2 Солуњаните 3 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поттик на молитва и работа

1 Пс 147,4; Ефес 6,19; Кол 4,3; 1 Сол 5,25 Најпосле, браќа, молете се за нас, та словото Господово да се шири и да се слави, исто како и кај вас,

2и да се избавиме од опаки и злобни луѓе, бидејќи немаат сите вера.

3Мт 6,13; 1 Кор 1,9; 1 Сол 5,22.24; Евр 10,23; 1 Јн 2,14Но верен е Господ Кој ќе ве утврди и запази од лукавиот.

42 Кор 7,15-16; Гал 5,10Ние сме уверени за вас во Господа, де­ка го вршите и дека ќе го вршите она што ви го заповедаме.

5А Господ нека ги упати вашите срца право кон Божјата љубов и кон Христовото трпение!

62,15; 3,14; Мт 18,17; Рим 16,17; 1 Кор 5,9.11; 1 Сол 5,14Ви заповедаме, браќа, во името на нашиот Господ Исус Христос, да се оттргнете од секој брат кој живее не­уредно, а не според преданието што го добивте од нас!

71 Сол 1,6Зашто сами знаете како треба да нѐ подражавате, бидејќи ние не живеевме неуредно кај вас,

8Мт 6,11; Дела 18,3ниту, пак, бесплатно јадевме нечиј леб, туку со труд и мака работевме де­ње и ноќе, за да не обременуваме никого од вас.

9Мт 10,10; 1 Кор 4,16И не поради тоа што немавме власт, туку за самите да дадеме пример, та да нѐ подражавате.

10Зашто и кога бевме меѓу вас ви го за­поведавме ова: кој не сака да работи, тој нека и не јаде.

113,6; 1 Тим 5,13Но слушаме дека некои од вас жи­веат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи.

121 Мојс 3,19На таквите им заповедаме и ги охрабрубаме преку нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да го јадат својот леб.

13Гал 6,9А вам, браќа, да не ви здосади да правите добро.

143,6; 1 Кор 5,5.9-11Ако некој не го послуша нашето слово од ова послание, обележете го и не дружете се со него, за да се посрами;

15Мт 18,15-18; 2 Кор 2,7; Гал 6,1; 1 Сол 5,14но не сметајте го за непријател, ту­ку вразумувајте го како брат.

Благослов и поздрав

16 Рута 2,4; Рим 15,33; 1 Сол 5,23 А Самиот Господ на мирот нека ви да­де мир секогаш и на секој начин! Господ нека биде со сите вас!

172,2; 1 Кор 16,21; Гал 6,11Своерачен поздрав од мене, Павле; што е обележје во секое мое послание; јас пи­шу­вам така.

18Рим 16,20; 1 Сол 5,28Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help