1 Рим 13,1; 1 Тим 2,2; 1 Птр 2,13 Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни и спремни за секое добро дело,
2Фил 4,5; 1 Сол 3,12никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат љубезни, покажувајќи совршена кроткост кон сите луѓе.
3Рим 1,29; 3,21-26; 1 Кор 6,11; Ефес 2,5; 5,8Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на похоти и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни и се мразевме еден со друг.
41,3; 2,10.11Но кога се објави добрината и човекољубието на Бога, нашиот Спасител,
5Јн 3,3.5.8; Ефес 2,8-9; 5,26; 2 Тим 1,9Тој нѐ спаси, но не пореди праведните дела што ги бевме извршиле, туку според Својата милост, преку бањата на преродувањето и обновувањето од Светиот Дух,
6Јоил 2,28-29; Дела 2,4Кого изобилно Го излеа на нас преку Исус Христос, нашиот Спасител,
7Рим 3,24; 8,17.24та оправдани со Неговата благодат да станеме, според надевањето, наследници на вечниот живот.
81 Тим 1,15Веродостојно е ова слово; и сакам да го потврдуваш тоа, та оние што поверувале во Бога да се грижат и да предничат во добри дела. Тоа е полезно и добро за луѓето.
91 Тим 1,4; 2 Тим 2,14.16.23А избегнувај ги глупавите распрашувања, родословија, препирки и кавги за Законот, зашто тие се бесплодни и празни.
10Мт 18,15-17Човекот кој прави раздори предупреди го еднаш и двапати, а потоа оттргни се од него,
11знаејќи дека таквиот се изопачил, греши и се самоосудил.
Последни препораки12 Дела 20,4 Кога ќе го пратам кај тебе Артем или Тихик, потруди се да дојдеш кај мене во Никопол, зашто решив таму да презимам.
13Дела 18,24Погрижи се да ги приготвиш за пат законикот Зина и Аполос, за да не им недостасува ништо.
14Но и нашите нека се учат да предничат во добри дела каде што има неодложна потреба, за да не бидат бесплодни.
15Те поздравуваат сите што се со мене. Поздрави ги оние кои нѐ љубат во верата. Благодатта нека биде со сите вас. Амин!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.