1 Коринтјаните 5 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Разврат во црквата

1 3 Мојс 18,8 Насекаде се слуша дека кај вас има блуд и тоа таков блуд каков што не се спомнува ниту кај незнабошците, односно дека некој е со жената на својот татко.

2А вие наместо да тагувате, та да го исфрлите од вашата средина оној што го направил тоа дело, уште и сте се возгордеале.

3Мт 18,18-20; 2 Кор 13,10

Кол 2,5Јас, пак, иако со телото не сум кај вас, туку само со духот, веќе го осудив, ка­ко да сум меѓу вас, оној што го направил тоа.

4Кога во името на нашиот Господ Исус Христос ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,

51 Тим 1,20предајте го на сатаната, за по­гу­бување на неговото тело, та неговиот дух да се спаси во денот на Гос­под Исус.

6Вашето фалење не е добро. Зар не зна­ете дека малку квас го потквасува целото тесто?

72 Мојс 12,19.21; 13,7Затоа, исчистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; зашто Христос, нашата Пасха, беше жртвувана за нас.

8Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со бесквасни лебови во чистота и вистина.

92 Сол 3,14Во писмото ви пишав да не се мешате со блудници,

10Рим 1,29-31но не општо со блудниците од овој свет, или со ненаситници, или со грабливци, или со идолопоклоници, заш­то, инаку, би требало да излезете од светот.

116,9-10Но сега ви напишав да не се мешате со оној кој се нарекува брат, а е блудник, или ненаситник, или идолопоклоник, или клеветник, или пијаница, или грабливец; со таков дури и да не јадете.

12Кол 4,5; 1 Сол 4,12Зошто јас да ги судам надворешните? Зар не ги судите вие внатрешните?

135 Мојс 17,7Надворешните, пак, ќе ги суди Бог. А вие исфрлете го лошиот меѓу вас.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help