3 Јован 1 - Нов превод на Новиот Завет 2023(MAK2023)

Поздрав

1 2 Јн 1,1 Од презвитерот до возљубениот Гај, кого го љубам во вистината.

2Возљубен, се молам да бидеш здрав и во сѐ да ти биде добро, како што ѝ е добро на твојата душа.

Пофалба за добродетелството

3 Фил 1,5; 1 Јн 3,19 Зашто многу се зарадував кога дојдоа бра­ќата и посведочија за твојата вистина – односно како ти одиш во вистината.

42 Јн 1,4За мене нема поголема радост од тоа – да слушнам дека моите чеда одат во вистината.

5Мт 10,41-42Возљубен, ти постапуваш верно во сето она што го правиш за браќата и придојдените.

6Рим 15,24; Тит 3,13Тие ја посведочија твојата љубов пред црквата. Добро ќе направиш ако ги испратиш како што прилега пред Бога.

7Бидејќи заради Неговото име трг­наа, не земајќи ништо од незна­бошците.

8Мт 18,5; Рим 12,13; Евр 13,2; 1 Птр 4,9Затоа, ние сме должни да ги примаме таквите, за да станеме сотрудници на вистината.

Властољубието на Диотреф

9 Мт 20,27; Фил 2,3 Јас ѝ напишав на црк­вата, но Диотреф, кој сака да биде прв меѓу нив, не нѐ прима.

101 Кор 4,18-21; 1 Птр 5,3Затоа, ако дојдам, ќе му напомнам за делата што ги прави, напаѓајќи нѐ со лоши зборови; и тоа не му е до­волно, туку браќата и сам не ги прима, а им забранува и на оние што сакаат да ги примаат и ги гони од Цр­к­вата.

111 Птр 3,11; 1 Јн 3,6Возљубен, не угледувај се на зло­то, туку на доброто. Кој прави добро, од Бог е; а кој прави зло, не Го видел Бо­га.

12Изреки 22,1; Јн 19,35; 21,24; 1 Птр 2,12; 1 Јн 5,6За Димитриј посведочија сите, па и самата вистина; а сведочиме и ние; а вие знаете дека нашето сведоштво е вистинито.

Завршни поздрави

13 2 Јн 1,12 Многу имав да ти пишувам, но не сакав да ти напишам со мастило и перо,

14зашто се надевам дека наскоро ќе те видам, и дека ќе позборуваме лице в ли­це.

15Мир на тебе! Те поздравуваат прија­телите. Поздрави ги пријателите по име. Амин!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help