Јован 8 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Жена фатена во прељуба

1 Лк 21,37 А Исус отиде на Маслиновата Гора.

2Мт 26,55; Лк 21,38Утредента повторно дојде во храмот и сиот народ доаѓаше кај Него. А Тој седна и ги поучуваше.

3Лк 7,37-50Тогаш книжниците и фарисеите доведоа кај Него една жена фатена во прељуба и, поставувајќи ја насреде,

4Му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во прељуба на дело.

53 Мојс 20,10; 5 Мојс 22,22-24; Ез 16,38-40А Мојсеј во Законот ни заповеда таквите да ги каменуваме. Ти, пак, што велиш?“

6Мт 16,1; 22,15Тоа го рекоа за да Го искушаат и да имаат за што да Го обвинат. Но Исус се наведна долу и почна со прст да пишува по земјата, не гледајќи ги.

75 Мојс 17,7; Мт 7,1-5Кога продолжија да Го прашуваат, Тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“

8И пак се наведна долу и пишуваше по земјата.

9Мт 22,22А тие, штом го чуја тоа, бидејќи со­веста ги гризеше, се разотидоа еден по еден, почнувајќи од најстарите. И остана Исус сам со же­на­та што беше насреде.

10А кога се исправи и не виде никого освен жената, Исус ѝ рече: „Жено, каде се оние што те обвинуваа? Никој ли не те осуди?“

115,14; 2 Мојс 33,11; Пс 102,8.13-14А таа рече: „Никој, Господи.“ Тогаш Исус ѝ рече: „Ниту Јас не те осудувам. Оди си и немој повеќе да грешиш.“

Исус е Светлината на светот

12 1,4-5.9; 12,35-36.46; 2 Мојс 13,21; Пс 26,1; 37,10; 88,16; Ис 9,2; 49,6; 60,19; Мудр 7,26; 2 Кор 6,14-15; 1 Јн 1,5-7 И повторно им рече Исус, велејќи: „Јас сум светлината на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот.“

135,31Фарисеите, пак, Му рекоа: „Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето све­доштво не е вистинито.“

143,11; 9,29; 13,3; 16,28Исус им одговори и рече: „Дури и Јас самиот за Себе да сведочам, Моето све­доштво е вистинито, зашто знам од каде дојдов и каде одам; а вие не знаете од каде доаѓам и каде одам.

157,24; 12,47; 1 Цар 16,7; 1 Кор 2,8-16Вие судите според телото, Јас не судам никого.

165,30.37; 8,29Но дури и да судам Јас, Мојот суд е висти­нит, зашто не сум сам, туку сме Јас и Отецот, што Ме прати.

175 Мојс 17,6; 19,15; 4 Мојс 35,30; Мт 18,16А и во вашиот Закон е напишано де­ка сведоштвото од двајца сведоци се смета за веродостојно.

185,32.37; 1 Јн 5,9Јас сум Оној што сведочи за Себе; и за Мене сведочи и Отецот, што Ме прати.“

1912,45; 14,7.9-11; 16,3Тогаш Му рекоа: „Каде е Твојот Отец?“ Исус одговори: „Вие не Ме зна­ете ниту Мене, ниту Мојот Отец; ако Ме знаевте Мене и Отецот Мој ќе го знаевте.“

207,30; Мк 12,41-43Овие зборови Исус ги кажа кај ризницата, поучувајќи во храмот; и никој не Го фати, зашто уште не беше дошол Неговиот час.

Исусовото заминување и опомената до неверните

21 7,34.36; 13,33.36; 5 Мојс 24,16; Ез 18,20; 33,12-20 Тогаш Исус повторно им рече: „Јас си одам, и ќе Ме барате и во својот грев ќе ум­рете. Каде што ќе одам Јас, вие не мо­жете да дојдете.“

227,35Јудејците, пак, рекоа: „Да не сака да се самоубие и затоа вели: каде што одам Јас, вие не можете да дојдете?“

231,10; 3,31; 17,14И им рече: „Вие сте од долу, Јас сум од горе: вие сте од овој свет, Јас не сум од овој свет.

248,28.58; 13,19; 2 Мојс 3,14-15; Ис 41,4; 43,10Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови; бидејќи, ако не по­верувате дека Јас сум Тој, ќе умрете во своите гревови.“

25Тогаш Му рекоа: „Кој си Ти?“ Исус им одговори: „Како што од почетокот и ви кажувам.

267,28; 12,49Многу имам за вас да зборувам и да судам; но Оној што Ме прати е вистинит и она што Јас го слушнав од Него, тоа и му го кажувам на светот.“

27Но не разбраа дека им говореше за Отецот.

283,14; 5,19; Мт 8,20Тогаш Исус им рече: „Кога ќе Го из­диг­нете Синот Човечки, тогаш ќе сфатите дека Јас сум и дека ништо не правам сам од Себе, туку како што Ме научи Мојот Отец, така и зборувам.

294,34; 5,30; 16,32; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; Ер 1,8Оној што Ме прати е со Мене; Оте­цот не Ме остави сам, зашто Јас секогаш го правам она што Му е угодно.“

302,23; 7,31; 10,42Кога Тој го зборуваше ова, мнозина поверуваа во Него.

