1 Тимотеј 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Должности кон верниците

1 3 Мојс 19,32 Старец не укорувај, туку советувај го како да ти е татко; помладите, пак, како да ти се браќа;

2стариците како мајки, а младите како сестри, во потполна чистота.

3Почитувај ги вдовиците кои се навистина вдовици.

4Ако, пак, некоја вдовица има деца или внуци, тие најнапред нека се научат да го почитуваат својот дом и со тоа да го возвратат долгот кон своите родители, бидејќи тоа е добро и угодно пред Бога.

5Ер 49,11; Јудита 8,4-5; Лк 2,37Онаа што е вистинска вдовица и останала сама, таа се надева на Бога и деноноќно е во молби и молитви.

6Откр 3,1Но онаа, што живее рас­пуш­тено, умрела уште додека е жива.

7Заповедај им го и тоа, за да би­дат непорочни.

8Ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се од­ре­кол од верата и е полош од неверник.

9За вдовица нека се смета онаа што не е помлада од шеесет години, што имала само еден маж,

10Јн 13,14; Дела 9,13; Евр 13,2и е посведочена во добри дела: ако одгледала деца, била гостољубива, миела нозе на светии; ако им помагала на страдалници и се посветувала на секое добро дело.

11А помлади вдовици не примај, заш­то кога страстите ќе ги одвратат од Христос, ќе посакаат да се мажат,

12со што ќе навлечат на себе осуда, зашто ја отфрлиле првата верност.

132 Сол 3,11А освен тоа, се учат на безделничење, одат по куќите; и не само што безделничат, туку се и брбливи, љубопитни и го зборуваат тоа што не прилега.

14Тит 2,8Па така, сакам помладите вдовици да се мажат, да раѓаат деца, да го водат домаќинството, не давајќи му на противникот никаков повод за прекор;

15зашто некои веќе застранија по са­та­ната.

16Ако некој верник или верничка има роднини вдовици, нека се грижи за нив, за да не се обременува црквата и да може да се грижи за оние што се навистина вдовици.

За презвитерите

17 1 Сол 5,12 Презвитерите, кои управуваат добро, нека се удостојуваат со двојна почит; а особено оние што се трудат во словото и во поуката.

185 Мојс 25,4; Лк 10,7; 1 Кор 9,9Зашто Писмото вели: „Не заврзувај уста на вол кој врши“, и: „Работникот ја заслужува својата плата.“

195 Мојс 19,15; Мт 18,16; 2 Кор 13,1Не прифаќај обвинение против презвитер, освен кога има двајца или тројца сведоци.

20Гал 2,14Оние што грешат, укори ги пред сите, па и останатите да имаат страв.

21Те заколнувам пред Бога и пред Гос­под Исус Христос и пред избраните ан­гели да го пазиш ова без предрасуда и ништо да не правиш од пристрасност.

22Раце на никого не полагај пребрзо, и не учествувај во туѓи гревови! Чувај си ја чистотата!

23Не пиј веќе само вода, туку употребувај по малку и вино, заради стомакот и твоите чести боледувања!

24Гревовите на некои луѓе се јасно видливи и му претходат на судот, а на некои се откриваат подоцна

25Мт 5,16; 10,26Така и добрите дела се јасно видливи; а и оние што не се такви, не можат да се сокријат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help