Марко 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Улогата на Јован Крстител(Мт 3,1-12; Лк 3,1-18; Јн 1,19-28)

1 3,11; 5,7; 10,29; 13,10; 14,9.61-62; 15,39 Почеток на благовестието на Исус Христос, Син Божји.

22 Мојс 23,20; Мал 3,1Како што е напишано кај пророците: „Еве, Јас го испраќам пред Твоето ли­це Мојот ангел, кој ќе го под­готви Твојот пат пред Тебе.

3Ис 40,3; Јн 1,23Гласот на оној што вика во пусти­на­та: ’Подгответе го патот на Господа, исправете ги Неговите патеки.‘“

4Изреки 28,13; Мт 3,1-2; Лк 18,13-14; Дела 13,24Се појави Јован, крштевајќи во пустината и проповедајќи покајно крштевање за простување на гревовите.

53 Мојс 5,5-6; 26,40; Мт 3,6И доаѓаа кај него од целата јудејска земја и од Ерусалим, и сите се крш­те­ваа од него во реката Јордан, ис­по­ведајќи ги своите гревови.

6А Јован беше облечен во камилски влакна и појас од кожа околу својата половина, и јадеше скакулци и див мед.

7Дела 13,25Тој проповедаше, велејќи: „По мене иде Оној што е посилен од мене, Кому не сум достоен да Му се наведнам и да Му ги одврзам ремењата од обувките.

8Мт 3,11; Дела 1,5Јас ве крстив во вода, а Тој ќе ве крс­ти во Светиот Дух.“

Исусовото крштевање(Мт 3,13; Лк 3,21-22)

9А во оние денови дојде Исус од Назарет галилејски и се крсти од Јован во Јор­дан.

10Ис 11,2; 42,1; 63,11И кога излегуваше од водата, вед­наш виде како се отвораат небесата и како Духот, во вид на гулаб, слегува над Него.

119,7; 1 Мојс 22,2И се слушна глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја.“

Исусовото искушување во пустината(Мт 4,1-11; Лк 4,1-13)

12Веднаш потоа Духот Го изведе во пустината.

134,15; Зах 3,1; Јов 1,6; Јн 13,27; Рим 16,20; 1 Сол 2,18; 2 Сол 2,9И таму, во пустината, чети­ри­есет дена беше искушуван од сатаната; беше со ѕверовите и ангелите Му служеа.

Исус го проповеда благовестието во Галилеја(Мт 4,12-17; Лк 4,14-15)

14 Мт 4,12; Рим 1,1; 15,16 А потоа, откако Јован беше затворен, Исус дојде во Галилеја и го про­по­ведаше благовестието за царството Божјо,

15Мт 3,2; Гал 4,4; Ефес 1,10велејќи: „Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во благовестието.“

Повик до четирите рибари(Мт 4,18-22; Лк 5,1-3.10-11)

16 1,29; Јн 1,40-41 И, одејќи покрај Галилејското Мо­ре, Исус ги виде Симон и Ан­дреј, Симоновиот брат, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари.

17Мт 13,47-50Исус им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!“

18Мт 19,27И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.

191,29; 3,17; 10,35Па, штом отиде уште малку понатаму, ги виде Ја­ков Зеведеев и брат му Јован кои, исто така, беа во кораб и си ги крпеа мрежите;

20веднаш ги повика и нив. И тие, откако го оставија својот татко Зеведеј во коработ со наемниците, тргнаа по Него.

Исус во Капернаум(Лк 4,31-37)

21 6,2; Лк 4,16 И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата Тој влезе во синагогата и поучуваше.

226,2; 11,18; Мт 7,28-29И се чудеа на Неговата наука, зашто Тој ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.

235,2А во нивната синагога имаше еден човек со нечист дух, кој извика, велејќи:

24Мт 2,23; 8,29; Лк 4,34; Јн 6,69; Дела 3,14; 4,27.30 „Што имаш Ти со нас, Исусе На­зареецу?! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си – Божјиот Светец!“

257,36; 9,9.25; Лк 4,39.41Но Исус му заповеда, велејќи: „Замолкни и излези од него!“

26Тогаш нечистиот дух го стресе човекот и, извикувајќи со силен глас, излезе од него.

271,22; 10,24И сите се ужаснаа, така што еден со друг се прашуваа и велеа: „Какво е ова ново учење, штом со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат?“

28И веднаш се разнесе глас за Него по целиот Галилејски крај.

Излекување на Симоновата тешта(Мт 8,14-17; Лк 4,38-39)

29 13,3 Штом излегоа од синагогата, со Јаков и Јован дојдоа во куќата на Симон и Андреј.

30Јн 4,52; Дела 28,8А тештата на Симон лежеше со треска; и веднаш Му кажаа за неа.

31Тој пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа им служеше.

Исус лекува мнозина(Мт 4,24; 8,16-17; Лк 4,40-41)

32 Мт 8,16; Лк 4,40 А приквечер, кога заоѓаше сонцето, кај Него донесоа секакви болни и опседнати од демони.

33И целиот град се беше собрал пред вратата.

341,25; 3,12И Тој излечи мнозина болни што стра­даа од разни болести; истера мноштво де­мони и не им дозволуваше на демоните да зборуваат дека знаат оти Тој е Христос.

Исус во Галилеја(Мт 4,23; Лк 4,42-44)

35 Мт 14,13.23; 26,36; Лк 3,21 А следното утро, во темни зори, стана, излезе и отиде во пусто место и таму се молеше.

36А Симон и оние што беа со Него, тргнаа да Го бараат;

37Лк 8,40па, кога Го најдоа, Му рекоа: „Сите Те бараат!“

38Лк 4,43; Јн 18,37А Тој им рече: „Да појдеме до блис­ките села и градови, и таму да про­по­ве­дам, бидејќи затоа дојдов.“

39Мт 4,23И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше демони.

Исус исцелува лепрозен(Мт 8,1-4; Лк 5,12-16)

40 3 Мојс 13,45; Мт 17,14 И дојде кај Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна на колена пред Него и Му рече: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш.“

415,30; 8,2; 9,22; Мт 9,36; 18,27; Лк 7,13; 10,33; 15,20А Исус се смилува, ја испружи раката, се допре до него и му рече: „Сакам, очисти се!“

42И штом го рече тоа, се изгуби ле­п­ра­та од него, и тој се очисти;

43Мт 9,30Па го отпушти и строго му заповеда,

441,25.34; 3 Мојс 14,2-32; Лк 17,14велејќи му: „Гледај, никому ништо да не кажуваш; туку отиди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за твоето очистува­ње, како што заповедал Мојсеј, за ним да им се посведочи.“

45А тој, штом излезе, почна многу да проповеда и да разгласува за тоа, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, туку се задржуваше надвор, во оса­мени места. И доаѓаа кај Него отсекаде.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help