1Бидејќи мнозина се обидоа да состават повест за настаните што се беа случиле меѓу нас,
2Јн 15,27; Дела 4,31; 11,1; Евр 2,3; 1 Јн 1,1како што ни ги предадоа оние што уште од почетокот беа очевидци и служители на Словото,
3Дела 1,1 затоа, најпочитуван Теофиле, и мене ми се виде добро, откако испитав подробно сѐ од почетокот, да ти опишам по ред,
4Јн 20,31за да ја познаеш веродостојноста на тоа, во кое си поучуван.
Ангел го објавува раѓањето на Јован Крстител5 1 Лет 24,10 Во деновите на Ирод, јудејскиот цар, имаше еден свештеник по име Захарија, од редот на Авија; а жена му беше од Ароновите ќерки и се викаше Елисавета.
6И обајцата беа праведни пред Бога, постапувајќи беспрекорно според сите Господови заповеди и повелби.
71 Мојс 11,30; 18,11; 29,31; Суд 13,2-3; 1 Цар 1,5Тие немаа деца, зашто Елисавета беше неплодна; а обајцата беа веќе во поодминати години.
81 Лет 23,13Еднаш, додека тој по редот на својот чин служеше пред Бога,
92 Мојс 30,7според обичајот на свештенството, нему му се падна ждрепката да влезе во Господовиот храм и да покади.
101,21За време на кадењето целото мноштво народ се молеше надвор.
112,9; 3 Цар 6,20-21; 7,48; Мт 1,20; Дела 5,19Тогаш му се јави ангел Господов, кој стоеше од десната страна на кадилниот жртвеник.
122,9; 9,34; 24,5.37; Суд 6,22; 13,20.22; Дан 8,17-18; Тов 12,16; Дела 2,43Захарија се вознемири кога го виде и страв го обзеде.
131 Мојс 17,19; Суд 13,3.5; Ис 7,14; Дан 10,12; Мт 28,5Но ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија, зашто твојата молба е услишана и жена ти Елисавета ќе ти роди син и ќе му дадеш име Јован.
14И ќе ти биде радост и веселие и мнозина ќе се зарадуваат поради неговото раѓање.
151,41-44; 7,33; 3 Мојс 10,9; 4 Мојс 6,3; Суд 13,4-5; 13,7.14; Ис 49,1.5; Ер 1,5; Гал 1,15Зашто тој ќе биде велик пред Господ и нема да пие вино ниту жесток пијалак, а ќе се исполни со Светиот Дух уште во утробата на својата мајка;
16Мал 2,6и мнозина од Израилевите синови ќе обрати кон нивниот Господ Бог;
17Ис 40,3; Мал 3,24; Сир 48,10; Мт 11,14и тој ќе оди пред Него во духот и силата на Илија, за да ги сврти срцата на татковците кон децата и непокорните кон мудроста на праведните, па да Му приготви на Господа подготвен народ.“
181,34; 1 Мојс 15,8; 18,11А Захарија му рече на ангелот: „По што ќе го познам тоа? Зашто јас сум стар, а и жена ми е веќе во поодминати години.“
192,10; 4,18; Дан 8,16; 9,21; Тов 12,15; Мк 1,1Ангелот му одговори и рече: „Јас сум Гаврил кој стои пред Бога; пратен сум да зборувам со тебе и да ти го благовестам ова;
201,45; Ез 3,26; Мт 8,10и ете, ти ќе замолкнеш и не ќе можеш да зборуваш до оној ден кога ќе се случи тоа, затоа што не им поверува на моите зборови, што ќе се исполнат во свое време.“
21Народот го чекаше Захарија и се чудеше зошто се задржа во храмот.
22А кога излезе, не можеше да зборува со нив; и така разбраа дека имал видение во храмот. Тој им објаснуваше со знаци, но остануваше нем.
23И откако се исполнија деновите на неговата служба, тој се врати дома.
