1 (Мк 14,53-65; Лк 22,54-55.63-71; Јн 18,13-14.19-24)
57 26,3; Лк 3,2; Јн 11,49; Дела 4,6 А оние што Го беа фатиле Исус, Го одведоа кај првосвештеникот Кајафа, каде што беа собрани книжниците и старешините.
58Петар, пак, одеше по Него оддалеку, до дворот на првосвештеникот; и влезе внатре, па седна со поданицте за да го види крајот.
59А првосвештениците и старешините и целиот Синедрион бараа лажно сведоштво против Исус, за да Го погубат
603 Цар 21,10; Пс 26,12; Дела 6,13и не најдоа; и, макар што пристапија многу лажни сведоци, не најдоа. Но најпосле дојдоа двајца лажни сведоци
6124,2-3; 27,40; Јн 2,19; Дела 6,14и рекоа: „Овој кажа: ’Можам да го урнам Божјиот храм и за три дена да го соѕидам.‘“
62Тогаш првосвештеникот стана и Му рече: „Ништо ли не одговараш? Што сведочат овие против Тебе?“
634,3; 14,33; 27,12.14; Ис 53,7Но Исус молчеше. А првосвештеникот Му рече: „Те заколнувам во живиот Бог да ни кажеш: Ти ли си Христос, Синот Божји?“
648,20; 22,44; Пс 110,1; Дан 7,13; Евр 1,3Исус му одговори: „Ти рече! Но Јас ви велам:
отсега ќе Го гледате Синот Човечки
како седи оддесно на Силата
и како доаѓа на небесните облаци.“
65 3 Мојс 24,16 4 Мојс 14,6; 2 Цар 13,19; Ер 36,24; 1 Езд 9,3 Тогаш првосвештеникот ја раскина својата облека и рече: „Овој богохули! Каква потреба имаме веќе од сведоци? Ете, сега го чувте Неговото хулење!
66Ер 26,11; Дела 2,23Што мислите?“ А тие одговорија: „Заслужува смрт!“
67Лк 22,64
27,30; Ис 50,6; 52,14Тогаш Го плукаа в лице и Го тепаа, а други Го удираа по образите,68и говореа: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?“
Петровото одрекување(Мк 14,66-72; Лк 22,56-62; Јн 18,15-18.25-27)69А Петар седеше надвор во дворот. И му пријде една слугинка и му рече: „И ти беше со Исус Галилеецот!“
70Но тој одрече пред сите, велејќи: „Не знам што зборуваш!“
712,23А кога одеше кон вратата, го виде друга и им рече на оние што беа таму: „И овој беше со Исус Назареецот!“
72И повторно одрече со заклетва: „Не Го познавам Човекот!“
73А малку потоа пристапија оние што стоеја таму и му рекоа на Петар: „Навистина, и ти си од нив, зашто и говорот те издава!“
74Јн 13,38Тогаш тој почна да се колне и заколнува: „Не Го познавам Човекот!“ И веднаш запеа петел.
7526,34; Лк 22,34; Јн 13,38И Петар се сети на Исусовите зборови: „Уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ Па излезе надвор и горко плачеше.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.