Лука 7 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Верата на еден стотник(Мт 8,5-13; Јн 4,46-54)

1Откако ги заврши сите Свои збо­рови кон народот кој слуша­ше, Исус влезе во Капернаум.

2Јн 4,47А слугата на еден стотник, кого стотникот многу го уважуваше, беше тешко бо­лен, на умирање.

3Па штом слушна за Исус, стотникот ги прати кај Него јудејските старешини, молејќи Го да дојде и да го спаси неговиот слуга.

4А тие, кога дојдоа кај Исус, усрдно Го молеа и велеа: „Достоен е да му го направиш тоа,

5Дела 10,2зашто тој го љуби нашиот народ и ни ја изгради синагогата.“

6Дела 10,23Исус тргна со нив. А кога беа веќе недалеку од куќата, стотникот прати пријатели кај Него, за да Му кажат: „Гос­поди, не труди се, зашто не сум достоен да влезеш под мојот покрив;

7затоа и себеси не се сметав достоен да дојдам кај Тебе; туку кажи само збор и мојот слуга ќе оздрави;

8зашто и јас сум човек поставен под власт, а имам и потчинети војници; па кога ќе му речам на еден од нив: ’Отиди!‘ и тој оди; на другиот: ’Дојди!‘ и тој доаѓа; и на мојот слуга: ’Направи тоа‘ – и тој прави.“

9Штом го слушна тоа, Исус се восхити и кога се заврте кон народот, што вр­ве­ше по Него, рече: „Ви велам, ниту во Из­раил не најдов толкава вера!“

10А кога испратените се вратија во куќата, го најдоа болниот слуга оздравен.

Чудото со синот на една вдовица

11Потоа отиде во еден град наречен На­ин; и со Него одеа Неговите ученици и мноштво народ.

128,42; 3 Цар 17,10-12А кога се приближи до градската порта, ете, изнесуваа мртовец, единствен син на својата мајка, која беше вдовица; и многу народ од градот одеше со неа.

137,19; 8,52; 11,39Кога Господ ја виде, се сожали на неа, па ѝ рече: „Не плачи!“

14Мт 9,25; Мк 1,31; 9,27; Дела 9,40И, пристапувајќи, се допре до но­силото; а носачите застанаа. Па рече: „Момче, тебе ти велам: стани!“

153 Цар 17,23; 4 Цар 4,36Мртовецот се подигна и седна, па почна да зборува; и Тој го предаде на мајка му.

161,68; 19,44; 3 Цар 17,17-24; 4 Цар 4,18-37; 13,20-21; Пс 110,9Тогаш сите ги обзеде страв и Го славеа Бога и велеа: „Велик пророк се јави ме­ѓу нас“ и „Бог го посети Својот народ.“

17И се разнесе овој глас за Него по цела Јудеја и по целата околина.

Пратениците на Јован Крстителот(Мт 11,2-6)

18А учениците на Јован му соопштија за сето тоа.

19Пс 117,26; Мт 23,39; Јн 6,14; 11,27; Откр 4,8Јован, пак, повика двајца од своите ученици и ги испрати кај Исус, за да прашаат: „Ти ли си Оној што треба да дојде, или друг да чекаме?“

20И кога дојдоа кај Него, луѓето Му ре­коа: „Јован Крстителот нѐ прати кај Те­бе, да прашаме: ’Ти ли си Оној што треба да дојде или друг да чекаме?‘“

21Во тој час Тој излечи мнозина од болести, и од рани, и од зли духови и на мнозина слепи им подари вид.

222,34; Ис 26,19; 29,18; 35,5-6; 42,7.18; 61,1Па одговарајќи, Исус им рече: „Одете и кажете му на Јован што видовте и што чувте: слепи прогледуваат, куци проодуваат; лепрозни се очистуваат, глуви прослушуваат, мртви воскрес­нува­ат и на сиромашните им се проповеда благовестието;

23Мт 5,3.29и блажен е оној кој не ќе се соб­лаз­ни поради Мене.“

Исус говори за Јован Крстител(Мт 11,7-11)

24А кога си отидоа учениците на Јо­ва­н, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лула од ветар?