24По тие денови зачна неговата жена Елисавета и криеше пет месеци, велејќи:
251 Мојс 30,23; Ис 4,1„Така ми направи Господ во деновите кога погледна милостиво на мене за да го отстрани мојот срам меѓу луѓето.“
Ангел Господов го објавува скорото Исусово раѓање26 Јн 1,46 А во шестиот месец ангелот Гаврил беше испратен од Бога во галилејскиот град, по име Назарет,
272,4-5; Мт 1,18кај една девојка, свршена за маж по име Јосиф, од Давидовиот дом; а името на девојката беше Марија.
281 Мојс 26,24; 2 Мојс 3,12; Суд 6,12; Ер 1,8.19; 15,20; Соф 3,14; Зах 2,10; Рута 2,4И кога дојде ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!“
29А таа, штом го виде, се вознемири од неговите зборови и размислуваше каков ли е тој поздрав.
301,13; 1 Мојс 6,8И ангелот ѝ рече: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла благодат во Бога;
311 Мојс 16,11; Суд 13,5; Ис 7,14; Мт 1,21-23и ете, ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Му дадеш име Исус.
322 Цар 7,14; Ис 9,7; Пс 2,7; 88,27; Мт 9,27; Дела 7,48; 16,17; Евр 7,1Тој ќе биде велик и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид;
33Мих 4,7; Дан 2,44; 7,14и ќе царува над Јакововиот дом довека и Неговото царство нема да има крај.“
34Суд 11,39; Мт 1,18-20А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
35Мт 1,20; Мк 1,24; Дела 3,14Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе врз тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и Светиот, Кој ќе се роди, ќе се нарече Син Божји.
363,22; 9,35; 1 Мојс 21,2; 24,36; Мт 14,33; Мк 1,1Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неплодна, и таа зачна син во староста и веќе е во шестиот месец;
371 Мојс 18,14зашто за Бога ништо не е невозможно.“
381 Цар 25,41; Рута 3,9Марија, пак, рече: „Еве ја Господовата слугинка; нека ми биде според твоите зборови!“ И ангелот си отиде откај неа.
Марија во посета кај Елисавета39Во тие денови Марија стана и поита во горскиот крај, во Јудиниот град;
40па влезе во домот на Захарија и ја поздрави Елисавета.
411,15Штом Елисавета го слушна поздравот на Марија, детето заигра во нејзината утроба; и Елисавета се исполни со Светиот Дух,
425 Мојс 28,4; Суд 5,24па извика со силен глас и рече: „Благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на твојата утроба!
43И од каде кај мене ова, да дојде при мене мајката на мојот Господ?
44Зашто, ете, штом гласот од твојот поздрав дојде до моите уши, детето радосно заигра во мојата утроба.
451,20; Мт 5,3; Јн 20,29; Евр 11,11И блажена е таа што поверува дека ќе се исполни она што ѝ е кажано од Господ.“
46А Марија рече: „Мојата душа Го велича Господ
471 Цар 2,1-10; Ис 61,10; Авак 3,18; 1 Тим 2,3; Јуда 1,25и мојот дух се зарадува во Бога, мојот Спасител,
4811,27; 1 Мојс 30,13; 1 Цар 1,11зашто погледна на смиреноста на Својата слугинка и, ете, отсега ќе ме нарекуваат блажена сите поколенија;
49Соф 3,17; Пс 88,8; 110,9зашто Силниот ми направи големи дела, и свето е Неговото име;
502 Мојс 20,6; Пс 102,13.17и Неговата милост е од поколение на поколение за оние што се бојат од Него.
512 Цар 22,28; Пс 88,10Тој покажа сила со Својата рака; ги распрсна оние што се гордеат со мислите на своите срца;
52Јов 5,11; 12,19ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените;
531 Цар 2,5; Пс 106,9гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;
54Ис 41,8-9; Пс 97,3го прифати Израил, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста,
551,72; 1 Мојс 12,3; 8,1; 9,15; 13,15; 17,7; 22,17; 2 Мојс 2,24; Мих 7,20; Гал 3,16како што им зборуваше на нашите татковци, на Авраам и на неговото потомство довека.“
56И остана Марија со неа околу три месеци, па се врати дома.
