1Околу Него се собраа фарисеите и некои од книжниците, што беа дошле од Ерусалим.
2Лк 11,38И кога видоа дека некои од Неговите ученици јадат леб со нечисти, односно со немиени раце, ги укорија.
3Зашто фарисеите и сите Јудејци, држејќи го преданието на старешините, не јадат, дури не ги измијат рацете до лактите;
4Мт 23,25; Лк 11,39и кога ќе се вратат од пазар, не јадат дури не се измијат; и уште многу други нешта има што ги примиле и ги запазуваат: миење чаши, чинии, котли и столови.
5Потоа фарисеите и книжниците Го прашаа: „Зошто Твоите ученици не постапуваат според преданието на старешините, туку јадат леб со неизмиени раце?“
6Ис 29,13А Тој им одговори, велејќи им: „Добро пророкувал Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ’Овој народ со усните Ме почитува, а неговото срце стои далеку од Мене;
7Кол 2,22но напразно Ме почитува, зашто проповеда човечки повелби.‘
8Вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите човечкото предание: миење чинии и чаши; и вршите многу други слични работи.“
9И им рече: „И така ја отфрлате Божјата заповед, за да го запазите вашето предание.
102 Мојс 20,12; 21,17; 3 Мојс 20,9; 5 Мојс 5,16; Мт 15,4Зашто Мојсеј рече: ’Почитувај ги својот татко и својата мајка‘ и ’Кој злослови против својот татко или својата мајка, со смрт да се казни.‘
11Мт 15,5-6А вие велите: ’Ако некој човек каже на својот татко или на својата мајка: Она што сакаш да го ползуваш од мене е корбан, односно принос‘,
12Изреки 28,24тогаш не му оставате веќе ништо да стори за својот татко или за својата мајка.
13Така го укинувате словото Божјо со вашето предание, што сте го предале вие; а и многу такви слични работи вршите.“
144,9И пак го повика народот и рече: „Слушајте Ме сите и разберете:
15ништо, што влегува во устата на човекот однадвор, не може да го оскверни; туку она што излегува од него, тоа го осквернува човекот.
16Ако некој има уши да слуша, нека чуе!“
174,10; 10,10И кога се оддалечи од народот и влезе во една куќа, Неговите ученици Го прашаа за параболата.
18А Тој им рече: „Зарем и вие сте толку неразумни? Не разбирате ли дека ништо, што влегува во човекот однадвор, не може да го оскверни?
19Дела 10,13-15; Кол 2,16-17.21-22; Тит 1,15Зашто, тоа не оди во срцето, туку во стомакот, и излегува надвор, чистејќи ја сета храна.“
20Рим 14И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
21Мт 15,19Зашто одвнатре, од срцето на луѓето, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства,
22кражби, ненаситност, злоба, измами, разврат, завидливо око, богохулство, гордост, безумство.
23Сето тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот.“
Верата на една жена(Мт 15,21-28)24 1,29; 10,10 И кога замина оттаму, отиде во тирските и сидонски краишта; влезе во една куќа и сакаше никој да не го дознае тоа. Но не можеше да се сокрие.
25Зашто за Него чу една жена, чија ќерка имаше нечист дух, па дојде и падна ничкум пред Неговите нозе.
26Мт 8,29А таа жена беше друговерка, по потекло Сирофеничанка; и Го молеше да го истера демонот од ќерка ѝ.
27Но Исус ѝ рече: „Остави најнапред да се наситат децата; зашто не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.“
28А таа одговори и Му рече: „Да, Господи! Но и кучињата јадат под трпезата од трошките што им паѓаат на децата.“
29И ѝ рече: „За ова што го рече – оди си! Демонот излезе од ќерка ти.“
30И кога таа се врати дома, ја најде ќерка ѝ како лежи на постела, а демонот беше излегол од неа.
Излекувањето на глувонем31 5,20 И, излегувајќи повторно од тирските и сидонски краишта, Исус отиде кон Галилејското Море, низ краиштата на Десетградието.
325,23И Му доведоа еден глув и тепкав, па Го молеа да положи рака на него.
338,23Откако го одведе настрана од народот, Исус ги стави Своите прсти во неговите уши; па плукна и му го допре јазикот;
346,41; Мт 14,19потоа погледна кон небото, воздивна и му рече: „Ефата!“ – што значи: „Отвори се!“
35Мт 8,3И веднаш му се отворија ушите, и се разврзаа врските на неговиот јазик и говореше чисто.
361,25.44-45; 5,43; Мт 9,30-31И им заповеда никому да не кажуваат. Но колку повеќе Тој им забрануваше, толку повеќе тие разгласуваа.
379,25; 1 Мојс 1,31; Ис 35,5-6; Мт 11,5; 15,31И прекумерно се чудеа и велеа: „Сѐ добро прави; и глувите ги прави да слушаат и немите да зборуваат!“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.