр 3,7Вие, мажите, љубете ги своите жени, како што и Христос ја возљуби Црк­вата и се предаде Себеси за неа,

26за да ја освети, очистувајќи ја со водна бања преку словото;

271,4; Песна 4,7; 2 Кор 11,2; Кол 1,22та да ја претстави пред Себе Црквата во сета слава, која нема дамка или брчка, или нешто слично, туку да биде света и непорочна.

28И така, мажите се должни да ги љубат своите жени како што ги љубат своите тела. Оној што си ја љуби жената, тој се љуби и себеси.

29Зашто никој никогаш не го намра­зил своето тело, туку го храни и го негува, како и Господ Црквата,

30Рим 12,5; 1 Кор 6,15; 12,27бидејќи ние сме делови на Неговото тело, од Неговото месо и од Неговите коски.

311 Мојс 2,24; Мт 19,5; Мк 10,7-8; 1 Кор 6,16„Затоа, човек ќе ги остави својот татко и својата мајка, и ќе се присоедини кон својата жена, та обајцата ќе бидат едно тело.“

32Оваа тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата.

33И така, секој од вас да си ја љуби својата жена, како се­беси, а жената да го почитува својот маж.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help