Кој е навистина слободен?

31 3,11; 15,7; Дела 11,23; 2 Јн 1,9 Тогаш Исус им говореше на Јудејците, што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, на­вистина сте Мои ученици;

321,14.17; 14,6.17и ќе ја спознаете вистината, и вис­тината ќе ве ослободи.“

33Мт 3,9; Рим 4,12; 9,7; Гал 3,6-16; Евр 2,16Му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме робувале; како Ти велиш: ’Ќе бидете слободни?‘“

34Рим 6,17-19; 2 Птр 2,19; 1 Јн 3,8Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб е на гревот.

351 Мојс 21,10; 2 Мојс 21,2; 5 Мојс 15,12; Ер 2,14; Гал 4,30А робот не останува довека во домот; Синот останува довека.

36Рим 6,18-22; 2 Кор 3,17Ако, пак, Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.

375,18Знам дека сте Авраамово потомство, но сакате да Ме убиете зашто Моето слово не може да се смести во вас.

383,11; 6,45Јас го кажувам она што сум го ви­дел кај Мојот Отец; а и вие го правите она што сте го виделе кај вашиот тат­ко.“

398,33; 1 Мојс 15,6; Сир 44,20-21; Мт 3,9; Рим 4,3.18.20; Јк 2,21-24Му одговорија и рекоа: „Нашиот татко е Авраам.“ Исус им рече: „Ако бевте чеда Авраамови, де­лата Авраамови ќе ги вршевте.

40А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот Кој ви ја кажа вистината што ја чу од Бога. Авраам така не правеше.

412 Мојс 4,22; 5 Мојс 32,6; Ис 63,16; 64,7; Ер 3,1-4Вие ги вршите делата на својот татко.“ А тие Му рекоа: „Ние не сме родени од блуд; еден Отец имаме – Бог.“

4213,3; 17,8; Мал 2,10; 1 Јн 5,1Но Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Отец, тогаш ќе Ме љубевте Мене, бидејќи Јас од Бога излегов и доаѓам. Зашто не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати.

43Рим 8,7Зошто не ги разбирате Моите зборови? Затоа што не можете да ги слушате Моите поуки.

441 Мојс 3,4; Мудр 2,24; Рим 5,12; 1 Птр 5,8; 1 Јн 3,8-15; Откр 12,12Вие сте од вашиот татко, од ѓаволот; и са­ка­те да ги исполнувате похотите на вашиот татко; тој е човекоубиец од почетокот и не стои во вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, тој говори од себе, зашто е лажливец и татко на лагата.

45Гал 4,16А бидејќи Јас вистината ви ја ка­жу­вам, не Ми верувате.

462 Кор 5,21; Евр 4,15; 1 Птр 2,22; 1 Јн 3,5Кој од Вас може да Ме обвини за грев? Ако, пак, ја зборувам вистината, тогаш зошто не Ми верувате?

4718,37; 1 Јн 4,6; 5,19Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови. Затоа вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.“

484,9; 7,20; 10,20; Мк 3,22; Лк 9,52Тогаш Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли право дека Ти си Самарјанин и дека демон имаш?“

49Мал 1,6Исус им одговори: „Јас демон немам, туку Го почитувам Својот Отец, а вие Ме бесчестите.

505,41; 7,18; 1 Птр 2,23Но Јас не ја барам Својата слава; има Друг што ја бара, и што ќе суди.

515,24; 11,25-26; Лк 2,26; Евр 11,5Вистина, вистина ви велам; оној што ќе го запази Моето слово, нема да вкуси смрт довека.“

527,20; 10,20; Мк 9,1; Дела 2,29Тогаш Јудејците Му рекоа: „Сега разбравме дека демон има во Тебе. Авраам умре, исто и пророците, а Ти велиш: ’кој ќе ги запази Моите зборови, нема да види смрт довека‘!

534,12; Мт 12,41Да не си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој умре? И пророците умреа. За кого ли се сметаш Себеси?“

5413,32; 17,5Исус одговори: „Ако Јас Самиот Себе се прославувам, тогаш Мојата слава е ништожна; Оној Кој Ме прославува е Мојот Отец, за Кого вие велите дека е ваш Бог;

557,28-29; Мт 11,27но не Го познавате, а Јас Го знам. И ако кажам дека не Го познавам, ќе бидам лажливец, како вас. Но Јас Го знам и го пазам Неговото слово.

5612,41; 1 Мојс 17,17; Ез 30,3; Јоил 1,15; Мт 13,17; 1 Кор 1,8; Евр 11,13Вашиот татко Авраам се радуваше дека ќе го види Мојот ден; и го виде и се зарадува.“

57Тогаш Јудејците Му рекоа: „Уште немаш ни педесет години – а си го видел Авраам!?“

588,24; 17,5; Ис 43,13Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Уште пред да се роди Авраам, Јас сум.“

5910,31; 11,8; Лк 4,29-30Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на Него. Но Исус се сокри и излезе од хра­мот, поминувајќи меѓу нив; и така зами­на.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help