Римјаните 11 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Бог не го отфрла Израил

1 1 Цар 12,22; Пс 93,14 2 Кор 11,21; Фил 3,5-7 Па велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, Авраамов потомок, од Венијаминовото племе.

21 Цар 12,22; Пс 93,14Бог не го отфрли Својот народ, кого однапред го знаеше. Или не знаете што вели Писмото за Илија, како тој Му се жали на Бога против Израил, ве­леј­ќи:

31 Цар 19,10.14„Господи, ги убија Твоите пророци и ги раскопаа Твоите жртвеници; јас ос­танав сам, па и мојот живот го бараат.“

41 Цар 19,18Но што му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“

59,27; Ис 4,2Така и во сегашно време има еден остаток, избран по благодат.

6Гал 3,18Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, инаку благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; инаку делото не би било дело.

7И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а останатите се закоравија,

85 Мојс 29,4; Ис 29,10; Мт 13,13-14како што е напишано: „Бог им даде дух на бесчувствителност, очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“

9Пс 34,8; Пс 68,22-23И Давид вели: „Трпезата нивна нека им стане стапица и замка, соблазна и от­плата;

10нека им се замрачат очите, за да не гледаат, и грбот нека им се свитка засекогаш.“

1110,19; Мт 21,43; Дела 13,5Па велам: зар се сопнаа за да паднат? Не! Туку со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, та да разбуди ревност кај нив.

12Мт 8,11-12; 21,43Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивното опаѓање – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната полнота!

13 Дела 9,15 Вам, незнабошци, ви велам: бидејќи сум апостол на незнабошците, јас ја прославувам мојата служба,

1410,19; 1 Кор 9,22та некако да разбудам ревност во својот род по тело, и да спасам некои од нив.

15Лк 15,24.32; 2 Кор 5,17-21Зашто, ако нивното отфрлање е помирување за светот, што би било нивното прифаќање, ако не оживување од мртвите?

164 Мојс 15,19-21; 5 Мојс 15,19; Ез 44,30; Неем 10,36Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто; и ако коренот е свет, свети се и гранките.

17Ефес 2,11-12Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си накалемен на нивното место и си станал соучесник и на коренот и на маслото од маслинката,

183,27; 1 Кор 1,31не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да зна­еш дека не ти го држиш коренот, туку коренот тебе!

19Но ќе речеш: гранките беа откршени за јас да бидам накалемен.

202 Кор 1,24Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: не вообразувај се, туку имај страв.

21Лк 23,31Зашто, ако Бог не ги поштедил при­родните гранки, ни тебе нема да те поштеди.

22Јн 15,2.4; Евр 3,14Затоа, види ја Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако истраеш во бла­госта; во спротивно, и ти ќе бидеш от­сечен.

23Но и тие, ако не останат во неверието, ќе бидат накалемени, зашто Бог има моќ повторно да ги накалеми.

24Зашто, ако ти си отсечен од мас­линка која е по природа дива, и спротивно на природата си накалемен на питома ма­слинка, тогаш колку полесно ќе би­дат накалемени на својата маслинка оние кои по природа се од неа.

Израил не е отфрлен засекогаш

25 12,16; Изреки 3,7; Лк 21,24 Браќа, за да не си помислите во себе дека сте мудри, сакам да ја знаете оваа тајна: дел од Израилот отврдна додека не биде приопштен севкупниот број на незнабошците.

26Ис 59,20-21

Мт 23,39И така целиот Израил ќе биде спасен, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Ослободителот и ќе ја одврати безбожноста од Јаков.

27Ис 27,9; Ер 31,33-34И ова им е заветот од Мене, кога ќе ги одземам нивните гревови.“

285 Мојс 4,37Значи, според благовестието, тие се не­пријатели Божји – поради вас; а според избраноста, тие се возљубени од Бога – поради татковците,

294 Мојс 23,19; 1 Цар 15,29бидејќи даровите и Божјиот повик се неотповикливи.

303,26Како што и вие некогаш бевте непокорни кон Бога, а сега сте помилувани, поради нивната непокор­ност,

3111,11така и тие сега станаа непослушни, поради вашето помилување, та и самите да бидат помилувани.

32Ез 18,23; Гал 3,22Зашто Бог ги затвори сите во непокорност, за да ги помилува сите.

33 Пс 138,6.17-18; Кол 2,3 О, длабочино на Божјото богатство, мудрост и знаење! Колку се непроникливи Неговите судови и неистражливи Неговите патишта!

34Ис 40,13; Ер 23,18; 1 Кор 2,16Зашто, кој ја познал мислата на Господ? Или, кој Му бил советник?

35Јов 41,3Или, кој однапред Му дал нешто, за да му биде вратено?

3616,24; 1 Кор 8,6; Кол 1,16-17; Евр 2,10Зашто, сѐ е од Него, преку Него и во Него. Нему слава довека. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help