Јован 19 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Исусовите страдања

1 ; и им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“

15Суд 8,23; 1 Цар 8,7А тие извикаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Вашиот Цар ли да Го распнам?“ Првосвештениците одго­во­рија: „Немаме цар, освен це­за­рот.“

16И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус и Го поведоа.

Исусовото распнување(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Лк 23,26-43)

17 1 Мојс 22,6 И носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Черепно Место, а на еврејски Голгота;

18Ис 53,12таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус.

1918,33; Мт 2,23Пилат, пак, напиша и натпис и го постави на крстот. А беше напишано: „Исус Назареецот, царот на Јудејците.“

20Евр 13,12-13Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото каде Исус беше распнат, беше блиску до гра­дот; а беше напишано на еврејски, грч­ки и латински.

21Јудејските првосвештеници, пак, му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Царот на Јудејците, туку дека Тој рече: Јас сум Царот на Јудејците.“

22Пилат одговори: „Што напишав, на­пишав.“

232 Мојс 28,32А војниците, кога Го распнаа Ису­с, ги зедоа Неговите алишта и ги раз­де­лија на четири дела, на секој војник по еден дел, и туниката. Туниката, пак, не бе­ше шиена, туку целосно исткаена, одозгора па до­долу.

24Пс 21,19Тогаш си рекоа: „Да не ја раскинуваме, туку да фрлиме за неа ждрепка, чија да биде“ – за да се исполни кажаното во Писмото: „Ги разделија Моите алишта меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Војниците така и направија.

252,3; 20,1.18; Мк 15,40-41; Лк 2,5А покрај крстот Исусов стоеја мајка Му и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина.

262,4; 13,23; 20,2; 21,20А Исус, штом ја виде Мајка Си и ученикот кого го љубеше, како стои во близина, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете го твојот син!“

27Потоа му рече на ученикот: „Ете ја твојата мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе.

Исусовата смрт(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Лк 23,44-49)

28 5,39; Пс 21,15 По ова, знаејќи дека сѐ е свр­шено, за да се исполни Писмото, Исус рече: „Жеден сум.“

292 Мојс 12,22; 3 Мојс 14,4; Пс 50,8; 68,22Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие натопија сунѓер со оцет, го за­ка­чија на трска и Му го принесоа до устата.

301,33; 17,1.4; Јов 19,26-27; Мт 20,22; Лк 12,50; 2 Тим 4,7; Откр 15,1Кога, пак, Исус вкуси од оцетот, рече: „Се сврши!“ И приклонувајќи ја наведна главата, го предаде духот.

Крв и вода

31 19,14; 2 Мојс 12,16; 5 Мојс 21,22-23; Гал 3,13 Бидејќи беше петок, за да не останат телата на крст во сабота, зашто велик ден беше таа сабота, Јудејците го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.

32Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него.

33А кога дојдоа до Исус и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекр­шија колената;

343,5; 7,37-39; 1 Мојс 4,10; 1 Јн 5,6-8туку еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и веднаш истече крв и вода.

3515,26-27; 21,24И оној што виде – посведочи, и вистинско е неговото све­доштво; и тој знае дека ја кажува вистината, за вие да поверувате.

362 Мојс 12,46; 4 Мојс 9,12; Пс 33,21Бидејќи ова се случи за да се исполни Писмото: „Ниту една Негова коска нема да се скрши.“

37Зах 12,10; Откр 1,7И друго Писмо вели: „Ќе погледнат на Оној што Го прободоа.“

Положувањето во гроб(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Лк 23,50-56)

38 7,13 Потоа Јосиф од Ариматеја, којшто беше Исусов ученик, но во тајност, поради страв од Јудеј­ците, го замоли Пилат да го земе те­лото Исусово и Пилат му дозволи. Тој дојде и го зеде телото Исусово.

393,1; 7,50; Пс 44,8; Изреки 7,17; Мт 2,11А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој.

40Мк 14,8Го зедоа Исусовото тело и го завит­каа во повои со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат.

41А на местото каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во којшто уште никој не беше положен.

42Таму Го положија Исус, бидејќи беше јудејскиот пе­ток, а гробот беше бли­ску.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help