Лука 12 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Јавно исповедање на Синот Човечки(Мт 10,26-33)

1 Мт 16,6; Мк 8,15; 1 Кор 5,6-8; Гал 5,9 Меѓутоа, кога се насобраа илјадни­ци луѓе – така што се газеа еден со друг – Тој почна да им зборува најнапред на Своите ученици: „Пазете се од фарисејскиот квас, кој е лицеме­рие.

28,17; Мк 4,22; Ефес 5,13Нема ништо сокриено што не ќе се открие или тајно што нема да се дознае.

3Затоа, она што сте го рекле во темнина, ќе се слушне на виделина; и она што сте го ше­по­теле на уво во скришните одаи, ќе биде разгласено од покривите.

4Јн 15,14-15А вам, на Моите пријатели, ви ве­лам: не плашете се од оние што го убиваат телото и потоа не можат ништо повеќе да направат.

51,50; 23,40; Мт 3,12; 18,8-9; Евр 10,31; Јк 4,12Ќе ви покажам од кого да се пла­шите: плашете се од Оној Кој, по убивањето, има власт да фрли во пеколот; да, ви велам, од Него плашете се!

6Зар не се продаваат пет врапчиња за две асарии? И ниедно од нив не е заборавено пред Бога.

712,24; 21,18; Мт 12,12; 28,5; Дела 27,34А вам и влакната на главата ви се изброени. Па затоа, не плашете се; вие сте поскапи од многу врапчиња.

8Мт 8,20; Откр 3,5Ви велам: секој што ќе Ме признае пред луѓето и Синот Човечки ќе го признае пред Божјите ангели.

99,26; Мк 8,38; 2 Тим 2,12А кој ќе се одрече од Мене пред лу­ѓето, тој ќе биде одречен пред Божјите ангели.

1023,34; Мт 9,3; Мк 2,7; 3,22.28-29; Дела 3,17На секој што ќе каже збор против Синот Човечки, ќе му биде простено; но на оној, кој ќе похули на Светиот Дух, нема да му се прости.

1121,12-15; Дела 5,32А кога ќе ве одведат во синагогите и пред началствата и властите, не гри­жете се како ќе одговорите или што ќе кажете;

12Јн 14,26; Дела 4,8; 7,55зашто Светиот Дух ќе ве научи во истиот час што треба да кажете.“

За земното богатство

13Некој од народот Му рече: „Учи­те­ле, кажи му на мојот брат да го подели со мене наследството!“

142 Мојс 2,14; Дела 7,27.35А Тој му рече: „Човеку, кој Ме пос­тави да ви судам или да ве делам?“

151 Тим 6,9-10 Потоа им кажа: „Внимавајте! Чу­вај­те се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на не­го­виот имот.“

Парабола за алчниот богат човек

16И им кажа една парабола и рече: „На некој богат човек нивата му беше родила многу.

17И тој размислуваше во себе, велејќи: ’Што да правам, бидејќи не­мам во што да ги соберам моите плодови.‘

18Па рече – вака ќе направам: ќе ги урнам моите амбари и ќе соѕидам по­го­леми, и таму ќе го соберам сето мое жито и сите мои добра,

19Изреки 27,1; Сир 11,19; 1 Кор 15,32; Јк 4,13-15и ќе ѝ речам на мојата душа: ’Ду­шо, имаш многу добра, насобрани за многу години; успокој се, јади, пиј и ве­сели се!‘

20Пс 38,6; Проп 2,17-23; 6,2Но Бог му рече: ’Безумниче, ноќва ќе ти ја побараат твојата душа; тоа што си го приготвил, чие ќе биде?‘

2112,33; 18,22; Откр 3,17-18Така се случува со оној што собира богатство за себе, а не се богати во Бо­га.“

Имај доверба во Бога!(Мт 6,25-34)

22 Дела 4,34-35 Па им рече на Своите ученици: „За­тоа ви велам: не грижете се за својот живот, што ќе јадете, ниту за телото, што ќе облечете.

233,11; Мт 5,3Зашто душата е поважна од храната, и телото – од облеката.

2412,7; Пс 146,9; Јов 38,41; Мт 10,31Погледнете ги гавраните! Тие ниту сеат, ниту жнеат! И немаат скривница, ниту амбар и Бог ги храни; а колку сте поскапи вие од птиците?

25А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?

2616,10; 19,17И така, ако ниту најмалото нешто не можете да го направите, зошто се гри­жите за друго?

273 Цар 10,4-7Погледнете ги криновите како растат! Ни се трудат, ниту предат; но ви велам дека ниту Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив.

28Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, тогаш колку ли повеќе ќе ве облече вас, маловерни!?

29Па затоа и вие, не барајте што ќе ја­дете или што ќе пиете; и не се за­гри­жу­вајте!

