1 Рим 1,16 Затоа, имајќи ја оваа служба, според милоста што ни е дадена, ние не паѓаме со духот;
21 Сол 2,4-5туку се одрековме од прикриени срамни дела, не постапуваме лукаво, ниту го изопачуваме словото Божјо, туку преку објавувањето на вистината се препорачуваме на совеста на секој човек пред Бога.
32 Сол 2,10Дури и ако е покриено нашето благовестие, тоа е покриено за оние што пропаѓаат;
4Рим 8,29; 2 Сол 2,11за оние, на кои богот од овој свет им ги заслепил нивните неверни умови, за да не ги осветли светлината на благовестието за славата на Христос, Кој е образ на Бога.
5Зашто ние не се проповедаме себеси, туку Господ Исус Христос, а себеси, заради Исус, се сметаме за ваши слуги.
63,18; 1 Мојс 1,3; Ис 9,2; Јн 8,12; Рим 3,23; Ефес 1,18; Евр 1,3; 1 Птр 2,9Зашто Бог, Кој беше рекол светлината да блесне од темнината, Тој ги озари нашите срца, за познанието на Божјата слава да свети во лицето на Исус Христос.
712,9Но таа ризница ја носиме во глинени садови, та преизобилната сила да биде од Бога, а не од нас.
81,8; 6,4-10; 7,5; 1 Кор 4,9-13Од секаде сме угнетувани, но не сме потиштени; во недоумица сме, но не губиме надеж;
91 Кор 15,31; Фил 3,10нѐ гонат, но не сме напуштени; нѐ соборуваат, но не сме уништени.
10Пс 115,1; Кол 1,24И секогаш во нашето тело ја носиме смртта на Господ Исус, та и Исусовиот живот да се открие во нашето тело.
111 Кор 15,31Зашто ние, живите, постојано сме изложувани на смрт заради Исус, та и Исусовиот живот да се открие во нашето смртно тело.
12Така, смртта дејствува во нас, а животот – во вас.
13Пс 115,4А бидејќи го имаме тој ист дух на верата, како што е напишано: „Поверував и затоа говорев“, и ние веруваме, па затоа и говориме,
14Рим 1,4; 8,11бидејќи знаеме дека Оној Кој Го воскресна Господ Исус и нас ќе нѐ воскресне преку Исус и ќе нѐ постави со вас.
151,11Зашто сѐ е заради вас, та благодатта, умножена преку мнозина, да направи да биде изобилна благодарноста, во слава на Бога.
Увереност во воскресението пред стравот од смртта16 Рим 7,22; Кол 3,9 Затоа ние не паѓаме со духот; туку, дури и ако нашиот надворешен човек се распаѓа, внатрешниот од ден на ден се обновува.
17Мт 5,11-12; Рим 8,17-18; Евр 12,11; 1 Птр 1,6Зашто нашето краткотрајно лесно страдање ни носи преумножена и преобилна вечна слава,
185,7; Рим 8,24-25; Кол 1,16; Евр 11,1.3зашто ние гледаме не кон видливото, туку кон невидливото, бидејќи видливото е времено, а невидливото – вечно.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.