1 15,5-24; 1 Мојс 17,9-14; 3 Мојс 12,3; Гал 5,2 А некои слегоа од Јудеја и ги подучуваа браќата: „Ако не се обрезете според Мојсеевиот обичај, не може да бидете спасени!“
2Гал 2,1А бидејќи настана расправија, и Павле и Варнава жестоко се препираа со нив, беше одлучено Павле, Варнава и некои други од нив да отидат горе кај апостолите и старешините во Ерусалим заради оваа препирка.
314,27; 15,12Тогаш тие, испратени од црквата, патуваа низ Феникија и Самарија, и раскажувајќи за преобраќањето на незнабошците, предизвикуваа голема радост кај сите браќа.
4А кога пристигнаа во Ерусалим, беа примени од црквата, од апостолите и од старешините, и им раскажаа за сѐ што Бог направи со нив и како ја отвори вратата на верата и за незнабошците.
Решавање на спорот: Апостолскиот собор во Ерусалим5 11,2; Гал 2,4-5 Тогаш станаа некои од приврзаниците на фарисеите, што беа поверувале, и зборуваа дека тие треба да се обрезуваат, и да им се заповеда да го пазат Мојсеевиот закон.
6Апостолите и старешините се собраа да го разгледаат тоа прашање.
711,5-18; 15,14По долго расправање, стана Петар и им рече: „Луѓе, браќа, вие знаете дека Бог од првите денови ме избра меѓу вас, за незнабошците од мојата уста да го слушнат словото на благовестието и да поверуваат;
81,24; 10,34.44-47и Бог, Кој ги познава срцата, им посведочи, и им Го даде Светиот Дух како и нам.
910,15; 11,9.18; Рим 3,22И не правејќи никаква разлика меѓу нас и нив, со верата им ги очисти срцата.
10Мт 11,29; Гал 5,1Сега, пак, зошто Го искушувате Бога, ставајќи им на вратот на учениците јарем, што не можеа да го поднесат ни нашите татковци, а не можеме ниту ние.
11Но ние веруваме дека ќе се спасиме преку благодатта на Господ Исус, исто како и тие.“
12Тогаш замолкна сето мноштво и ги слушаа Варнава и Павле, кои прикажуваа какви знаци и чуда направил Бог преку нив меѓу незнабошците.
1312,17; 21,18; Гал 2,9А кога тие завршија, прозборе Јаков и рече: „Луѓе, браќа, слушнете ме!
142 Птр 1,1Симон изложи како Бог најнапред ги посети незнабошците, за да избере од нив народ за Своето име;
15и тоа е во склад со зборовите на пророците како што е напишано:
16Амос 9,11-12
Ер 12,15’Потоа ќе се вратам и пак ќе ја подигнам паднатата скинија на Давид, и нејзините урнатини ќе ги поправам и ќе ја издигнам,17за да Го побараат Господ и останатите луѓе и сите народи, кои се наречени со Моето име.‘ Така вели Господ, Кој го прави сето ова.
18Ис 45,21Познати Му се на Бога сите Негови дела од века.
1915,10Затоа јас мислам да не им се отежнува на незнабошците, кои се обраќаат кон Бога,
2015,28-29; 21,25туку да им се напише да се чуваат од осквернување преку идоли, блуд, удавено и крв.
2113,15.27; 2 Кор 3,5Зашто уште од старо време во секој град има луѓе, кои го проповедаат Мојсевиот Закон, бидејќи го читаат по синагогите секоја сабота.“
Писмо испратено до нееврејските верници22Тогаш апостолите и старешините заедно со целата црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Варсава, и Сила, истакнати мажи меѓу браќата, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија.
23И преку нив им го напишаа следново писмо: „Апостолите, старешините и браќата ги поздравуваат браќата, некогашни незнабошци, што се во Антиохија, Сирија и Киликија.
24Гал 1,7Слушнавме дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале, ве вознемириле со зборови, и ги потресле вашите души, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот.
25Затоа ние еднодушно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите возљубени Варнава и Павле,
2620,24; 21,13луѓе, кои ги предадоа своите души за името на нашиот Господ Исус Христос.
27И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено.
2815,10Зашто угодно му беше на Светиот Дух и нам да не ви ставаме никаков друг товар, освен она што е неопходно:
2915,20да се воздржувате од жртвуваното на идоли, од крв, од удавено, и од блуд. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Останете со здравје!“
30И така, испратените пристигнаа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието.
31А кога тие го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор.
32Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија.
33Откако престојуваа таму некое време браќата ги отпуштија со мир за да се вратат кај оние што ги беа испратиле кај апостолите.
34Но, Сила одлучи да остане.
35Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестејќи го словото Господово заедно со мнозина други.
Павле и Варнава се разделуваат36По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Ајде да се вратиме во сите градови, каде што го проповедавме Господовото слово и да видиме како се нашите браќа.“
3712,12А Варнава сакаше да го земат со себе и Јован, наречен Марко.
38Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени.
39Поради тоа дојде до жестока расправија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Марко, отплови за Кипар;
4014,26а Павле, пак, го избра Сила и замина, предаден од браќата на Божјата благодат.
Тимотеј ги придружува Павле и Сила41 15,23 И, минувајќи низ Сирија и Киликија, ги утврдуваше црквите.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.