Раѓањето и обрезанието на Јован Крстител57А на Елисавета ѝ дојде времето да роди, и таа роди син.
581,14; 1 Мојс 19,19; Тов 11,18Кога нејзините соседи и роднини слушнаа дека Господ ја удостоил со Својата милост, се радуваа со неа.
591 Мојс 17,12; 3 Мојс 12,3; Фил 3,5На осмиот ден дојдоа да го обрезат детето и сакаа да му го дадат името Захарија, по татко му.
60Но мајка му одговори и рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61И ѝ рекоа: „Никој нема меѓу твоите роднини кој го носи тоа име.“
62И го прашаа со знаци татко му, како би сакал да го наречат.
631,13; 8,25; 9,43; 24,12.41; Дела 2,7; 3,10Тој побара штичка и ги напиша зборовите: „Јован му е името.“ И сите се зачудија.
64И веднаш му се отвори устата, и јазикот му се раврза, и тој прозборе, благословувајќи Го Бога.
651,12; Дела 2,43И сите соседи ги обзеде страв; и се разгласи за овој настан по целата горска Јудеја.
663 Цар 18,46; Ис 53,1; Пс 79,17; 138,5Сите што слушнаа, го зедоа тоа при срце и велеа: „Што ли ќе стане од тоа дете?“ И Господовата рака беше со него.
Благодарствената пророчка песна на пророкот Захарија67А татко му Захарија се исполни со Светиот Дух и пророкуваше, говорејќи:
682,38; 7,16; 19,44; 21,28; 2 Мојс 3,16; Ис 63,4; Ер 29,10; Пс 40,13; 71,18; 105,4.48; 110,9; 1 Птр 1,3„Нека е благословен Господ, Израилевиот Бог, зашто го посети и го избави Својот народ;
69Пс 17,2; 88,25; 131,17; Мт 1,1и подигна за нас моќно спасение, во домот на Својот слуга Давид;
70како што говореше одамна преку устата на Своите свети пророци,
712 Цар 22,18; Пс 105,10дека ќе нѐ спаси од нашите непријатели и од рацете на сите што нѐ мразат;
721 Мојс 17,7; 3 Мојс 26,42; Мих 7,20; Пс 104,8-9; 105,45-46за да покаже милост над нашите татковци и да си спомне за Својот свет завет,
731 Цар 12,10
1 Мојс 22,16-17; 26,3; Ер 11,5на заклетвата со која му се заколна на нашиот татко Авраам, дека ќе ни даде74избавување од рацете на нашите непријатели, без страв да Му служиме
75Тит 2,12во светост и правда пред Него, во сите денови од нашиот живот.
761,16-17; Ис 40,3; Мал 3,1; Мт 3,3А ти, дете, ќе се наречеш пророк на Севишниот, зашто ќе одиш пред Господовото лице за да Му ги подготвиш Неговите патишта
77Мт 26,28; Мк 1,4и да му дадеш на Неговиот народ да го познае спасението преку простување на гревовите,
78Мал 3,20а поради големото милосрдие на нашиот Бог, со кое нѐ посети Исток од висините,
792,14.29; 8,48; 10,5-6; 19,38.42; 24,36; Ис 9,2; 41,7; 59,1-2; Ер 6,14; Мих 5,4; Мт 4,16; Јн 8,12за да им блесне на оние што седат во темнина и во сенката на смртта, и да ги упати нашите нозе по патот на мирот.“
802,40; 1 Мојс 21,8; 1 Цар 2,21.26; Мт 3,1А детето растеше и крепнеше со духот, и беше во пустина до денот кога се покажа пред Израил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.