30Мт 6,8Сето тоа го бараат незнабошците на овој свет; а вашиот Отец знае дека тоа ви е потребно.

31Кол 3,1Туку барајте го царството Божјо и сѐ ова ќе ви се придаде!

Ризниците на Небото(Мт 6,19-21)

32 Ис 40,11; 49,9-10; Ез 34; Дан 7,27; Мк 14,27; 16,6; Јн 10,1-16.27; 21,15-17 Не плаши се, мало стадо! Зашто вашиот Отец благоволи да ви го даде царството.

33Мт 19,21Продајте ги вашите имоти и да­вајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, неисцрпно богатство на небо­то, каде крадец не се прибли­жува и кое молец не го јаде;

34зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе ви биде и срцето.

За слугите што секогаш бдеат(Мт 24,43-44)

35 2 Мојс 12,11; 3 Цар 18,46; 4 Цар 4,29; Ис 32,11; Ер 1,17; Јов 38,3; Изреки 31,17; Мт 25,1.7; Ефес 6,14; 1 Птр 1,13 Половината нека ви биде пре­па­ша­на и светилата – запалени!

36Мт 25,6; Мк 13,35-37А вие бидете подобни на луѓето што го чекаат својот господар да се вра­ти од свадба, за да му отворат веднаш штом ќе дојде и почука.

3717,7-8; 21,36; 22,27; Мт 5,3; Јн 13,4-5Блажени се оние слуги што господарот ќе ги за­те­че будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се препаша и ќе ги натера да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.

38А ако дојде и на втора или на трета стража и ги затекне така, блажени се тие слуги!

39Мт 24,43-44; 1 Сол 5,2; 2 Птр 3,10Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би останал буден и не би доз­волил да му провалат во куќата.

40Мт 10,23Затоа и вие бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“

За верниот и неверниот слуга(Мт 24,45-51)

41А Петар Му рече: „Господи, за нас ли ја кажуваш оваа парабола или за си­те?“

4216,1.3.8; Пс 103,27; 1 Кор 4,1-2Тогаш Господ рече: „Кој е тој верен и мудар настојник, кого неговиот господар го поставил над своите слуги, за да им ја дава потребната храна навре­ме?

436,20Блажен е тој слуга што неговиот господар, кога ќе дојде, ќе го најде дека постапува така!

44Мт 25,21.23Вистина ви велам дека него ќе го постави над целиот свој имот.

45Ако, пак, тој слуга си рече во своето срце: ’Мојот господар уште долго време нема да дојде!‘, па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде и да пие и да се опи­ва,

46господарот на тој слуга ќе дојде во ден кога тој не го очекува и во час што не го знае, па ќе го расече на две и ќе му даде удел со неверните.

474 Мојс 15,27-30; 5 Мојс 25,2-3

Мт 6,10; Јк 4,17 А оној слуга кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил, ниту постапил според неговата волја, ќе биде многу тепан.

48Кој, пак, не знаел, но направил нешто што заслужува тепање, ќе биде малку тепан. На секој што му е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е доверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.

Зошто е дојден Исус?(Мт 10,34-36)

49 Ис 66,15-16; Мал 3,19; Мт 3,11; Дела 2,3.19 Дојдов да фрлам оган на земјата и колку би сакал да се беше веќе разгорел.

509,22; Мк 10,38-39; 2 Птр 3,6-7Но Јас треба да се крстам со крштение и колку Ми е тешко додека не се изврши тоа.

511,79; 2,14; Ер 6,14; Ез 13,10.16Мислите ли дека сум дошол да да­дам мир на земјата? Не, ви велам, туку разделеност.

522,34Зашто отсега, петмина во една ис­та куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца.

5321,16; Мих 7,6; Агеј 2,22; Мал 3,24 Ќе се разделат татко против син и син против татко; мајка против ќерка и ќерка против мајка; свекрва против својата снаа и снаа против својата свекрва.“

Разбирање на сегашното време(Мт 16,2-3)

54А на народот му рече: „Кога гледа­те дека се крева облак од запад, веднаш велите: ’Ќе врне дожд!‘ И тоа се слу­чу­ва.

55А кога дува јужниот ветар, велите: ’Ќе биде горештина!‘ Па така и бива.

56Лицемери, изгледот на земјата и на небото знаете како да го распознавате, а ова време зар не умеете да го рас­поз­навате?

Спогоди се со својот обвинител!(Мт 5,25-26)

57Зошто самите вие не судите што е праведно?

58Кога, пак, одиш со противникот пред власта, потруди се уште по патот да се измириш со него, за да не те предаде на судијата, а судијата на извршителот и извршителот да те фрли в затвор.

59Ти велам, оттаму нема да излезеш, сѐ додека не ја дадеш и последната лепта.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help