25Но што сте излегле да видите? Чо­век ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што се во величествени облеки и живеат раскошно, по царски палати се.

26Мт 14,5Па, што сте излегле да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк.

271,76; 2 Мојс 23,20; Мал 3,1; Мк 1,2Овој е тој за кого е напишано: ’Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред Твоето лице, кој ќе го при­готви Твојот пат пред Тебе.‘

281,15Ви велам: меѓу родените од жена нема ниеден поголем пророк од Јован Крстител; но најмалиот во Божјото цар­ство е поголем од него.“

29Мт 21,32

3,7.12И целиот народ што слушаше, и даночниците, ја признаа Божјата правда, крш­те­вајќи се со Јовановото крштевање;

3010,25; 11,45-46.52а фарисеите и закониците ја от­фр­лија волјата Божја за нив и не се крстија од него.

31Мт 11,16-19„Со кого да ги спо­редам луѓето од ова поколение? И кому се слични?

32Тие личат на деца што седат во па­зарот и си довикуваат меѓу себе, ве­леј­ќи: ’Ви свиревме – не игравте; ви тажевме – не плачевте!‘

331,15; Јн 7,20; 10,20Зашто, дојде Јован Крстителот, кој ниту леб јаде ниту вино пие, а вие ве­ли­те: ’Демон има во него.‘

345,30; 15,1-2; Мт 8,20Дојде Синот Човечки, Кој јаде и пие, а вие велите: ’Еве човек јадач и ви­нопиец, пријател на даночници и грешници!‘

352,40.52; 11,31; 21,15Но мудроста се оправда преку сите свои чеда.“

Исус и жената грешница

36 11,37; 14,1 Еден од фарисеите Го покани да ја­де со него; и Тој, кога влезе во куќата на фарисејот, седна на трпеза.

37Мт 26,7И ете, една жена од градот, која бе­ше грешница, штом дозна дека Тој седи на трпеза во куќата на фарисејот, донесе сад од алабастер со миро;

38Јн 12,3па откако застана одзади при Неговите нозе, плачејќи почна да ги мие Неговите нозе со солзи и ги триеше со својата коса; и ги целиваше Неговите нозе и ги помазуваше со миро.

397,16; 24,19; Мт 21,11; Јн 4,18-19А кога го виде тоа фарисејот, што Го беше поканил, си рече во себе: „Кога Овој би бил пророк, би знаел која е и каква е оваа жена што Го допира, зашто таа е грешница.“

40Одговарајќи му, Исус рече: „Симоне, имам нешто да ти кажам.“ А тој рече: „Кажи, Учителе!“

41Исус му рече: „Некој заемодавец имаше двајца должници: едниот му дол­жеше петстотини денарии, а другиот педесет.

42Мт 18,27Но бидејќи немаа да му вратат, тој им го прости долгот на обајцата. Кажи, кој од нив повеќе ќе го љуби?“

4310,28Симон одговори и Му рече: „Мис­лам оној кому повеќе му простил.“ А Тој му рече: „Право пресуди.“

441 Мојс 18,4; 19,2; Јн 13,1-17И штом се сврте кон жената, му рече на Симон: „Ја гледаш ли оваа же­на? Влегов во твојот дом, ти ниту вода за нозете не Ми даде, а таа со солзи Ми ги обли нозете и со својата коса ги истри.

45Рим 16,16; 1 Птр 5,14Ти не ми даде целив, а таа, откако влегов, не престана да ги целива Моите нозе.

46Пс 22,5Ти со масло не ја помаза Мојата глава, а таа со миро ги помаза Моите нозе.

47Затоа ти велам: нејзе ѝ се простуваат многу гревови, зашто многу љубеше. А кому му е простено малку, тој малку љуби.“

48Мт 9,2; 26,28Нејзе, пак, ѝ рече: „Ти се простуваат гревовите!“

495,21А оние што седеа со Него на тр­пе­зата, почнаа да говорат во себе: „Кој е Овој што и гревови простува?“

5017,19; Мт 8,10; 9,22; Мк 5,34; 10,52; 1 Сол 5,13На жената пак ѝ рече: „Твојата вера те спаси; оди си во мир!“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help